Ти благодарам. Неодамна се доселив овде и малку германскиот не ми е добар па неможев на вести да разберам. Фала ти
Да не видев на инста Дани во Теди дека била немаше да отидам да проверам Се е отворено кај нас и бутици Само што излегов од Теди: без термин, потполнуваш име презиме целосна адреса телефонски број и час и датум и смееш да се задржиш само 15 минути Многу убаво ми дојде ама толку ми пројде меракот и не ми се влага на друго место Во еден бутик пишуваше со термин ама мислам дека ако е слободно и нема никој би можел да влезе човек одма, ме мрзи да пробувам И како и секогаш најтешко им е на продавачките кога некој се расправа зошто мора да потполни пет работи и бунење 15 минути, а за тоа време ќе си пазареа, викаат ама ние тука живееме во градот, па зошто број, зошто адреса и на крај си отидоа. А и покрај се прашаа дали ако влезат денес па утре пак утре пак ќе мора истото да го потполнат и одговорот беше да
Баш вчера сакав да пишам добро е и што пасош не бараат и еве сега во Њу Јоркер само со пасош, па мм влезе, а јас чекам бидејќи по навика не носам пасош (додека не ме казнат изгледа па ќе носам после нон стоп). Ако е некој позитивен, додека да не најдат се надевам ќе има поминато 10 дена, инаку нз дали во карантин ќе треба. Ама колку само попусти има дури и од 40 евра на само 3 евра во ХиМ. Ова не се пропушта.
А во c&a има екстра попуст од 70% , ама кај нас за жал ништо нема тоа прв ден се разграбано овие индијците со штандер од c&a се рашртуваат по продавницата и ставаат се што ќе им дојде дорака . Јад вчера брз термин влегов во Action и Woolworth, земав тоа што ми требаше и толку , утре може да се провери Kik ,Tedi и Mister Lady и таму има 70% попуст пред да затворат преубави работи земав од Mister Lady.
Кај мене уште ништо не е отворено, бројките се ептен високи. На една пријателка што работи во Модепарк Ротер и кажале ако сака со фамилијата може да влезе да си купи нешто, се било за џабе пари. Мене фармерки очајно ми требаат, па вчера порачав 5 пара од Заландо, ќе видам што ќе стигне.
@gjoker4e зошто да те казнат дека не носеш пасош со тебе? Ни кај мене не е отворено, а баш се радував дека Теди ќе отвори, има еден ќуп, го гледам може 2 месеци на излогот, некни со душа го чекав мм да одиме да го купиме и цврц затворено. Инаку Рофу е отворено, бевме некни, ама само за бебиња и деца до 2-3 години, отворен им е делот само за бебиња, креветчиња за спиење, киндерваген, друго се е затворено со трака, нема пристап до играчките. Инаку, имаше полиција пред Рофу и буквално на секој еден го застануваа со кола и плус казни им лепаа. Носете маска секаде, ги видовме и со цивилна кола беа.
Не сум сигурна ама би требало така да е. И во Мк се казнува ако немаш личен документ за идентификација. Па веројатно дека не можат да те идентификуваат не знам. Ќе видам интернетот што вика. Вика до 5 000 евра казна. А Мк мислам 600 денари дека е. Не мож сега детално да прочитам после. Често застануваат и по улица нели
@gjoker4e да да, плус секоја 2 кола ја застануваат и ја отстрануваат на паркинг, дури едни двајца се караа со полицијата.
Вие во Гер немате лични карти или било каков документ ? Б Ние овде имаме лични карти плус тесери за доктор, личната карта секогаш со себе во новчаник ја носам, било кој да ме застане лична карта бара. Пасоши НЕ, таман работа да носам со мене во продавница пасош, па во Англија нема лични карти ама пасоши не се носат со себе. Пасош за граница се знае и за полиција во екстремни случаи. Баш ме зачуди. Јас никаде не носам пасош 14 год. Ниту некој ми побарал. Чудно ми падна само.
Офентал носам со себе секаде и кога ќе ми побараат го давам него, инаку ми се случи еднаш на железничка во франкфурт да ни бараат документи. Мм ја извади Бг лична карта а јас офенталот и ништо не ни кажаа само прашаа и ги видоа и толку. Сабајле во кик случај имаше една жена не носеше со нејзе ништо за легитимација и ја врати назад , барем здравствена да дадеше ќе ја пуштеа но до толку да нр носиш ништо ми е баш чудно.
Се носи личен документ за идентификација. Јас имам македонски пасош и виза. Во мојот случај мора да ги носам со мене мак пасош и визата. Лична карта немам, македонската е за во Мк. Германците нормално може да носат лична карта. Каква е твојата лична карта? И мене ме немаат сопрено, ама затоа мм е најсопиран. Кога е со мене или кога сме сите тројца не го сопираат ама сам обавезно, таков лик има. Се случува човек вози велосипед и да го сопрат, секогаш мора да се носи документ за идентификација. Да, пасошот е за преку граница, ама кога нема друг документ како мене тогаш пасошот. Да не мислиш на визата на лична карта или имаш италијанско државјанство? Во мојов случај џабе и пасош да носам ако не ја носам визата.
Имам Италјанска лична карта, мислев дали има и во германија? Оти во англија знам дека нема па документ таму им е возачка - како лична карта. Имавме матичен број на лист хартија само. Овде имам матичен број и лична карта (картичка пластифицирана) исто и за на лекар имаме пластифицирана. Е во англија немаше. Немате личен матичен број? Пасош не носам со мене, носам во случај ако одам за словенија ако има полиција на граница случајно, онака не. Само лична карта. Во 14 год никој не ми побарал пасош. Освен на граница. Кај вас можеби е другчие, затоа прашав. Јас сум со бугарски пасош сега за сега, македонски тоа во македонија. Тука сум со бугарски документи. Порано кога немав бугарски имав карта како тебе аме сепак не ја носев со мене. Служи за упис во школо лекар општина граница... зборот ми е имаме матичен број и пластифицирана карта односно лична карта... со неа може и смее и преку граница.
со оваа може слободно освен кога одиш во банка за нешто посериозно знаат да го бараат пасошот, како мрнр што ми го бараа кога сакав да отворам сметка во банка морав и пасош инаку не, до сега сум немала проблем за ништо.
Не сфатив. Сигурно е нешто поразлично. Ќе пише некој ако знае. Ама како лична карта без италијански пасош? Значи поразлично е од македонска лична карта и македонски пасош, така? Ама очигледно нема. Мм има бг пасош, нема германска лична карта. Имаме идентификационен број ама тој не го бара полиција. Добро сега сфатив ама не сум знаела дека постои италијанска лична карта, ќе прогуглам во слободно време.
@gjoker4e дека си со виза затоа пасош, до сега прв пат слушам, сака да им кажам на свекор и свекрва они се со виза, јас имам офентал, мм има бг пасош и лична карта. Кажувајте во кој град сте сакам во теди да одам