Софијанова се закани на новинар откако ѝ покажа документ дека земала 3000 евра месечно

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Feminka22, 14 октомври 2022.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ти или не знаеш што е истражувачко новинарство, или не им ја пратиш работата. И не е нивна обврска да имаат сториите разврска туку на институциите кои се дел од криминалот кој го откриваат.

    Едит: да те поправам, тоа не се приказни туку настани и дејствија поткрепени со анализи и докази кои патем сите се објавени на нивниот сајт. Исто и за Код, ако си гледала, секогаш има наведено извор за она што го објавуваат. Не се будали да ги тужат.
     
    На Srckata28, Fraxinus, FridaodaMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.561
    Допаѓања:
    5.622
    Пол:
    Женски
    Тоа е проблемот со нашиот менталитет, секогаш наоѓаме оправдување за се и сешто. Била добра докторка, па што дека крадела?! За секоја ситуација било да е во полето на политиката, здравството, образованието... за секој еден откриен криминалец ние знаеме да кажеме АМА. Какво АМА??? Треба да мижеме пред криминалот затоа што некој си ја брка добро својата работа? Ај ако не ќе и простиме затоа што била посветена на работата. Едното не го оправдува другото и точка. Па ако смета дека докторите се недоволно ценети и има функција и моќ тоа да го смени, што го полни само нејзиниот џеп? Други доктори што си ја бркаат работата нема? Или кој како ќе се снајде? И не се сомневам дека е политички удар и сум за тоа сите до еден да се разоткријат. Нека има милиони вакви удари може ќе се свести овој заспан народ.
    Каде се другите новинари? Нема други случаи, се решивме?
     
    На Bezimenka90, Fraxinus, La Stilla и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Им ја пратам работата. Код е на нивото на Кочишки на времето на А1 во однос на истражувачките капацитети. Разврска не подразбира судска одлука, туку разврска во смисла дајте да видиме пет години од сега што се случува со сториите кои ги објавувале тогаш, проток на време мора да се прати.
    И нема потреба да ме исправаш, именката приказна има повеќе значења, меѓу кое и "прикажување" за нешто што не е продукт на фантазија, туку е реално претставено. Ете пишав сторија, иако не е македонски збор.
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.599
    Допаѓања:
    121.631
    Пол:
    Женски
    Софијанова е стручњак не вели никој тоа ама!!! Да дојдеш до неа знаете колку е тешко? И скапо?? Ајде ве молам малку реални бидете. И не не треба да биди тајна платата зашто е на државно здравство и е плаќана од буџет!! Да е во приватна ако сака нека биде и 15 000 евра плтена, ама за државно богами ќе си дава отчет.
     
    На Fraxinus, FridaodaMk, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Сите функции на Софијанова:

    • именувана за ВД Директор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести, Скопје во март 2012 година и ова функција сè уште ја извршува.
    • Член е на комисијата за Имунизација при Министерството за здравство на РМ.
    • Учествува во подготовката на Акциониот план за безбедно мајчинство при Влада на РМ.
    • Член е на второстепената комисија за здравство на Фондот за здравствено осигурување на РМ.
    • Член е на комисијата за изработка и дополнување на закон, изработка на подзаконски акт за Пресадување на ткива и органи на РМ.
    • Пратеник во владата од редовите на вмро цирка 2014 година
    За сите овие функции посебно членови на одбори, накнадата е просечно околу 1000 евра месечно за секоја, за директорувањето е повеќе секако.

    На сите овие обврски престигнува и суплементи да продава:
    https://m.mkd.mk/makedonija/politik...a-da-odgovori-dali-d-r-aspazija-sofijanova-gi

    https://makfax.com.mk/makedonija/op...-komisijata-i-da-se-povlecam-od-taa-funkcija/
    Погодете што, сеуште е член.

    https://ohridsky.com/честитка-за-партијата-на-али-ахмети-од/
    Да ѝ веруваме ли? Јас не, како член на влашката заедница, не морала да нѐ меша за да му лиже г'з на али.

    Како пратеник имала законска обврска да пополни анкетен лист, ама од многу обврски не стигнала, а комисијата како и обично дреме.
    https://www.dksk.org.mk/imoti_2/det...arch=254&ime=&prezime=&funkcija=&institucija=
     
    На Pax му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.141
    Допаѓања:
    257.935
    Нашла начин да си наплати за стручноста и работата.
    За жал, не сме во позиција да тераме правда оти ќе си оди од Државна. И да, не смее да си отиде. Нема доктори, а деца се во прашање. Затоа што сака нека е, нашето здравство не е во позиција со Цули да се расправа.
     
    На VDT2906 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  7. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Нажалост можам да констатирам само колку си во право.
    Имам големо претчувство дека и овој случај ќе се сведе на тоа, уште еден случај без правна разврска.
    Зошто и како претчувствувам наведов во почетниве коментари всушност за што станува збор. Каде што политика и партии измешале прсти, а особено нечиј или нечии интереси секогаш правдата била и останала селективна, а новинарското перо, особено од истражувачките новинари, по таа аналогија затупено и присилно замолчано.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Треба да се испита докторката, но и однесувањето на новинарот, кое ако добро се исчита кодексот, и тој прави сензации, и тој не се однесува во согласност со кодексот. Да се види со докторката, што е, како е.

    Требало новинарот да ја извести жената за што ја бара, а не да се надвикува со неа, да провоцира, и плус и наредува самиот да вратела снимки од камери, да видел тој. Тој е новинар, не е обвинител.

    Ако мислите дека нешто бог знае што е истражено, не е, туку некој кој очигледно има нешто против докторката, го контактирал новинарот, му објаснил што е како е, му дал документи.

    Истиот новинар претходно упадна во Комунална нели, и колку што видов тогаш беше во шорцеви до колена(за влез во институции има дрес код, не знам како влегол, не е тоа штала), и плус се кара со жената, ја снима без дозвола со телефон, се пуштија во живо на ФБ, нели беше така? Тоа новинарство е или реалити шоу?Утре за жената имаше кривична, му го земала телефонот. И што бранеа тогаш, тие што не оделе на работа, ама ги откачиле? Тоа ли е коректно? На што личи тоа? Истиот новинар коментираше судски пресуди, а не е судија. Дури и Цуфи Кока го правдаше кој пукаше во сред Скопје, а нели тој Цуфи доби 3-4 пати пониска казна од законски пропишаното? Проверете ќе видите. Мислам дека беше така.

    Во земјава морам да ве разочарам, но вистинско истражувачко нема, и никој не работи за да на вас „ви ја открие вистината“, туку некаде попат се скршнува од вистината поради личен интерес. Секој си го гледа џебот, затоа што и онака сме доволно сиромашни.

    Ние сме наивен народ, се фаќаме за некаква бука. Еве една што е денес на функција, во мојата фирма должи одредена сума на пари за завршени услуги кон неа, и нема да ги плати, затоа што и се може. И низ годините имало и други такви што им се може. Крпат кого стигнат. Нашево општество е полно со апаши и крадци.
     
    На VDT2906, Rama и Pax им се допаѓа ова.
  9. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Па она е една од причините зошто нема квалитетни кадри кои ќе ја заменат.
    А тешко дека она ќе си оди, во странство или на приватно никаде нема да има толку привилегии и корист како што има сега.
     
    На Fraxinus, FridaodaMk и Pax им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.832
    Допаѓања:
    18.667
    Пол:
    Женски
    Сите ги фатија па Софијанова остана. Нека одговара и таа ако лапа државни пари.
    Груевски изнезе милиони преку граница, деца убиваат, онаа директорката некогаш доаѓала некогаш не, колку ли земаат плата а не знаат каде им е работно место.
    Доктори последни треба да се на листа, прво непотребните нека одговараат и летаат.
     
    На Ahoy и simoncelicius им се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.162
    Допаѓања:
    27.282
    Ќе и удрат клоцата на неа ќе донесат некој што не знае да зборува друг јазик освен албански и така. Веч видено, boring. :yawn:
     
    На Waverly Raven, Sielo❤️, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.110
    Допаѓања:
    10.944
    Пол:
    Женски
    Значи сепак и мито треба да платиш за да дојдеш до неа? Исто ти се фаќа и ако замине во приватна.
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.599
    Допаѓања:
    121.631
    Пол:
    Женски
    И со мито само ако има некоја корист да ти прегледа дете,.. Дали политичка, дали лична.. Аман не ја правете светица ова од искуство на многу блиски ви го кажувам.
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Ова е суровата вистина, не е таа толку голем емпат што останала демек да се "жртвува на државно". Таков заклучок е чиста манипулација исто какви што се манипулациите со емоции што ги пласираат како такви личности кои играат на карта децата и демек се за нивното добро.
    Ако играат сите на таа карта, особено таа треба да е најчесна и со највисок степен на морал и оговорност, а не како што спомнаа членки како и колку тешко се стига до неа.
    Нашла начин да наплати, не бе луѓе нашла начин да се нафатира од државен буџет со наштимани часови.
    Еве хр е крив, не водел соодветно евиденција на нејзиното работно време, ама таа чесна е што замижува за тоа?
    Па уште правдањето кредити имала, абе ај со сила правење овци да има што да се стрижи.
     
    На La Stilla и boo3 им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.767
    Допаѓања:
    145.269
    Го прими малото буквално фрлено од Систина, за они да се исперат ако не дај Боже се случеше нешто.
    Нит ја знаевме тогаш, нит не знаеше. Едноставно се погодила на смена.
    Ни врски, ни мито. Додека стасаа родителите детево беше превземено, згрижено и со соодветна терапија.

    Нека ја сменат, нека стават некој полу писмен од браќата.
    И онака власта е нивна. Е тогаш не знам кој ќе се грижи за најмалите.
     
    На mssuniquee, Ano, Sielo❤️ и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.219
    Пол:
    Женски
    Малку им се платите па уште гледаат по сто други основи да земат додатоци. Па на крај ако треба и по нечесен пат ќе се дрзнат да приграбат што е можно повеќе. Чудо големо ако била стручњак. Многу стручњаци во различни области постојат па работат за просечни плати а не за десет пати повеќе од тоа.
     
    На Pax му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.110
    Допаѓања:
    10.944
    Пол:
    Женски
    Не ме чуди.
     
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Еве вакви се 99% од коментарите врзани за овој "случај". Личните фрустрации, што ако била стручњак (ова озбилно не можам да го разберам), морала ли да зима толку плата кога други работат за минималец и така во недоглед. Јас колку сакам ќе работам, ако сакам ќе работам 24 часа, и ќе работам на пет места, и ќе заработувам и бонуси и додатоци и сѐ што сакам, како тоа имплицира дека крадам и како тоа имплицира дека треба да заработувам колку и другите стручњаци.
     
    На H.VAGA, MilaSs12, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Лутете колку сакате, ама сами си го баравме.

    Ако се' функционира со врски и мито, а ние го дозволуваме, колку помоглема моќ имаш, толку поќе 'придобивка' имаш од врски и мито.

    Кај нас треба цел народ да се 'превоспита', за да видиме реална промена.
    Поголема е веројатноста тоа да се случи, отколку оние со моќ да сменат нешто.
    Им одговара...
     
    На Mikha4 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Баш.
    И тој истиот неписмен ќе ја зема истата таа нејзина плата а нема да си ја врши ни 50% од работата на Софијанова.
    Па затоа ќе бидат приморани родителите да си плаќаат на приватно прегледи...
    На крај пак по џебот на народот се удира ...
    Ама добро, колку глупа нација сме треба се ова да ни се случува
     
    На GirlRose, Sielo❤️, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.