1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Социјална фобија

Дискусија во 'Психологија' започната од anneyy, 14 септември 2011.

  1. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Социјалната фобија (социјална анксиозност) е страв и вознемиреност во врска изложеност на одредени општествени ситуации и социјално општење, така што резултира со избегнување на истите.

    Ситуации кои најчесто предизвикуваат социофобија:
    - Jавно говорење;
    - Изведба пред публика,на пример свирење музички инструмент;
    - Јадење со други;
    - Потпишување на документ пред сведоци;
    - Kористење на јавeн тоалет.

    Психички симптоми и промени во однесувањето:
    -Страв од засрамување или понижување пред другите;
    -Интензивен страв од контакт со непознати луѓе;
    -Страв од ситуации кои можат да доведат до критикување или оценување;
    -Страв дека ќе биде забележана анксиозноста;
    -Вознемиреност која го нарушува нормалното функционирање и извршување на секојдневните обврски како работа, училиште и други активност;
    -Избегнување на некои активности поради страв од комуникација со други луѓе;
    -Избегнување на социјални настани кои бараат застанување во центарот на вниманието.

    Физички симптоми:
    -Зацрвенување;
    -Треперење;
    -Зголемено потење;
    -Вртоглавица;
    -Проблеми со стомакот;
    -Проблеми во говорот;
    -Треперење на гласот;
    -Збунетост;
    -Студени раце;
    -Неможност за воспоставување на контакт со очите.

    Не знаев дека постои социофобија, но кога прв пат прочитав за неа се пронајдов во некои од симптомите.
    Поточно мислам дека со тек на време, на пубертет и на сите тие работи симптомите исчезнуваат.
    Јас мислам дека кај мене се појави поради тоа што во детството бев често исмејувана-што доведуваше во ситуација да се чувствувам како грдо пајче.

    Дали постои нешто во општеството што вас ве иритирало, до тој степен што предизвикало анксиознозност?
    Дали познавате или сте биле во ситуација да препознаете социофоб, т.е. некој да ве зачудил со претерано срамежливо однесување?
    Како ги прифаќате/би ги прифатиле таквите луѓе?

    П.С. Ваква тема не сретнав, но во случај да постои, оставете линк и клуч.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Мислам дека ова е се почеста појава денес, јас лично познавам неколку личности кои се многу срамежливи, се плашат да воспостават основна комуникација со некого, имаат трема и пред најобичен разговор, а не па пред нешто сериозно. Најголем дел од времето сакаат да го поминуваат сами, изолирани.
    Искрено, во некои ситуации и кај мене препознавам некои од симптомите, тешко ми е и неможам да спијам кога треба да зборувам утредента пред многу луѓе, кога треба да донесам важна одлука или кога имам важна средба. Буквално целата се кочам. За среќа знам да се контролирам во ваквите ситуации, и поретко сум во ваква состојба.
    Инаку, ги прифаќам ваквите луѓе и сакам да им помогнам колку што можам, да си живеат нормален живот и да имаат повеќе самодоверба.
     
  3. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    И јас имам некои од симптомите кои се наведени погоре, но не се ептен видиливи.Доволно е што само јас ги детектирам. Иако во случај на говор пред публика, тоа не умеам да го сокријам. Макар верувам дека со редовно практикување на таквите активности стравот ќе исчезне.
    Ми смета што сум таква личност. Како во мене да се борат амбицијата, желбата за комуникација и социјализација од една страна, а пак од друга страна, ме кочи социјалната фобија. Навистина не е лесно. А со изолација не се постигнува ништо.
    Точно дека детството игра главна улога. Може комплексот на ниска вредност ми го влева стравот.
    Доволно е што пред себеси си го признавам тоа.Тоа е прв чекор кон надминување на проблемот.
    :$
     
    На 485 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас се пронајдов во 95% од симтомите. И сметам дека не е срамежливост во прашање, коренот е во нешто друго. На крајот од воведот пишува како ги прифаќате ваквите луѓе... Овие луѓе несакаат прифаќање, несакаат ни сожалување. Убаво им е кога се сами.
    Буквално ми се има да ја направам пред плачење фацата ако се најдам во непријатна ситуација. А ми се имаат случувано и ситуации кога ќе ми дојдат дома некои зборливи луѓе и буквално уста да не затворат, па да ми доаѓа едвај да чекам да си одат. И таквите луѓе не ни ги сакам повторно да ми доаѓаат. Мислам ок е доколку имаме тема на разговор, нема да ми пречи друго, туку мразам мелење празна слама или подбивање на моја сметка, некои глупи несолени шеги, глупи прашања. Јас се чувствувам така и кога ќе споредам некои случки од порано кога социофобија ми беше непозната работа, т.е. се дружев со многу луѓе, да, сега се чувствувам поубаво. Сама ми е убаво. Не чувствувам обврска кон никој, ниту сум некому нешто должна. Едноставно - чиста сметка долг живот. Сакав да речам, убаво ми е вака. Не ми треба сожалување или праќање на психијатар.
     
    На tralalala му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Офи, да не ја претера малку?
    Имаш интензивен страв од контакт со непознати? Јас колку што ја знам последната твоја работа не би рекла дека е така.
    Сосема е нормално луѓе кои не ги сакаш да те иритираат и да не сакаш да се дружиш и гледаш со нив. И мене ме нервира истото, па затоа и избегнувам такви луѓе.
    Ова е фобија, не е работава поубаво ми е сама. Ти имаш другарки, пријатели кои ги сакаш и почитуваш, излегуваш итн.
    Значи мислам дека си далеку од ова. :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Па и таму ми се случуваа такви ситуации, ако направев грешка буквално се препотував, не комуницирав со колегите, си ќутев и си седев настрана. Да, дури и не одев во тоалет, колку и да е смешно ова. На моменти дома ќе седнев да и кажувам на сестра ми колку несакам да одам на работа баш од тие причини што работам со народ и морам да сум фина, ама морав да одам, никој не ме прашува мене што сакам, нели? :) Значи не во сите симптоми, ама во повеќето да, се пронајдов. Не дека не зборувам со буквално никој, ама претесен е кругот од такви.
     
  7. Angela.Mnmnaaa

    Angela.Mnmnaaa Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    dali nekoj znae od kade poteknuva ovaa fobija, neshto okolu nejzinata istorija?
     
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Во нашиов крај, ова не е ни фобија, туку нормална работа. :?:
    Излегуваш на кафе, сите ти зјапаат од глава до пети, не можеш никаде да се изразиш, кај сите наидуваш на потсмев, кога сум говорела јавно (неколку пати се случи), нема култура од страна на публиката, свиркаат, дофрлуваат коментари, ти прават фаци, ИТН.
    Не можеш да бидеш тоа што си!
    Губиш самодоверба!
    И од здрав, прав, најубав = ти имаш социјална фобија. :angel: |(
     
  9. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Ова ми делува како да оди рака под рака со срамежливоста, што пак ме потсеќа на моментот дека се плашиме од самите себеси и своите постапки...
     
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    А јас пак тука се пронајдов во 98% од симптомите.

    -Јавно говорење
    Ми се случува од премногу страв, да почнам да се гушам или пак да снемувам глас.. Што не е воопшто пријатно. Или пак сакам нешто да кажам а не кажувам, го чувам тоа во мене, само поради стравот да не бидам исмејувана. Целата се збунувам, рацете ми се ладни, гласот ми трепери.

    Сега кога го прочитав ова, утврдив дека ги имам истите симптоми, сосем истите, во некои случаеви.

    Сепак, ова нема врска со срамежливост. Јас не сум воопшто срамежлива а сепак ми се случува горе напишаното. Ова е како последица од минатото, верувајте. Од лошото минато и од ништо друго! (барем кај мене)..
     
    На si.exs му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    ^Same here. Понекогаш премолчувам од страв некому да не му се допадне моето мислење.
    Се плашам дека ако си исмејуван или искритикуван е којзнае колкава работа, а не сум срамежлива.
    И не е срамежливост, туку е страв. Срамежливоста е во природата на еден човек, додека стравот е стекнат, како што кажа анабел-а, последица на минатото.
     
  12. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    еее темава анскиозноста е многу гадна работа сеуште се борам со тоа
     
  13. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.516
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    И јас ги имав порано овие симптоми кога бев во пубертет но со тек на годините приметив дека полека исчезнуваат, можеби ова се случува на секој втор, но според мене не е ништо страшно, и мислам дека може да се преброди со тек на време.
     
  14. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    226
    Јас сум социјопат веќе подолго време ;(
    тоа му го должам на луѓето од основно кои ме доведоа до овој степен да имам страв да комуницирам со секој непознат,да неможам да ги погледнам луѓето во очи без анкциозност гласот секогаш ми трепери, кога се обидувам да објаснам нешто на некого како да ќе заплачам рацете и целото тело ми се тресат и веднаш сакам да прекинам со комуникацијата, секогаш избегнувам луѓе и комуникација и кога тоа е потребно секогаш му велам на некој од мојата фамилија да го стори тоа што сум требала јас.....
    Кога зборувам со непознат имам осеќај дека ме суди за мојот изглед дека во себе си кажува лоши зборови за мене и дека ме сожалува дека кога ќе заминам сигурно се смеел на мене ;(
    досега немам разговарано со никога за овој проблем, не ни знаев самата како да го дефинирам и немав прифатено дека имам некаков проблем....сега знам и го прифатив ама незнам како да си помогнам :(
     
    На tralalala му/ѝ се допаѓа ова.
  15. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    Исто ама тотално исто сум и јас, едноставно кога ќе излезам од дома како да не сум истиот човек. Со непознати луѓе не можам добро да комуницирам и да се искажам. Се мислам дека ме судат според мојот изглед, а потоа си мислам којзнае што зборуваат после мене, и тоа од исти причини како твоите тоа ми го направија некои девојчиња од основното и од тогаш се повлеков во себе. Едноставно се надевам дека сега кога ќе одам на факултет ќе можам да го совладам ова , ќе се променам малку, повеќе планирам да се отворам да не мислам на ништо , и се надаевам дека тоа нема да се одрази на запознавањето нови луѓе.
     
  16. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Етее си се пронајдов и јас :D Мислам дека дојде до ова од НЕсамодовербата :?:
    - Jавно говорење; - Леле кога требаше да го водам патронатот :worried:hock:
    - Изведба пред публика,на пример свирење музички инструмент;
    - Јадење со други - Освен ако не се блиските, под блиски спаѓаат родите и другарките
    Психички симптоми и промени во однесувањето:
    -Страв од засрамување или понижување пред другите; - Да страв ми е да не ме понижат иако ако некој ми рече нешто знам да вратам со добра мера ама пак ме страв да не останам без зборови
    -Интензивен страв од контакт со непознати луѓе;
    -Страв од ситуации кои можат да доведат до критикување или оценување;
    -Страв дека ќе биде забележана анксиозноста (не знам што е анкциозност, првпат слушам)
    -Вознемиреност која го нарушува нормалното функционирање и извршување на секојдневните обврски како работа, училиште и други активност;
    -Избегнување на некои активности поради страв од комуникација со други луѓе;
    -Избегнување на социјални настани кои бараат застанување во центарот на вниманието. -Ако треба да зборувам нешто пред други а + па непознати :sweat:
    Физички симптоми:
    -Зацрвенување; -Си го осеќам жарењето на образите :D
    -Треперење;
    -Вртоглавица; (ретко)
    -Проблеми со стомакот;
    -Проблеми во говорот; - Ехх колку се изнервирам кога зборувам нешто пред други луѓе, класот или со некој што зборувам првпат и се збунам, како испелтечам
    -Збунетост;
    -Студени раце;
    и ќе додадам кочење на нозете или рацете, и чувстувам непријатност ако треба да с епоздравам со некој што не сум блиска и не го знам мн. добро ако ме погледне во лице, мислам дека си мисле „Леле колку е грда“ :^) Иако другарките ме убедуваат дека сум убава :@
     
  17. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Вака се чуствувам уште од основно. Имам слаба самодоверба, најмногу за физичкиот изглед. Далеку од тоа дека сум грда, прилично сум симпатична (да не излезе дека се фалам) ама порано не мислев така. Плус, не сум од богато семејство, па баш и не бев модерна и дотерана. Со машките подобро се разбирав затоа што не ме судеа по облеката.
    Тешко запознавам нови луѓе, не знам да комуницирам. Просто не знам што да зборувам. Ќе прашам нешто, ќе ми одговорат и толку. Не знам да го продолжам муабетот. Најголем проблем ми е стравот од засрамување. Цело време мислам дека ке треснам некоја глупост и дека ке ми се смеат и затоа си ќутам. Имало милион разговори на одредена тема за која сум читала и ја разбирам и имам што да кажам ама си молчам за да не треснам зелена. Реално не е страшно и да треснеш глупост, па што и ако се насмееш на своја сметка, ама сепак тешко ми оди. Затоа многу мразев презентации и устни испити на факултет. Ми се случило и да ми се кочат рацете, а еднаш малку фалеше и да се онесвестам.
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    страв од јавно говорење-уште од дете-пропратни симптоми(потење на дланките, срцебиење, цревата реагираат и некои други работи)
    анксиозност да
    разговори со психијатар да-и до пред некој ден примав и терапија па ке видиме за понатаму
     
  19. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    јас изгледа со сите симптоми сум. Навистина не знам да се снајдам во социјална ситуација, но маска на среќа и насмевка ми помага многу. И тој што ми е симпатија е да кажеме ист. И дел од другарките ми се слични...
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.798
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум била од оние кои се плашеле што да кажат, што ако згрешат, што ако ми се смеат. Ако ми се смеат тие од класот - нема да имам пријатели. Доволно не ме сакаа, а сеуште се плашев да не не ме сакаат. Благодарение на нив, сега неможам да седам во соба со повеќе од 5 луѓе зошто ме фаќа страв и преферирам да бидам тивка.
    Тука секогаш ми се оние мисли „Што ако оставам лош впечаток?“ „Што ќе кажи таа за мене?“ „Што ако таа/ тој е како тие остантатите?“
    Пример станување за оценка. Верувале или не, учам ама срам ми е да станам и да одговарам зошто ако згрешам нешто - ќе ми се смеат. Сум стнала историја и јас малку наглува сум и праша професорот прашање и овие сите збораја од клас, сега во средно, и јас не слушнав убо и само одговарам „Кучето Лајка.“ и сите наеднаш ќутат и се смејат. Проф ми вика „То ќе да е првото клонирано животно во вселената“ (прашањето било „Кое е првото клонирано животно?“ ....)
    Единствената причина зошто не сум одела во ни една секција ама ете годинава собрав храброст и се пријавив во литературната.
    Физичките симпроми ги имам сите, буквално сите.
    Забележав дека класниот почна ова да го забележува и сега, а треба некој негде да оди и ме пушта мене и то мене поќе ме збунва. Мислам јас седам сама на клупа и нешто си работам и само ќе ме стани мене и ми вика: „Оди со овај и овај овде“ и јас не знам шо да прам. И кога одам со детето/ чупето, ќутам. Не знам шо да речам.