Социјализација

Дискусија во 'Психологија' започната од Tipkaa, 9 февруари 2010.

  1. Tipkaa

    Tipkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Дечки ми треба ваша помош. Тешко ми е да се социјализирам.
    Имам неколку пријатели но од неодамна го сменив местото на живеење и не познавам никого.
    Ова трае неколку месеци. Почнав да одам на факултет и таму не се дружам со никого. Незнам што е проблемот, сум се обидела да се зближам со некои луѓе но тие ме одбегнуваат. Инаку сум срамежлива личност по природа но досега сум го немала овај проблем. Незнам како да пристапам се чуствувам многу осамено.
     
  2. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    72
    Драга малце си се збунила!
    Ти си веќе социјализирана личност, прво затоа што ова го пишуваш,
    второ затоа што веќе одиш по институции( не ме сваќај погрешно, алудирам на факултетот)
    Е сега може да да речеш дека социјалнмиот живот , т.е дружбите не ти се најдобра страна.
    Ама па во денешно време и ако забележиш по другите теми секој вели дека другарство нема,
    што искрено сметам дека не е вистина, мада бројот на пријатели со текот
    на годините се ограничува на мала бројка.
    Пошто неможе сите да бидат бест френдс! :D
    Него да не јадам зелени, :mrgreen: муабетот ми беше, зачлени се во фитнес клуб,
    или пак да речеме јога, запиши се на јазик.
    И тие што си ги запознала, врзи муабет за некој заеднички интереси,
    сигурна сум дека секогаш ќе се најде тема на разговор.
    Покани ги на некое кафенце низ градот.
    И најбитна работа престани да си кажуваш на себе дека си срамежлива, затоа што не си!
    Со молчење и страв да се почне разговор нема да постигнеш ништо,
    освен што ќе му ја мислиш цело време зашто немаш пријатели.
    Поздравче и се надевам дека се ке се среди ;)
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tipkaa

    Tipkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    gwen фала мн. што сии одвоила време за мојот проблем. Еве почнав да барам некоја хип хоп школа да се запишам или нешто слично..ќе пробам да бидам похрабра и да започнам разговор. :geek:
    се надевам и јас дека ќе се среди.поздравче :up:
     
  4. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.955
    не е проблем ние овде ќе те дружиме виртуелно ако ништо друго, иначе девојката погоре добро те посоветувала да се запишеш на некаква активност и така ќе шириш познанства :D а во однос на пријатели баш и неможеш одма да очекуваш дека ќе најдеш луѓе кои навистина ќе ти одговараат да се дружиш, се започнува прво со познанства, шири познанства па ќе оцениш подоцна со кој можеш да се дружиш :) и за хип хоп часовиве одлична идеја ти е тоа и јас сакам такви часови ама неможам да си најдам нешто што ќе ми одговара :mrgreen:
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Поработи на самодовербата.Тешко и напорно е знам,но мораш.
    Тргни од едноставните работи,еве ќе ти дадам прост пример...и велиш на Гвен фала што одвоила време,исто како да речеш во автобус извинете,слободно ли е местото до Вас?!Не е одлика на културно однесување туку понизност.За што фала?!Гвен пишала затоа што сакала,исто и јас...исто и со автобусот,извинете за што?!Ништо не грешиш,ниту некого вознемируваш,а најмалку па навредуваш!(ова не се однесува баш за тебе,само се трудам да дадам пластични примери од секојдневието кои ги забележувам и забележувам точно кои личности тоа го прават,а кои не и зачудувачки ми е)
    Срамежливноста на 20 години не е срамежливост,туку немање самодоверба.Срамежливи се малите деца.
    И да се запишеш на некоја активност,повторно ќе имаш проблем.Затоа,најдобронамерно те советувам да поработиш на твојата слика за себе.Факултетот сам по себе е доволна активност за да создадеш познанства кои нема да бидат така речи шупливи,затоа што ќе имаш допирни точки со тие луѓе таму,а тоа е она што го студирате.Имаш простор за дискусија,коментар,а потоа се продлабочуваат односите на малку поинтимна основа.
    Само храбро!
     
  6. MissPagane

    MissPagane Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    23
    типкаа, прво цени се себе си. Верувај во себе си. Најди се некое ново хоби, запиши се на некој курс, фитнес, или нешто што те интересира,и дај му на луѓето можност да те запознаат подобро... добро расположение, шега, и најважното- насмевка :)
     
  7. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    600
    Hmmmm i jas imam slicen problem....ama mojot e vo druga krajnost....
    Jas na priemr izgledam mnogu samobendisano i kruto ,pa ludjeto me odbegnuvaat ,mislam na onie sto so mojata pojava,licnost,bitie -opsto se osecaat zagrozeno...
    Eeeee sega sto e problemot..problemot e toa sto ovie sto se osecaat zagrozeni se mnogu poveke od onie sto ne se osecaat i ete ti problem .....
    Znaci mehanizmot na sekoj covek e da se odbrano od okolinata i da se zastiti ,ama kakov e toj mehanizam se postavuva prassnje??????
    Ne e vazno...onoj sto ke se zainteresira za tebe i ke se zblizi Ic ,ama Ic nema da mu biode vazno zosto i kako se ponasas nekogas ,tuku ek te zapoznae.
    Za prijateli ke si steknes i ke si imas,a tie ke te prifatat onakva kakva sto si,pa SEKOJA ROBA IMA SVOJ KUPUVAC!
    Inaku ne bi se slozila so LILIT deka ne treba da kazes"FALA STO ODVOI VREME ZA MEN....IZVINETE SLOBODNO LI E MESTOTO DO VAS......IZVINETE STO VI PRECEV ili sl"
    Ova ne e nedostig na samodovernba ,tuku kulturno i uctivo odnesuvanje...
    ne znaci ako ti kazam FALA STO ODVOI VREME ZA MENE dek ati se ponizuvam ,tuku iskreno ti blagodaram zatoa sto denes na pr.vremeto e tolku dragocena rabota ,sto vistinski treba da se zablagodaris na nekoj ,ako svoeto go potrosi na tebe.
    TAKA ...ic ne mu se sekiraj..ti si super licnost,a najmnogu super sto si svesna deka imas nekoj mal problem i si iskrena vo vrska so nego,a nema resenie na problemot ako ne si svesen za nego.....
    Pozdrav i sekoe dobro!
     
  8. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    218
    Интересна тема,навистина.Инаку и јас го имам тој проблем,и секогаш кога ке пробам да пристапам на некој,често ми се случува да се изглупирам некако :lol: .Или ке кажам некоја глупост,или некако нема да им бидам интересна не знам ни јас зошто?И затоа почнав се поретко да ширам познанства и ми треба мнооооогу време да се спријателам со некој :oops: Гледај само да не почнеш да се затвараш дома(како мене),зашто секој ден после е потешко да се вклопиш во средината(барем на мене ми е) :( А знам дека не сум ни глупава,добра личност сум,добра другарка,ама ете,не можам да го контролирам тоа.
    А за тоа дали да викаш ИЗВИНЕТЕ;БЛАГОДАРАМ,тоа секогаш го користам и мислам дека ми е добра особина,зашто во последно време многу е ретко да се слушне љубезен збор :| Е сега на тоа секој различно реагира,ми се има случено да ми се потсмеваат за тоа,дека сум била многу старомодна и сл.,а има луге што тоа многу ми го ценат.
    И како што кажа babyketi тоа ни е некој механизам да се заштитиме,зашто се разочарав и од најблиските,па несвесно на тој начин изгледа сакам да не бидам пак повредена.Мислам дека треба само да бидеме позитивни и да не се откажуваме и да не се затвораме,така е полошо.
     
  9. taznickaimilicka

    taznickaimilicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    19
    i jas go imam istiot problem tesko mi e da se soicjaliziram..vrabotena sum veke dve godina no nikako da rasiram prijatelstvo so kolegite..samo so nekoi 5-6 so se pocesto druzime...duri iso niv mi e tesko i se maltretiram da najdam tema da razgovaram so niv...nekako sekogas go izbegnuvam kontakto so ocite i dodek nekoj prv ne mi prijde mene mi e strav da zapocnam razgovo..premnogu gi precenuvam drugite i se potcenuvam sama sasebe.sum probala i so toa ajde veke da ne bide taka i koga ke resam da bidamm pokumiikativna i da razgovaram i so drugi ednostavno nekoj kako dami ja vrzuva vilicita i nemozam nitu zbor da izustam..a neusm nekoja pokvarena licnst sakam da se druzam no mi e sram i strav od nepoznato i neznam kako da se promenam samo se nerivram site mi ivkat d as e smenanm no nikako nemozammm i od toa use tolku tonam.....
     
  10. anastasija19

    anastasija19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    41
    и јас сум таква како тебе,кога одам некаде ми треба многу време да се запознаам да се прилагодам ама секој човек е различен најверојатно јас и ти и други како нас се посрамежливи и помалку комунукативни дај си време ке се прилагодиш
     
  11. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    721
    Пробај да се адаптираш во таа средина - Запиши се на некои актвиности - па така ќе се збилижиш со луѓето ;)
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  12. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    687
    Социјален живот

    Сте се нашле ли во ситуација да не сакате да излегувате,да се дружите,ни со другарки ви се иде ни со дечко?!Да не сакате контакти со никој освен со домашните (и тоа затоа што мора)?А тоа да ви се случува без никаква причина,значи не сум повредена од никој,се е мирно и наеднаш сум таква подолго време :^) .
     
    На taznickaimilicka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elena1347

    elena1347 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    Социјален живот

    тоа е мн нормално, тоа му се случува на секој човек па и на мене... свати дека тоа е само период, и дека ке помине. но еден совет- немој да си умислуваш дека траее и траее им дека нема да заврши. затоа што периодот може ке ти помине и за месец дена, но ако ти си умислиш дека сеусте трае нема да престане. зато земи шетај, дружисе нема зошто да седис дома, уживај! :)
     
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.659
    Социјален живот

    Да,некогаш сакаш да си сама со себе и своите мисли...нормален период и буквално кај сите го има :)
     
  15. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.452
    Социјален живот

    Сите поминуваме низ таков период во одредено време од животот. На некој му се случува тоа порано, некому пак подоцна.
    Не е никаква ненормална појава, јас тоа го гледам како посветување време на самиот себе.
    Факт е кај секого трае различен период, кај некого се повторува, кај некој е подолг или пак пократок. Она што е важно е дека кога тогаш се поминува. :)
     
  16. QueenElena

    QueenElena Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    1.279
    Се согласувам. Така ќе запознаеш луѓе кои имаат слични интереси со тебе. :)
     
  17. Pepelaska1994

    Pepelaska1994 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2015
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.
    Нова сум на форумов.
    Се зачленив да ја споделам мојава мака со вас. Да ми дадете совет.
    Мојот живот воопшто не ми се допаѓа. Се чувствувам осамено. Сум сменила повеќе пријателки. Сега имам две поблиски со кои се дружам само тие не се поднесуваат многу меѓусебно па сум како на две столици. Пред два месеци запознав и уште една и со неа се спријателив многу. Најблиската другарка откако фати дечко со него нон стоп излегува, а лани цело време заедно бевме. Сега кога ја прашам нема пари (а и навистина нема) поретко излегуваме почесто е кај мене дома или јас кај неа, домашна варијанта. Ми помогнала многу и никогаш не ме оставила на цедило а и јас на неа и многу ми е мила. Криво ми е што сега со него излегува ама се знае дека он се плаќа па можеби и затоа.. И спомнав да одиме во клуб рече немала пари а сега и на свадба ќе оди па треба и за таму да купи нешто. Сакаше да одиме на базен.. баш ме интересира и тоа чудо хаха. Со другава излегувам на кафе и такви места, (што не се п однасаат со оваа првава, а порано и бев скарана и јас со неа ама сега пак се "зближивме".) Имав еден пријател ама со него се скаравме пред некоја недела... Немам некое друштво за излегување, би сакала да имам повеќе пријателки. Се чувствувам осамено и сама незнам зошто..
     
  18. lions

    lions Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Во основно и сега во средно сум секојдневно физички и психички малтретитран, по разговорот со една професорка открив дека проблемот е во мене , таа ми рече дека проблемот е во мене бидејќи не сум социализиран, на моето прашање дали да го променам училиштето таа ми одговори прво променисе сам прифатиги учениците па после префрлисе во друго училиште бидејќи и таму ќе најдеш луѓе. Ваш совет како да се социализирам
     
  19. theowndemon

    theowndemon Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    4.078
    Допаѓања:
    43.974
    Пол:
    Женски
    @lions треба да бидиш упорен во твојата намера. Постави си цел.
    Пр.
    Цел: комуникација со луѓе.
    Како да стигнам до таа цел: (тука наведи се како некој ќе те советува или како би сакал некој да пристапи кон тебе па применувај го тој начин)
    - Да прашам некој за домашно
    - Да се изборам да влезам во некој училишен совет и да организирам училишни активности
    - Да почнам да бидам поопуштен кон луѓе и да пробам да дискутирам на различни теми
    - Ако некој се обиди да ми зборни па барем и на кратко, да не заклучам дека е тоа ради- реда и да се повлечам како и обично.

    Време кое си го давам за да ја исполнам таа цел: месец дена
    - Проблемот да одам да го пристапам постепено
    - Да не се форсирам да зборувам со многу луѓе наеднаш туку во помали групи со луѓе или индивидуално

    Јас лично, би постапила вака. Забележав дека кога разговараш за нешто разговараш конкретно за тоа и користиш многу кратки одговори. Обиди се од една тема да прескокниш во друга дискутабилна тема во која ќе можиш да ја продолжиш дискусијата/ разговорот. Немој да се плашиш, или барем прикривај го стравот. Стравот влева одредена несигурност во соговорникот и можи да го оттргни од себе. Кога разговараш со некој обиди се да бидиш ослободен, релаксиран и да мислиш само на тоа што се зборува, да не мислиш на тоа дека разговараш со некој, дека си нервозен, напнат или уплашен. Make the best out of it.
     
  20. vitamina

    vitamina Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    110.695
    Пол:
    Женски
    Никогаш немојте да очекувате од луѓето, бидејки секој човек пред се ги гледа своите потреби.
    Бидете секогаш позитивни, расположени и со добра мисла пред секој, дарете насмевка и убав збор.. разговарајте и никогаш не дозволувајте да судите или да оговарате некого бидејки секој човек е приказна за себе со свои карактерни потреби, ставови, вкусови и гледишта кон животот.

    Сметам дека баш ради овие карактеристики и воедно и срамот и сравот од луѓето вие не умеете да се социјализирате и да придобивате луѓе околу себе.

    Отфрлете го стравот и срамот, бодете секогаш опуштени и директни, пребродете и соочете се со тоа што ве плаши, разговарајте и позитивноста нека ви биде водилка кон животот секогаш, верувам дека цаквите луѓе секогаш се издвојуваат и се поценети и сватени од луѓето околу себе.

    Да бидеш друштвен и да даруваш добра мисла и позитивност, да поседуваш барем капка духовност во себе те прави добар и пред се човечен.