И јас спаѓам во оваа група. Нема човек кој не ми кажал дека сум тивка повлечена и ќутлива и тоа ме повредува многу бидејќи се трудам да комуницирам со другите ама тешко ми оди. И многу се нервирам кога некој ќе каже дека не сака да се дружи со некој што е повлечен и „намќорест“ бидејќи ги сфаќам тие луѓе и знам колку се повредуваат од тие зборови. Наместо да се одбегнуваат треба да им се помогне на нив со цел да им се крене нивото на самодоверба и да се опуштат малку по малку.Исто така мразам кога ќе ми кажат сестра ти е многу пожива од тебе.И што сакаш да кажеш сеа дека јас сум мртва Можам само еден совет да им дадам и на другите како мене срамежливки кога зборуваат да зборуваат погласно , не е толку тешко а помага во перцепцијата на другите за нас од некои Х причини
Нема да кажам колку се пронајдов во постов, едноставно ќе кажам дека ми е мило што не сум единствена со овој начин на размислување. Истото важи и за мене дека едноставно се помирив со фактот дека тоа сум јас и се прифатив себе си таква каква што сум. И да, точно е, јас се сакам себе си. Имав периоди кога се обидував да се сменам, се убедував сама себе дека нешто не е во ред со моето размислување. А зошто,тоа што не сум како 90% од останатите, значи дека нешто не е во ред со мене? Не! Склона сум кон поаналитички пристап кон работите, не ми се допаѓа кога се прават бесцелни муабети, не можам да се вклопам а искрено не ни сакам. Тука се осудувањата од околината, на луѓето секогаш им паѓате во око ако сте поразлични, макар и малку...се трудам да се социјализрам, но до одредена граница.
Пред да дојдам на факултет бев премногу затворена. Немав енергија за да излегувам со другарките, тоа ми претставуваше голем замор (најмногу заради музиката и едни исти луѓе цело време). Во основно читав стихотворби и текстови на патронати, а во средно не можев ни усно да одговорам кога ме испрашуваа без да ги смешам сите зборови и да останам бев воздух. Сега сум малку поопуштена од тогаш, можеби е поради промена на околината. Сега барем почнав да пеам во јавност. Во прва година од факултет со потешкотии стекнав неколку пријателства и таман се опуштив пред нив, се оддалечија од мене. Сега седам сама на предавања, и ги гледам другите како разговараат и се дружат, а јас незнам и не можам да пристапам на никој. И да ме праша некој нешто, веднав се препотувам и црвенеам и гласот ми трепери. Дланките ми се нон стоп испотени, што ми е незгодно и да подадам на некој рака. Дури сега сфаќам зошто никогаш не сум имала дечко, кој и да ми се приближе јас веднаш паничам и бегам. Некои денови се чувствувам подобро и ќе се средам од дома со убави алишта, и кога ќе испаднам надвор веднаш мислам дека сите гледаат во мене и мислат гледај како се накитила и истото се случува на факултет и веднаш се враќам 100 чекори назад. И родителите знаат дека сум премногу затворенаи ми даваат совети, но не биднува одеднаш.
Се пронајдов во повеќето постови. И јас сум таква затворена личност, повлечена во себе, срамежлива. Немам никаков социјален живот. Немам другарки, немам дечко. Завршив средно и одлучив да се одалечам од "другарките" кои само ме искористуваа. Сакам да започнам одново сега кога ќе појдам на факултет и сакам да пронајдам вистински другари.Знам дека е тоа тешко ама сепак да не се такви искористувачи како овие до сега. и сакам конечно да почнам да живеам како што би требала да живее една млада девојка да излегувам да се забавувам да се дружам и да почнам да ужива во животот. Јас досега само внимание обрнував н апроблемите и стресот во животот и заборавав дека и јас треба да пошуствувам среќа. Помогнете ми, дајте ми некој совет како да пронајдам повеќе пријатели и да изградам социјален живот?
Секој од нас во одредени ситуации имал појава на симптоми на социјална фобија.Проблемот и не е толку голем доколку се создаде свест за истиот дека постои за да може да се надмине.Кога ќе се детектираат симптомите волјата е пресудна за да се отстрани видот на социјалната фобија.
Социјалната фобија е повеке од сето ова што го пишете во постовите,јас ја имам осетено и многу тешко се излегува од тој круг ,значи не можеш од дома да излезеш не се опишува има луѓе кои со години ке излегуваат од својот дом ,значи правете разлика од трема и социјална фобија ,социјалната фобија не се лечи лесно
го имам истиоот проблем како и сите вас буквално страдам од социјална фобија тоа ми е резлутат од основно незнам некако имам голем страв од тоа што ќе кажат другите и дека ќе бидам посрамена од нив со нивни зборови .......навистина незнам до кога вака и дали има лек за ова (((
И јас стρадам од социјална фобија, целосно се пρонаоѓам, и нема симптом κој го немам, κога ги пρочитав симптомите се ρазочаρав, психичκи ли сум болна, и тоа до волκу ли!? Всушност знаев деκа нешто не е во ρед со мене. Целосно се ρазлиκувам од дρугите луѓе. Не сум многу κомуниκативна и слободна, само κога ќе запознам неκој подобρо тогаш почнувам да се опуштам и станувам послободна. Ме одбегнуваа сите бидејκи ме гледаа таκва тивκа, повлечена, сρамежлива, уплашена од κомунициρање, но веρувајте не сум таκва со неκој κој добρо ќе се запознаам и е добаρ со мене. Е тогаш сум многу поинаκва и послободна личност, само единствено што баρам е вистинсκи пρијател, а за дечκо неκој κој навистина ќе ме саκа и почитува и има цвρст κаρаκтеρ и ќе напρави се за тебе. Сум била воспитувана поинаκу и затоа не сум била ниκогаш лесна девојκа, ρазвρзана κоја збоρува сешто. Немам дечκо, немам дρуштво, пρијатели, имам само една дρугаρκа, да не е таа навистина незнам што ќе пρавам. Едвај се ослободив од депρесијата, несаκам и сега. Дρугаρκа ми е κомуниκативна и слободна, па се плашам понеκогаш да не ме напушти и таа па останам потполно сама. Е тогаш ни психијатаρ нема да ме опρави. Мислам деκа ниκој нема плачено κолκу што имам јас. Мислам деκа подобρо е да имаш баρем еден пρијател κој ќе ти биде вистинсκи отκолκу многумина лицемеρни. Сепаκ κаменов во сρцево што ми тежи ми пρедизвиκува солзи, ми отежнува, незнам κаκо да го отстρанам. Добρите личности сеκогаш стρадаат. Единствено што саκам е да запознаам неκој сρоден со мене и κонечно да ми го стопи κаменов во сρцево...
Цел мој живот сум таква, но никогаш не сум си дала некоја дијагноза дека имам фобија. Пред месец дена од училиштето имаше манифестација за доделување дипломи за постигнатите успеси. И јас бев таму, знаев дека ќе треба да излезам на сцена. Буквално пола минута работа, ми го кажуваат името, излегувам, ми ја даваат дипломата и се симнувам. Верувале или не, со денови ме мачеше работава. Тој ден ме фати страшна паника, помислував како можам да се спасам од тоа, сто пати се предомислував дали да одам или не... И како што се доближуваше времето, сè повеќе ме фаќаше паника. Кога седев и чекав да ме повикаат, почнав да се потам, не си ги чувствував екстремитетите, не можев да дишам. Околу мене имаше неколку луѓе кои ме познаваат и знаат каква сум, па тие ме тешеа, ме држеа за рака. Сè тоа само за пола минутка на сцена, каде што пред мене и после мене излегоа околу педесеттина други луѓе. И ова е само еден од милиони примери. Не излегувам по кафичи и други фреквентни места, за да не ме гледаат луѓето, на школо не станувам на час освен ако мора, можеби ќе згрешам и ќе ми се смеат... И, не дека сум срамежлива или недружељубива, напротив, кога некој ќе ме запознае многу сум слободна, но само во мали групи до 3-4 луѓе, и тоа само со тие неколкумина кои ме познаваат добро.
Скроз иста сум. Мразам да сум на сцена. И на час често велам дека не знам поради тоа што се плашам да не згрешам... Дома сум скоро секогаш, во кафич никогаш во животот немам отидено. Некои ми велат дека сум намќор, не сакам да се дружам, но таква сум...
и јас бев тотално иста,никој не сакаше да се дружи со мене баш поради тоа што не зборував,сега се изменив ама некогаш пак ме фаќа таква криза ама не сум како што бев
Летово случајно наидов на сајтот психологија и си викам ај да видам што е ова, видов дека има некои квизови и од досада почнав еден да решавам(тестот се викаше "Колкава е вашата самосвесност?"), и во решението ми пишуваше дека имам социјална анксиозност(19/24 бода), бидејќи за прв пат се сретнав со овој поим, истражував на google за симптоми и сл. Кога прочитав за симптомите не ми се веруваше како некој да ме опишуваше мене. Уште од основно ги имам симптомите на треперење, студени раце кои треперат кога сум под стрес или пак кога не сум, збунетост, губење на глас, не можев да воспоставам контакт со очи. И долго време не знаев зашто ми се случува ова, но мислам дека одговорот е социјална анксиозност. Имам фобија од изведба пред публика(на настап со хорот, додека сите пеевме една почна да се смее и др престана да пеат и почнаа да се смеат , сакав земјата да ме проголта од срам). Ќе сфатев дека не е ништо ако имав фобија од непознати луѓе, но јас буквално имам фобија од професори, пријатели од се. Многу ме фаќа страв кога некој неочекувано ќе отвори врата(вообичаено мојте дома, додека сум занесена во нешто) Најискрено не знам што да правам, сакам да побарам помош од психолог но иако не ми е срам од тоа да побарам помош кога го видов лицето на мајка ми кога матичната и предложи да одам на психолог се поколебав. Ве молам помогнете ми, дајте ми некој совет, не можам веќе вака ќе полудам..!!!
Мислам дека не треба да се срамиш да побараш помош и мајка ти, твоите родители, треба да знаат за твојот проблем, тебе ќе ти биде така полесно да го пребродиш, а и они значајно ќе ти помогнат. Оди на психијатар, чисто за да направиш отворен муабет со стручно лице што ќе те разбере целосно, нема никаква причина зошто да се воздружуваш од тоа, сама знаеш како до решение на проблемот, само треба да се охрабриш. Инаку го направив тестот и ги имам сите бодови, максимумот И јас патам од социјална анксиозност, од искуство знам дека е нешто со кое човек може да живее, али го нарушува квалитетот на животот и цело време те кочи во твоите цели и намери. Свеста за тоа ме тера и јас да побарам професионална помош и мислам дека деновиве ќе го направам тоа Поздрав
Она кога сакаш да пишуваш за социјална анксиозност, ама си премногу социјално анксиозна да отвориш тема. Па копаш по темите и ти олеснува дека наоѓаш една веќе отворена. Мислам дека социјалната анксиозност премногу се меша со интровертноста. На пример да се јавиш на телефон да си закажеш фризер, лекар, било што. Самата помисла на тоа те прави да се осеќаш вознемирено (анксиозно), а не изморено. Интровертност е едноставно карактеристика на човек. Социјалната анксиозност не е карактеристика, туку состојба што создава проблеми во нормално функционирање кога се во прашање социјални ситуации. За мене лично, да телефоните ми се фобија. Не се јавувам додека не ги поминам сите сценарија што може да се случат во глава. Не се осеќам удобно во големи групи на луѓе кога има собиранки. Уште помалку кога има непознати луѓе. Тогаш не ни зборам многу, само слушам. Ептен ако некој праша нешто ради реда. Не дека тоа ме исцрпува толку, туку тогаш настанува паника и повеќе сум сконцентрирана да изгледам релативно нормално. Ако набројувам уште ситуации ќе треба роман да напишам. Се обидувам да се справам со ова. А најдобар лек е едноставно да почнеш да го правиш тоа што те плаши. После толку работни телефонски повици, сега ми е малку полесно да се јавувам на телефон. Се обидувам да кажам бар 2-3 реченици кога има големи собиранки. Форумов ми е исто еден обид. Се потресував еден пост да пишам, ама решив да издржам. Сега се осеќам ок да пишувам. Со мали цели, мали чекори и упорност до некој резултат.
Мислев само јас сум ваква. Три дена ќе мислев дали да напишам, секое зборче го проверував дали е точно, правопис проверував, дали има смисла, дали е глупаво. Кутар дечко мој, него го препрашував дали да напишам. Можи да забележите дека само во темите со слики објавував. За разлика од сега. Пишувам се' што сакам. Се надевам и за телефонот ќе е исто. А за да се чувствувам опуштено за разговори лице во лице, има време... И двете би рекла, барем кај мене, можеби и измореноста ми преовладува. Пример - треба да презентирам јавно. До моментот на презентирање сум во некоја фаза на негирање, немам никаква трема или страв. За време на презентирањето исто сум прилично самоуверена. Е после е маката. Заборавам што сум зборувала, ќе се сетам на некој збор или гестикулација и ми доаѓа да пропаднам во земја (иако веројатно другите не забележале). Долго време после презентацијата, можеби и со недели го преиспитувам секој момент. Го знаете чувството кога ќе си легните да спиете, ќе се сетите на некој момент кога не сте биле во комфорната зона и ви доаѓа да пуштите некој сожалувачки звук? Е така...
Полесно ми е во лице, затоа што нема простор за премногу размислување. Освен тоа некој баксуз сум, стално ми се приближуваат рандом луѓе за муабет. А јас пуста избегнувам да ги зјапам во очи и генерално изгледам ко angry bird. И со тек на време отрпнав. Јас тотално спротивно. Се осеќам олеснето ко ќе помине јавно презентирање и веќе не мислам на тоа. Воопшто не си. Па мислење, правопис, граматика. Дали е паметно, дали има поента, дали нешто придонесува. Мислиш CV за НАСА спремам да пратам. И од толку мислење и туфкање пак салата ќе излезе тоа што сум напишала.
И јас имам социјална фобија, некогаш многу повеќе изразена, некогаш не до толку. Имам приметено дека ако во некој период сум повеќе во социјални ситуации, онака редовно ако сум изложена полесно ми станува во смисла на стравот, иако нели социјалните ситуации ме изморуваат. Ама ако се затворам дома после е многу потешко. И јас порано тука се плашев некои мислења да ги пишувам, па сто пати ќе препрочитував, не дај боже на некој да требаше порака да пишам незгодно стотка. Сега веќе не се замарам, до толку Мене пример ми е проблем во ситуации каде треба да се јавам во некоја институција, да нарачам храна по телефон, се поврзано со факултетот ми беше огрооооомен тригер, посебно кога треба да одам кај тетките во студентски прашања без некоја колешка. Често знам да прашувам по другарки/другари како треба да се однесувам во некоја социјална ситуација за да не згрешам, па ќе вежбам, ќе си повторам едно сто пати што треба да кажам/направам. Сама на пример ако треба да одам на роденден кај некоја другарка со која што немам други познанци ми беше смрт. Сега па и со коронава дека социјалниве ситуации се сведени на минимум многу потешко ќе ми биде да се навикнам на нормален живот. Ама се надевам дека со терапија и со редовно изложување на ситуацииве што ме плашат ќе почне да се намалува фобијата.
Ги имам симптомиве. Мене најчесто ми се ладат рацете и вртоглавица имам. Денес меѓу гужва кога бев мислев ќе се онесвестам. Значи до ова било. Ама мислам дека ова е состојба која може да се надмине. Колку полошо од луѓе да ти е, толку во поголема гужва треба да си. Јас така мислам, за да може да се надмине состојбава.
Не, туку треба да одиш малку по малку, чекор по чекор, со постепено изложување меѓу луѓе, и на отворено. Добро е и некој со тебе да дојде, некој на кој му веруваш. Така, постепено ќе се ослободуваш....