Софијанова се закани на новинар откако ѝ покажа документ дека земала 3000 евра месечно

Discussion in 'Политика и настани' started by Feminka22, Oct 14, 2022.

  1. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Joined:
    Oct 25, 2018
    Messages:
    3,797
    Likes Received:
    9,181
    Gender:
    Female
    Вака малце имате претстава колку зема еден доктор плата? Зема мизерија!!!! А спасува животи и работи ко коњ. Работи со човечки животи. !!!!!
    И ке се најде некој ко новинарчево и ке ми продава басни,ај жити се....
     
  2. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Joined:
    Dec 10, 2012
    Messages:
    764
    Likes Received:
    2,420
    Софијанова е таков врвен стручњак што мене и ме чуди како работи за 5илјади евра. Несомнено најдобар педијатар кај нас а и подалеку. Наместо да сме среќни што ја имаме, што е дел од државното здравство, што вашите деца ќе ги лечи( не дај боже да има потреба), ние по се и секого плукаме.
    Верувам дека не била на дежурствата, ама како на друг начин да ја исплатат? Во приватно здравство ако премине х5 ќе зима, за надвор од МК да не збориме..
    Нека се позанимава малце новинарчево со неговите пријателчиња, и дај не веќе не бидете прости да ве манипулираат, и не се палете на се и сешто, целта е и повеќе од јасна.
     
  3. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Joined:
    Aug 4, 2017
    Messages:
    4,334
    Likes Received:
    19,762
    Gender:
    Female
    Што не се кренавте вака кога се обелоденија како оние у влада кркаат бивтеци, морски плодови, фстсци од наши пари, а од нив никаква корист немаме ( освен што не осиромашуваат се повеќе и повеќе), што земаат патни трошоци од по 15.000 илјади евра ко со чартер лет да идат на работа. Што не се побувивте на оние од рамковен што со години земаат плата седат дома или социјално, а мерцедес возат. На некој друг за 200 денари на сметка ќе му го укинат и тие 2000/ 3000 денари што ги зема. Што не пишавте за онаа што идела на работа 2/3 пати месечно и 1000 евра плата. Некој ќе се убива за 18.000 илјади и празник и делник. Кога се обелодени тоа Албанските политичари одма се кренаа да ги шитат, а ние очи ќе си извадиме меѓу себе. Ајде се што чини и тоа да го избркаме од државава и некој со купена диплома да не лечи. Земала толку плата и нека зема, сите доктори што вредат овде, а се малку и дупло нека земат од тоа од нив бар имаме корист, с од оние што станаа ко крмаци гнетејќи од наши пари немаме никаква корист.
     
    tanjita, Victorian, busybee and 14 others like this.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,308
    Likes Received:
    259,446
    И докторката ќе ја испадат од Државна. Ќе си отиде во Систина па ќе нема ниеден добар доктор на Клиника. Ќе нема кој да ги лечи децата, како што нема возрасните. Многу и било. Секако за таков доктор многу. Оние безмозочните, неписмени што седат во парламент зимаат повеќе, ама чекај проблем е што Софијанова зимала.
    Врвен доктор.
     
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Joined:
    Oct 25, 2012
    Messages:
    8,031
    Likes Received:
    48,361
    Gender:
    Female
    А уствари што лежи позади сето ова? Сакаат да ја тргнат од позиција?
    И како така вакви приватни работи од професионален аспект така лесно се обелоденуваат
     
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,635
    Likes Received:
    9,172
    Gender:
    Female
    Ѝ јас би се изнервирала искрено. Новинарот се најавил за да зборува на сосема десетта тема, со договор и пресметки на плата кој треба да се деловна тајна (тој што му ги дал да се најде и да се санкционира), барајќи отчет за фактот дека некој за својата работа зима плата. Софијанова станува нервозна бидејќи сфаќа дека е изиграна. И многу фино му кажа, МОРАМ да работам јер имам кредити (јас го сфатив тоа во смисла, не, ќе лижам патлаци ко тебе за пари). Да не е тажно, ќе беше смешно. За математиките на некои луѓе кои се благо речено неточни, дежурство или додатна работа се пресметува врз основа на основната плата/дневница, така што некој што зема 2 илјади евра плата сосема е можно да стигне и до толку пари за дежурства, особено што дежурства на празници, ноќни дежурства и смени се плаќаат многу повеќе. Зошто да е невообичаено доктор со толку години стаж да зема толку плата, стварно не сте ми јасни. Па еден програмер без скоро ич искуство зема толку, што "создава" скоро па непотребни игрици. Требаше новинарот да почне од неговите пријатели во контрола на летање или колешката негова новинарка што ќе градеше кариера дипломатска. Таму каде што има што да се истражува, немам против, ама ова е у крајна линија дегутантно.
     
    mimiiiii, Victorian, busybee and 7 others like this.
  7. cooll

    cooll Популарен член

    Joined:
    Apr 25, 2010
    Messages:
    3,131
    Likes Received:
    11,022
    Gender:
    Female
    :worried: Грозно и страшно. Не знам како не им е страв да работат после како доктори. Би ме изела грижа на совест ако направам грешка. Ова е позагрижувачко од платата од Софијанова која ја има заслужено (се надевам не зема мито од пациентите).
     
  8. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Joined:
    Aug 4, 2017
    Messages:
    4,334
    Likes Received:
    19,762
    Gender:
    Female
    Да ја смент и да стават некој рамковен, тоа им е целта. Сами очи си вадиме, други користат.
     
    Серотин, st-el, Осе and 6 others like this.
  9. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2018
    Messages:
    1,899
    Likes Received:
    6,268
    Па Цули со сите функции што ги има посебно како професор ги вади тие кадри, директно е заслужна за состојбите во здравството. Ако е цело време дежурна на клиниката кога има време да биде и професор, и директор, и во комисија и во триста асоцијации и одбори, пазете сѐ се тоа државни функции, што не е физички можно еден човек да ги тера сите во исто време.
    Зошто не се дава шанси на други доктори? Може она заслужува но зошто не заслужуваат и другите доктори туку сите бегаат настрана?
     
    cresa-jagoda and Stressed Out like this.
  10. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Joined:
    Aug 21, 2022
    Messages:
    942
    Likes Received:
    3,381
    Се фатил за Софијанова, па таа цела болница ја држи.
    И не е чудно и да зема толкава плата, си ја заслужува за разлика од многу други како оние што цел живот се на државна цицка а не се појавуваат на работа.

    Друга работа и најважно што износот е БРУТО плата, значи платата е помала и во глобала не е нешто многу висока во споредба со другите доктори од универзитетските клиники и клиничкиот центар кои не земаат нешто многу помалку од нејзе.

    Смешно е што секогаш тенденциозни се неговите прилози, точно насочени и секогаш со намера. Среќа такво ни е државичево па клето македонче за секоја мамка се фаќа без да размисли, а ваквите како него биднуваат звезди.

    Абе еден не излезе да се пожали досега од односот и третманот на докторката (како што на пример имаше за Жан Митрев), туку само пофални зборови имам слушнато.Дури и иако беше од опозицијата ,не ја сменија си продолжи жената да работи, се најде новинаречево да јаде трици за нејзе..
    Пу.:puke:
     
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Joined:
    Jan 29, 2011
    Messages:
    3,694
    Likes Received:
    8,645
    Gender:
    Female
    Па искрено и треба тоа да го направи на паметњаковичиве наши.
    Па да им наплати по 4000, 5000 денари за половина саат консултација во приватна клиника. Ама немој да се кука после како е скапо.
    Жалосно е само што се работи за детски животи. Тој што нема, ни крив ни должен ќе мора да се влече по полуписмени лекари со купени дипломи.....

    Ене гледам коментари како и биле веѓите средени, полна со филери а ние сме и ги плаќале кредитите. Како некој со 18 000 не може да помине месец а она шетала секаде....
    Со толку глупав народ како што сме ние не е ни чудо што државава ни е до овде стигната.


    Не знам дали се сеќавате на младиот дечко што го оставиле пред некоја скопска клиника да лежи на клупа со црп 140, докторката му ја заклучила вратата и не му дозволила да влезе.
    Зошто никој не се заинтересира за тој однос доктор - пациент? И таа докторка си земала плата од дежурство, била на работно место ама заклучена и не примила пациент во лоша здравствена сосотојба.
    Каде е тука одговорноста? Каде се новинариве да ја прочешлаат таа докторка? Или не е она директорка па може да прави што сака?

    И btw знаете вие што значи да се дежура на интензивен оддел?
    Имате некогаш влезено на интензивна?
    Имате појма кој стрес е само да се биде ви таква просторија?
    И пак сега ќе се најде некој да каже да ама она за тоа учела. Да учела и научила и си ја работи работата. До сега не сум слушнала некој да се пожали од неа дека била непрофесионална или дека не се грижи за своите пациенти.
     
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,308
    Likes Received:
    259,446
    Влези кај трудниците и ќе видеш дека ретко која оди во Државна на прегледи и пораѓај. За нормален третман, оти тоа добиваат во приватните, се плаќаат големи суми на пари. Останатите кои немаат, ќе бараат врски или ќе се молат да поминат добро по државните болници.
    Фали Цули да избега, која е врвен доктор на интензивна на Клиника. Изгледа народот врска нема што значи тоа. Се работи за многу битен оддел и се работи за деца. Ако треба и ќе зима и 5 илјади евра плата.
    Такви доктори како нејзе на Државна веќе се малку и треба по секоја цена да се задржат, па макар и да се платат повеќе.
    Ама глуп народ, тоа е.
     
    mimiiiii, Victorian, Tanjamm and 2 others like this.
  13. Pax

    Pax Истакнат член

    Joined:
    Jul 21, 2022
    Messages:
    148
    Likes Received:
    815
    Gender:
    Female
    Луѓе никој не и ја оспорува професионалноста, оспорена е нелогичната пресметка на плата. Еве да е грешно изготвена, докторкава божем не знае законски колкава плата и следи?

    Друг момент држат монопол убаво спомна и детално дообјасни @Mikha4 погоре. На тие работни места кои ги држи, а факт е дека е невозможно секаде 100% да е посветена и да дава максимум од себе, кога би се вработиле еве и докторите кои ги обучувала многу не би се одлевале во странство.
    Ама нели само таа има кредити за кои заработува, ама прашањето е дали чесно го прави тоа? Според пресметката не ми делува дека е така.
    Неоспорно е дека е професионслец и таа и такви од нејзин калибар заслужуваат високи примања, ама нека е се тоа чесно и регуларно, а не наштимано.

    Сепак спомнав без конкретни докази од новинаров дали била на дежурства или не, се се сведува на шпекулации и сензационалистичко новинарство. Новинарство само за прегледи и лајкови.
     
    Fraxinus and Mikha4 like this.
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Joined:
    Jan 29, 2011
    Messages:
    3,694
    Likes Received:
    8,645
    Gender:
    Female
    Абе па тое е поентата.
    Што нема докази дека не била на дежурства кои и се платени. А народот се крена да ја напаѓа и вреѓа.
    Нека изнесат доказ па ке ја напаѓаме дека земала незаработени пари.


    Инаку фино ти и членот што го имаш означено сте нашле решение за кризава со недостаток од медицински персонал.
    Смета Софијанова што држи толку позиции, таман кога ќе се тргне, ќе им отвори места на докторите и ќе престанат да бегаат во странство. (facepalm)
    Браво како го смисливте ова.


    Искрено жената и дупло од ова што велат дека земала треба да зема со оглед на одговорноста која ја има и компетентноста и професионалноста како ја води работата.
    Дали и пишале 160 часа ефективна работа и 24 часа дежурства или 360 часа дежурства ич не ме боли.
    Заслужила и повеќе, ако ништо друго што уште се држи до државните клиники место да зема пет пати поголема плата во приватна болница.
     
    Last edited: Oct 15, 2022
    VDT2906 likes this.
  15. Pax

    Pax Истакнат член

    Joined:
    Jul 21, 2022
    Messages:
    148
    Likes Received:
    815
    Gender:
    Female
    Паматни сме, поточно првично членкава е попаметна.
    Јас дека малку помалку паметна на туркање палам, па само се надоврзав на нејзиново мислење.:D

    За другово за кое си пишала јас уште во првиот мој коментар на темава пишав без докази џабе е се. Иако откако ја видов пресметкава на платата тука ми стана јасно за што се закачил новинаров.

    Исто така беше спомнато дека докторкава рекла дежура од Словенија, еве и јас се запрашувам какво е тоа дежурање? Се знае како се дежура и каде, законски, вака телефонски може да е надворешен соработник или консултант на повик или нешто такво.
    Многу сомнителна ситуација, ама ај попаметни и понадлежни од нас сезнајниве експерти на фемина|( нека се позанимаваат да ја разрешат.
     
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2018
    Messages:
    1,899
    Likes Received:
    6,268
    Нека докаже де, и слободно нека го тужи новинаров за клевета. Ќе добие секако ако е невина.

    Она треба си оди скоро секако зошто е за во пензија, а нас ќе нѝ останат нејзините студенти, оние на кои им предава дури е дежурна :?:
     
    Stressed Out, Feminka22 and Angie1432 like this.
  17. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Joined:
    Jan 29, 2011
    Messages:
    3,694
    Likes Received:
    8,645
    Gender:
    Female
    Дечки ако немате врска со медицина и ако не знаете како функционираат докторите можеме до утре да се убедуваме.
    Исто вака и Чадиковски го нападнаа кога промовираше 5г мрежа затоа што ќе му е од помош при вршење на должноста.
    Па имаше коментари а докторе вие преку 5г мрежа ли оперирате (facepalm)

    Ама добро, македончиња во секое поле експрети.
     
  18. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2018
    Messages:
    1,899
    Likes Received:
    6,268
    Да не се збунат само, оти докторите кои лечеа ковид по телефон не чинеа.
     
    Pax likes this.
  19. Pax

    Pax Истакнат член

    Joined:
    Jul 21, 2022
    Messages:
    148
    Likes Received:
    815
    Gender:
    Female
    Ај за твој раат ете јас и членкава поима немаме од се што си навела ти сезнајната и со широки познавања од области за кои ние сме табула раса според тебе.:D
    Сега можеш мирно да си заспиеш.

    Јас не разбирам како не разбирате професионалноста, знаењата, искуството... никој не и го оспорува.
    Секаде пишав заслужила, заработила чесно нека и се даде уште повеќе неа и на сите други од нејзин калибар, а не според партиска директива и држење монопол додека круната не и ја извадат.
     
    Mikha4 likes this.
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Joined:
    Jan 29, 2011
    Messages:
    3,694
    Likes Received:
    8,645
    Gender:
    Female
    Не знам што толку се навреди со тоа што пишав ако немате допирна точка со медицина и здравство ќе се објаснуваме до утре.

    И од напишаново не те разбрав што точно сакаш да кажеш.
    Добра докторка е, заслужува толкава плата, треба да зема и поголема ама нека биде тоа чесно и според закон ама нема доказ дека е незаконски земена толакава плата???

    Искрено што ти менува тебе дали она имала 160 или 260 саати работни? Ако платата што ја добива ја добива затоа што ја заслужила со стручноста.