Поради ограничувањата на дискусија за и околу актуелната тема, за корона вирусот, во темата за мајки во Германија, ја отворив оваа тема. Сите дискусии околу оваа тема да ги продолжиме тука.
Јас мислев од денес само супермаркетите, банка, бензинска, аптека ќе работат. Сега мм се јави во медиа маркет морал да купува нешто, било отворено, се снабдил со што требало.
Мм е во близина на Минхен, во помало гратче. Од денес освен маркети друго не работи. Но, она што загрижува е тоа што вика тука сите си кулираат, маска, ракавици непознат поим. Сообраќај исто гужва ко порано. Бројот на заболени се повеќе расте. Он среќа работи во село во една куќа па нема контакти. Али ете германци му викале ние не веруваме во корона
Исто и кај нас...не знам кој работодавец ќе ослободи некого толку недели или пак со опцијата неплатен одмор како ќе минат многу фамилии. Некои луѓе се стварно во тесно ставени.
Најверојатно исто како Италија не сфаќаат озбилно... и кога ке дојде ептен страшно ке е веќе касно. Како што гледам само денеска 2000 нови има. А таа бројка ке расте се повеќе доколку нема строги мерки...
Кај нас освен продавниците што се празни,не приметувам промена. Баш во местово има доста и 80+ луѓе,без гајле си се собираат шетаат заедно,пазарат,мајки со деца па дури и бебиња и со се нив по продавници Во гратчево нема многу заболени моментално,околу 5-6 се,ама сепак... Важно тоалетна,брашно и квасец имаат,а останатото ништо не се почитува.
Ние сме во БадХерсфелд мало гратче .. сите ресторани продавници работата со скратено работно време.. маркетите сее празнииии .. по улици нема жив човек.. катастрофа.
Не напоменав, нашава градинка продолжува да работи за деца чии родители работат работа која мора да се извршува, како медицински лица, полиција и сл. На 11ти април планиравме преселба. Што мислите, можи нешто да имаме проблем. Јас си викам да не ни откажи превозот...
Ова го имам како линк ако си од BW за другите покраини не знам. https://sozialministerium.baden-wue...sschutz-hygiene/informationen-zu-coronavirus/
Кај нас се е затворено освен маркети, аптеки и пошта. Дури и шпилплац затворено се изнадив има табла и со црвени ленти. По улица жив човек нема. Во маркет исто нема никој. Во маркет, аптека и пошта посебни правила. Смее максимум 5тина, внатре ленти не смееш да се доближиш до песоналот на 1.5 метар мора. Полиција кружи цело време. Среќа што се уште смее надвор да се излегува. Кај мене на работа наместо до 22:00 ќе работиме до 20:00. Тоа важи за март па од април ќе сме виделе. Среќа во несреќа е што ќе земам цела плата. Се надевам дека нема да е плус со бакшиш (корона вирус). Нелогично е зошто се уште работиме бидејќи жив човек нема. Стоиме како будали ама ај. Повеќе трошок отколку корист. До сега задоволна сум од мерките. Полека, но сигурно. Народот се уште е несовесен и не верувам дека ќе се освести. Убедена сум дека и да забранат од дома да се излегува ќе наоѓаат начини за да се соберат дома кај некого. По еден полицаец кај секој дома па да се почитуваат правила инаку нема шанси. И ептен чудно најчудно ми е што во нашиов град нема ниеден заболен. Значи не е можно. Во сите градови што не опкружуваат има само тука нема. Си велам можеби се некои што не одат по лекари и се лечат дома. Немаме посебен воздух тука па до толку околу нас заболени, а тука ниеден, а ние сме на средина. Сега ја видов мапата погоре. Значи можно е да има ама ги пријавуваат под поголемиот град. Ептен мал процент значи. Е кога ќе се зголеми тогаш ќе ни дојде малку од малку памет.
Јас сабајле бев на работа, имам мини џоб, улиците беа празни, ама во маркетите беше полно, купуваат глупости, цвеќиња бе, еве сега им дошло цвеќиња да садат. Брашно, тоалет... нема никаде, а овошје и зеленчук полно. И сите што ги видов надвор беа стари, баш она стари, си се шетат, мака немаат, а мене ми е страв детето низ маало да го прошетам. Не е ништо зорт до толку, да мора нон стоп да се оди по маркети, нека си седат дома. Мало гратче близу Штудгарт ова
Amazon Се беше распродадени, само од овој имаше Штотуку видов во корпата на амазон од нарачката, не е веќе достапен...
Друго што сакав да кажам е дека ми стигна мејл од градинката дека треба да се плати и за март и за април. Дека нема да бидат одбиени тие 50 евра за јадење што се кои се одбиваат ако детето не оди во градинка последователно четири недели. А тие што не можат да работат поради затворањето на градинката не добиваат плата. Нема логика. Плата немаш, а градинка, кирија и се останато мораш да платиш. И пишува ако не се плати до 5ти април за април ќе следува казна. Ќе разберев ако кажеа пола сума за март и пола за април. Тогаш е фер. А нагласено е дека нема да се вратат тие 50 евра за храна. И на крај типично германско ќе ти го начука и ве молиме за вашето разбирање, останете здрави и ви посакуваме се најдобро. Колешка во понеделникот се врати од одмор од ризична земја. Има број за пријавување? Треба да се пријави? Па уште се смее вчера прв ден и беше после одморот вика и сега демек треба во изолација да седам 14 дена... Ми идеше да ја задавам. Не знам дали е добро да се пријави? Кога ќе и го видат пасошот се гледа кај била нели со датум со се? Во понеделникот се врати. Како може самите шефови да ја примат на работа?