Немам проблем да се социјализирам. Ама не можам со секој да се зближувам. Ги бирам пријателите. Сакам да се дружам со луѓе со кои ќе ми биде пријатно. Со луѓе со кои ќе можам да се опуштам, да се насмеам. Не сакам негативности. Има период кога со никој не ми се комуницира.
Не знам дал е старост или нешто друго, ама се помалку можи да седам со група луѓе и верглам празни лаф муабети. Ме исцрпува то и едвај чекам да се заврши собиро, сат два и да си бегам. Не ми е интересно ко порано, појќе сакам со дм да поминвам време и не се замарам со ништо. Дм па сака да излегува често, ко неиживеано, и то ме нервира. Што друштвото му се слободни ергени и чупиња, а двата сме возрасни одамна и треба да сети оти сум му приоритет.
До пред некој ден вртев по луѓе за да обновам пријателства. Дел се правеа на три и пол (што страшно ме нервира), дел беа во стилот абе јас ќе те побарам кога ќе можам, на последниот дел "трошев" часови за да изигравам психолог. Ништо лично, си преминав преку ова и најдов нови луѓе. Нема сигурно мене некој да ме е*ава во мозок.
@christinnn @Цунами го правите она што (вистински) го сакате и се движете на места каде има луѓе кои делат исти интереси со вас. Не се форсирате, едноставно ќе се најдете во некоја дискусија и тоа е тоа. А на тие што не ве фермат да не кревате на телефон и игнорирајте ги на ист начин како што ви правеле. За жал ова се покажува како нешто најпотребно, па чисто дадете до знаење дека животот не ви се врти само околу луѓе што не ве ценат воопшто.