1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Софијанова се закани на новинар откако ѝ покажа документ дека земала 3000 евра месечно

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Feminka22, 14 октомври 2022.

  1. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.419
    Муабетот е дека мораат некако да ја исплатат за да ја задржат. Основна плата не може да и е толку, и затоа се настанува “дупка во законот”. Кај живеете свесни сте? Ни ја испокрадоа државата, милијарди на сметки, вие за 3илјадите евра на Софијанова се фативте, што и се и повеќе од заслужени. Родител де нема пожалено од неа.
    Сега кога ќе си отиде сигурно ќе процвета клиниката од пари што нема да има кој да краде.. :f::f:ама наивни сте, се палите на провокации и плукате по се што не треба, а во меѓувреме целта е задоволена:)
     
    На elimkd, oblace1, Orchidea и 5 други им се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.698
    Пол:
    Женски
    Софијанова сигурно ќе отиде приватно, будала е тука да седи каде што не ја ценат. Новиов рамковен сигурно многу " по поштен ќе биде" може и без пари ќе работи. Само недај боже да му затреба некој докторкава за дете бубрег ќе треба да даде за да го лечи на приватно.
     
    На Tanjamm, elimkd, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Со оставката што си ја поднесеше правдата не е задоволена, треба да седни на обвинителна клупа да одговара за стореното и да го врати тоа што неосновано го присвоила.
    Тек тогаш ќе речам дека е правдата задоволена.

    За народ што вика ако краде врвен доктор е немам зборови навистина.

    За Македончето и ова е малку треба да го ољупат уште повеќе.
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Така бе... не е светица.
    'Малку' кради, ама нема врска.

    И така 120.000 луѓе сите по 'малку' крадат, за на крај да е вака како што е.
    Ама не е сташно, оти по 'малку' крадат.

    Нека си биди ко шо е.
    Најубо ни е да ојме по институции со 'поклончиња'

    не бе, не... (facepalm)
    не
     
    На buba4e89, Bezimenka90, FridaodaMk и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Ало ако е најдобар детски доктор не значи дека треба да краде.
    За стручноста никој не и оспорува не 3.000 евра заслужува и многу повеќе но не на таков начин.

    Наместо тоа да организираше едно народно движење за правда и слободи верувај многу народ можеше да привлече, еве ова како пример што се можеше.
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Не знат шо е народно движење.

    Сорос очи истера да не научи на граѓански активизам, овие ко зомбија ја спроведуваа пропагандата на нивните лидери и се обидуваа да го девалвираат на секој можен начин.

    Затоа и ден денес никој појма нема од граѓански активизам.
    Сите чекат партија да им каже за шо да се бунат, за шо не.

    Зомбија.
     
    На Luciferka и violetblue им се допаѓа ова.
  7. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.419
    А на каков начин? Еве сега во приватно којзнае колку ќе зима. Тоа е начинот?
    Пак ќе кажам, основната плата не може да и е толку, не е крадење туку договор, мора некако да ја исплатат. Секаде го има тоа, од министерства, до болници. Си пишуваат дополнителни часови. Вреди и повеќе од 3000евра. Не знам кој нормален со нејзината стручност и знаење би работел за помалце.
    Да знаеш какви луѓе крадат по “повеќе”…алал нека и се парите. Еве сега новиот директор нема да краде, за 500че ќе работи, ќе има пари за клиниката, happy ending, така?
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.446
    Допаѓања:
    120.737
    Пол:
    Женски
  9. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    12.260
    Пол:
    Женски
    Некако теоријата дека ќе постават албанци ви пропадна во вода(fingers)
     
    На Luciferka, Mikha4, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  10. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    12.260
    Пол:
    Женски
    Тука не се работи за основната плата, се работи за дежурствата на кои наводно не била присутна, а и биле исплатени. Тоа е проблемот, не е проблем колку плата зема ако тоа си по закон. Проблем е што си пишуваат дежурства на кои не се присутни, а тоа е кривично дело. Ако се случи нешто не дај боже, а пишува дека е дежурна, а не е присутна знаеш дека во друга држава ќе остани тој доктор без лиценца? И пак ќе кажам стручноста никој не и ја оспорува туку дилемата е дали прекршила закон или не.
     
    На Luciferka, cresa-jagoda, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Абе никој не треба да кради.
    А ако некој кради, треба да е казнет.
    За шо имаме закони?
    За украс?

    Е толку е просто.
     
    На Luciferka и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  12. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.419
    Оу wait, wait.. и министер беше Филипче, па со уште незавршен мандат го замени Беким. А не па за директор…. Ќе дадат оставки поради х причини наскоро, ни први ни последни.
    А и не е ни битно, тоа што е битно е дека квалитетен доктор булвално го бркаме.
    Да живееме во нормална држава, тие три илјади немаше да треба да ги “краде” и нелегално да и се исплатат. Таков доктор вреди мнооооогу повеќе. Ама бидејќи не живееме, мора да се прилагодуваме.
    Не ве разбирам, одлучете се што сакате.
    1. Плачете дека немаме квалитетни доктори и дека нема кој да ве лечи.
    2. Плачете дека немате пари за приватно здравство.
    2. Не ги поддржувате докторите за поголеми плати, така што тие што ги бива не остануваат тука.
    3. Кога некој сепак ќе остане, го плукате затоа што зимал 3000евра плата, и кога и тој ќе го избркате кругот пак се врти-нема кој да ве лечи.
    Па доктор, просечен, е СРАМОТА испод 2000да зима, а оние надпросечните како Софијанова-тродупло. На ваков или таков начин. Во врска со држурствата, се договараат меѓусебно, не се оставени без дежурство.
    Дај молим те…кои закони? Не знам кога ќе сфатите дека никој ништо не ви должи, сами треба да се изборите. Да имаме закони, регуларно ќе зимаше и многу повеќе.
     
    На simoncelicius и VDT2906 им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Па нека има закони де.
    Или поарно ти е секој со секого да решава проблеми?
    Кој со ќотек, кој со мито...


    Ебате државата корумпирана!
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.419
    Епа еве, има закони-оставка доби. И кој губи со “почитување на законите”( селективно де, за кој како)? Јас губам, ти губиш…
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Сите губиме.

    Затоа, по трет пат ќе прашам:

    За што имаме закони, кога никој не ги почитува?
     
    На Luciferka, buba4e89 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  16. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    12.260
    Пол:
    Женски
    @Directioner005 Пак ќе ти потенцирам никој не оспорува плата, докторите нека земаат и 5000 евра, јасно е регулирано како се прават пресметки и сите по тие пресметки земаат плата. Некој ако е добар доктор не му дава за право да прави криминал. Што останува ако угледна и стручна личност како неа си го дозволи ова? И ако се сеќаваш и претходно рекламираше некој производ, имаше соопштение дека тоа е против законско за доктор да прави реклама, али јбг та е Софијанова па ќе и прогледаме низ прсти. Ако е така секој на своја рака нека си пиши дежурства дека е добар доктор ќе му опростиме така? Ако е добар доктор нека кради ама знајш спасил животи. И пак те прашувам ако на нејзино дежурство каде не била присутна, а е пишана дека е се случи нешто? Кој ќе сноси одговорност?
     
    На La Stilla, violetblue, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Баш тоа.

    И јас сметам дека платите на докторите, па и на сите, се многу ниски.
    Не им се исплати за тие пари да работат.
    Буквално.

    Ама тоа не оправдува крадење.
    Според закон крадење, е крадење.

    Кога ќе почнат да се спроведуваат сите закони-еднакво за сите, поинаку ќе биди се'.
    Мора да се одвикнеме од 'мали врски', оти колку си погоре, се поголеми стануваат врските и се поголема е штетата која ја правиме.

    Практично им даваме алиби на високите функциониери, да не дрпаат колку можат.
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.419
    Те сфаќам, ама рибата смрди од главата, а не од опашката. Со оставката на Софијанова повеќе штета се направи, таква “ситна риба” не е голем залак. Таа штета е на наш грб, тие што и ја дадоа оставката имааат пари за приватно. Кога ќе ги решиме “големите”, дури тогаш е време за малите. Работава ко тој со ќебапите, лежи затвор за 100денари, додека некој “легално” има 100милиони на сметка. Да, криминал е и тоа и тоа, ама не е исто.
    Да си чесен во денешно време, не можеш да се прехраниш. Ако не се снајдеш-на улица ќе останеш. Тие што ги “диктираат” законите ич мува не ги лази!
    Ти пишав за дежурствата, она ќе сноси правна одговорност, ама има “замена” додека е она пишана на дежурство.
    Кажи ми, кој е начинот?
    Она им вика јас за толку пари колку што ми следуваат не работам, не сум на исто ниво со сите останати. Ако ги подигнат тие критериуми за сите, ќе треба на сите 3000евра да им исплаќаат. Ако не и дадат колку што бара ќе замине во приватно. Ајде објасни ми, како ќе задржиш таков стручњак?
     
  19. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.602
    Допаѓања:
    17.533
    Пол:
    Женски
    Извини имаш лично искуство со Софијанова?
     
  20. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.419
    Приватно не ја познавам, искуство имам уште одамна(не лично, ама за многу блиска личност) Само пофални зборови, стручна, полна знаење и разбирање, човек пред се.