Случајно ве прочитав. Јас сум во Грција и имам грчка лична карта/residence permit исто е, стои датум од кога до кога важи со сите мои лични податоци, а немам грчки пасош. Слична или иста како таа погоре на сликата. @gjoker4e распрашајсе женска, за да не влечеш пасош плус виза со тебе. Знам првата година кога дојдов визата ми беше као лична идентификација ама онолкав лист беше, плус пасош секогаш носев со себе и јас. После првата година, даваш отпечаток од прст за биометриски документ кој трае 5 год, сега тоа пластичното ми стои во новчаник и гајле неам. Кај и да е ќе треба да ја продолжувам.
Да, за ваква зборувам. Електронска лична карта, иста како во македонија и низ цел свет нема разлика. Пасош се носи нормално во сите институции и така натаму. За на улица НЕ. Такво е моето искуство што пишав погоре. Мислам дека еу и германија треба да е исто. Ама сепак вие најдобро си знаете како е ми падна чудно па прашав само
@gjoker4e немаш ваква картичка? Иначе и мене така тетка на мм ми рече морам пасош и ја послушав па го уништив со средство за дезинфекција на раце ( немаше корона ама носев у ташна) па после казна плаќав во мк што сум го уништила. Од тогаш не го носам. Пологично ми е Aufenthalt картичката да ја носам на неа имам и адреса овдешна. Мм носи хрватска лична карта и возачката е исто документ што може да послужи за идентификација. Што вика витамина и здравствената имаш основни информации. Не ме сопрело полиција Иначе до сега па да ми барале документи. На каса еднаш ми побараа кога плаќав со картичка дадов Aufenthalt и немаше никаков проблем.
Може нема пластифицирана туку онаа како зелена што е привремена некои имаат такви за оваа се доплаќа малку повеќе.на возачката исто.ги има сите информации така да јас од кога земав офентал картичка мм ми рече ова кај и да одиш со тебе да е. На ваква мислам
Ее @vitamina ти имаш италијанска лична карта, после колку време престој ја доби? Во Германија после 8 година можеш да аплицираш за лична карта и пасош.
Леле исти и овие како италјанските лични карти овие се старите и плус се поефтини ама кај нас веќе ги укинаа, се купуваат од книжара во општина се пополнуваат и ти удираат печат од опшѕина и потпис. Исти бе Нема сомнеж дека исто се фунционира и таму @gjoker4e ако веќе германија поседува вакви лични карти зошто не земеш? Што вика @Chantal тоа ми беше првично зборот дека пасош не се носи насекаде, пасошот е од огромна важност за секакви институција и запишување на истата, за граница, нема поента са го носиме во ташна за во парк или маркет. Јас пасош како што кажав носам само на граница и во институција при прв упис. Толку. Милион пати не застанале не барале пасош. Само лична карта документ италјански де. Поентата ми беше што веле шантал ќе ти се посипе насипе нароси со нешто во чанта па после ќе се сликаш. Не за џабе постојат и други документи од голема важност при едно секое. Пасошот за разлика е од огромна важност, документ кој важи за одредени мислам најважни фундаментални установи, или граница нормално.
Јас дојдов тинејџер, ама штом наполнив 18 земав. Инаку одма можеш да земеш секако ако имаш чиста документација тука. Работа, адреса, чист да си. После се средено даваат веднаш. Прашањето ми беше зошто таму не? Потоа тути кажа дека уствари имало лични карти, а зошто веднаш не ви даваат?? Или некој има или нема, од што зависи тоа? И во англија нема никакви лични карти... ама баш никакви ниту за англичаните...
Да се надополнам, овде прв пат даваш пасош секаде, еден пат даден пасошот еве колку пати се селевме никој не ми побара пасош за нови адреси и за здраство нон стоп со лична карта сум буквално секаде. Никаде ми немаат побарано пасош. Освен за прв пвдешен упис за примарни услуги. Сега сметам дека размислувајки по вас многу подобро е да имаш лична карта. Електронска. Мене ми земаа отпечатоци од прсти и се тоа. Баш документ е, исто како пасошот тинбараат од отпечатоци до прашање "дали би дарувал органи".
Residence Permit цела Европа даваат, исто ти е како лична карта и во детали се разликува. Јас пасош не носам со мене никогаш, само residence permit и единствено за некои документи вадење ми го бараа пасошот и за отварање на сметка во банка оти морало документ со кој поминуваш граници. После идентификација редовно само со residence permit. И граница на излез на државата кога поминувам обавезно и двата документи, после само пасош свој.
@vitamina и на мене ми земаа и на малиот отпечатоци од прст баш убаво памтам за електронските картички, јас се потпишав син ми не дека е мал.
Не стои таму адресата. Мене во овие 8 год никој не ми побарал л.к или било што за идентификација.Инаку престојот си го носам нон стоп и копија од пасошот, како и мелдебешајнигунг(лист со адреса на живеење). Имам од овој старомодниот престој без чип.Кога одам во некои институции нормално пасошот го носам.Кога исто кажаа за короната да се носи документ за идентификација го носев пасошот еден месец и толку.Носам и возачка дозвола и таму немам адреса.
Мене ми стои назад во Remarks. Инаку колку што прогуглав сега, стандардизирана е дозволата низ ЕУ, а веројатно кој што сака си пише во Remarks. На некои видов германски висина пише, јас таков податок немам.
Еве кај мене вака има: Презиме Име Важност до Каде е издадена и кога е издадена Број на пасош важноста до кога му е , картичката офентал до кога ми е важна (5г). Мој потпис. Позади стои родена каде и кога, Пол висина и боја на очи. Улица на живеење во германија. Мојата р иста ваква како на сликата само што го пишува бр на пасош
Кај мене број на пасош нема, имам на кој основ ми е издадена и која ми е адреса, кој орган ја издал, кој ми е тукашен идентификационен број. Кај секој различно кај мене чипот не е видлив, ама се осеќа дека е таму. За изглед ништо немам. Ни висина ни боја на очи.
Ете модерни картички и чипирани има и адреса.Мојот и на ќерка ми нема адреса, ама има бр на пасош и важност.Ако се преселите ќе мора да го мењате .Моиве штедат знаат ние овде сиромаси сме.