Јас кога се селев ми залепија ливче врз старата адреса со нова адреса. Сега треба да ја менувам кога ќе ми истече пасошот.
Овде личните карти на нас се исти апсолутно како на италјанците, пасош не бараат ниту на нас ниту на нив. Може има "белег" на личната карта дека немам пасош, нормално е тоа. Но у глобала се исти и иста им е важноста. Овде ни во банка го немам носено пасошот. Леле може едвај на едно место да го имам носено а може и не, бидејки сум во европска унија, иначе тоа картата за престој секаде ја бараат а кога си со еу документи не им треба пасош само ит лична карта. Ниесме вака и ради тоа дека сите сме коплет еу. Па процедурите се други.
Ако пластичнава картичка е лична карта тогаш да точно е се што кажуваш. Не треба пасош, треба само лична карта. Затоа се исправив, личен документ за идентификација било каков. Ама на пример мм има бг пасош и во општина не спомнаа воопшто за ваква пластична картичка (ќе ја викам за почеток) за него, туку само за мене и дете. Затоа мм носи пасош ние пасош и ауфентхал Обавезно ќе се јавам во општина да прашам и ќе видиме како ќе се вика пластифициранава картичка.
Лична карта е бе мила Исто ко во мк ит гер.... Не е пластична картичка Штом имаат членки значи имате, е сега треба да видиш, може даваат под некои услови поим неам како е. Тука кај нас веднаш штом си на чисто со државата и стануваш нејзин жител .
Мт има еу документи и затоа нр му треба офентал картица. Иначе во општина кога ве е пријавил за адреса и спојување на семејство е носел пасош оти мора иначе. Еве и мм не носи пасош а со бг документи е и само носи лична карта бг со него веќе 9 години.
По таа логика и витамина е со бг пасош и не и треба лична карта ит. Значи сепак има нешто поразлично од офентал картица германска до лична карта италијанска...
Најверојатно е различно џокерче, тука ние имаме лични карти без разлика дали сме италјанци европјани или од трета држава со зелена карта. Сите имаме лични карти, значи "картичкава" е лична карта, штом доаѓаш овде, работиш, автоматски одиш во својата општина се пријавуваш со сите документи и врз основ на договор за работа правиш резиденца односно адреса, за некоја недела ти ја праќаат личната карта претходно си ја плаќаш секако. Сакам да кажам, еве во англија на пример не постојат лични карти, може и во германија е така, јас за италија зборувам дека фунцуонираме преку лични карти без разлика на државјанство, италјанците имаат и работат со лични карти, врз таа основа. Исто имаме и тесери за доктор, здраство. Така беше уште пред 14 год кога дојдов така е и сега. Пасошот не ти го бараат, освен прв пат за средување на документи, односно кога одиш во општина за адреса прв пат, за здраство не го бараат, и за училиште градинка прв упис. Толку. Еве маж ми вадеше потврда за неосудуваност и таму го носеше. Значи строго за сериозни документи. Колку пати и имам речено "ви треба пасош" велат, Не, само ит лична карта. И моето дете има лична карта и матичен број. Сите имаме. Мислам дека со самата наша лична карта на комјутер се гледа пасошот наш, извод и се тоа е внесено комјутерски. Зборот ми е дека најверојатно германија не фунционира така, во тој случај си носиш документи, ако решиш да користиш карта и пасош подобро заштити ги да не ги упропастиш случајно во ташна. Башка да кажам и јас во англија не носев ништо со мене освен бг лична карта. Маж возачка. Ама па таму нема полиција имаш матичен број на лист, не сум го носела, ниту пасош не сум носела ниту некогаш некаде ми побарале освен за овој матичниот број. И така. Ние имаме лични карти исто како во македонија и бугарија што имаме лични карти. Значи јас имам бугарска лична карта и италјанска. Македонска немам оти ја загубив Овде врз лична карта се фунционира, од потврди во пошта до здраство и училиште . Ваљда во германија не е исто.
. Das wäre z. B. kein Tortenguss auf dem Kuchen, kein „Frosting“ auf den Muffins. Der Kuchen muss durchgebacken sein und darf kein Cremekuchen sein. Am besten wäre es, wenn sie einen gekauften und eingepackten Kuchen oder Muffins mitbringen. Роденден во градинка за време на корона.
Пишале од градов дека сите термини 2100 термини за вакцина со Астра Зенека оваа недела се откажуваат, а 900 веќе ја примиле. Па накнадно ќе се одлучи дали истите тие може да се вакцинираат со нови вакцини од Астра Зенека или како можност им останува Биотех (така нешто не ја запомнив оваа).
Пријатели беа во Србија да се вакцинираат и се вратија во неделата вакцинирани со две дози -кинеска вакцина и со негативен прц тест и сепак останува да седат 10 дена карантин дури им рекле дека не може тест после 5 ти ден па да излезат порано од карантин дека Србија била високоризична. Значи џабе вакцини карантин мора.
За влез у германија треба и тест и карантин. Џабе вакцини кога немаат никаква улога сега за сега плус ниту привилегија ако имаш вакцина . Мораш да трпиш исто како о невакцинираните. Тест карантин и се по ред.
Да не дејствува вакцината после определен период или од прв ден е заштитен вакцинираниот? Немам ич познавање па само ова ми текна.
Незнам точно, знам дека со една доза не си заштитен, а за две дози примени незнам како е Овие да одма после втората вакцина си тргнале навака. Може и тоа има врска со карантинот.
На нет пишува дека се уште нема доволно докази дека вакцинираниот со две дози не може да ги инфицира другите и ако јас имам две дози, а маж ми без вакцина се инфицира, јас сепак треба во карантин 14 дена. Тоа успеав да најдам сега. За вака вратени од странство не пишува ништо ама сепак има малку логика иако и малку комично е. Значи се уште се испитува вакцината, до сега на животни сега се сврте тркалото па на луѓето.
Отпосле скапирав дека сум јс утнал темата Мислев во темата за Македонија е Сори, моја грешка, знам за Германија
Ме интересира дали може во Србија да се вакцинира,т.е да си купиш вакцина? Такви муабети слушнав. Настрана оние што се вакцинираат ,а имаат српски пасоши.