Јас оддеднаш меѓу многу луѓе и да добијам паничен напад Па после да се чудам што ме снашло...Ќе те послушам, чекор по чекор
Знае ли некој како може да се надмине тремата од јавно зборување, презентации, читање пред други луѓе, страв од се и сешто проследено со негативна трема која те гуши, ти го затреперува гласот, имаш недостаток на плунка, тремор на раце, поцрвенето лице, насолзени и црвени очи?
Нормална појава е. Докажано е дека стравот од јавно говорење е еден од најсилните и најчестите стравови што ги имаат луѓето. Се наоѓа на врвот на топ листата. Значи не е ништо загрижувачко. Советот ми е, тремата да не ја нарекуваш трема туку возбуда. Не ти е страв, возбудена си затоа што ти претстои нешто важно и интересно. Треба да се убедиш себе дека тоа што го чувствуваш нема да ти пречи туку ќе ти помогне да имаш подобар настап.
Не знам дали е фобија, но имам потешкотии да се впуштам во разговор, особено ако во разговорот се вклучени повеќе лица. Значи во такви ситуации чувствувам страв, неопуштеност, тензичност, страв да не згрешам (а, сепак се работи “обични“ луѓе), страв од осудување.. Не знам.. нелагодност. Можеби имате некој совет. Како да се справам со ова? И исто така, кога ќе се вратам дома откако сум разговарала, потребно ми е вреееме 1-2ч отприлика за да се вратам во нормала, и да си бидам старата јас. Не впивам како сунѓер, и не сум многу загрижена за туѓото мислење, а сепак ги имам тие чувства. Не знам дали и на друг му е така, и дали е тоа нормално. Просто, да се зачудиш..
Ова не е социјална фобија т.е. социјална анксиозност. Ова е интровертност. Едноставно сакаш да си сама одредено време да наполниш батерии. Ништо лошо во тоа, голем број на луѓе сме интроверти. Е ова е веќе социјална анксиозност. Интровертноста е начин на кој функционираш, а социјалната фобија те пречува да функционираш на начин на кој сакаш. И јас имам социјална анксиозност и искрено лекот е само да се впушташ во ситуацијата, колку мачно и да се осеќаш. Првиот пат ќе ти биде најтешко да се впуштиш во разговорот, потоа се полесно ќе биде се додека нема да ти претставува воопшто некој проблем. Инаку помага и когнитивно-бихејвиорална терапија. Да промениш перцепција и начин на размислување. На пример во твојот случај страв од осудување. Размисли вака, дали мислиш дека твоето мислење е толку многу чудно што сите ќе бидат тотално шокирани и ќе фатат групно да те исмеваат? Веројатноста тоа да се случи е скоро непостоечка. Чим се дружите, сигурно имате меѓусебна почит за да прифатите различно размислување. На крај краева и да те исмева некој запрашај се дали навистина ти е пријател. Тогаш проблемот не е во тебе.
Само што читам што треба да правам, ме фаќа чувство на нелагодност и во себе си мислам нема шансии, кај можам јасс... Ама изгледа дека ќе морам да се впуштам и да пробувам да му одам на стравот “во очи“. Така ќе биде најдобро. Дали имаш можеби некоја книга да ми предложеш што тебе ти помогнала или воопшто книг на таа тема? Ти благодарам за појаснувањето и советите
Немам читано посебно некоја литература. Можам само да зборам од лично искуство. Пошто сум overthinker секогаш размислувам за милиони начини на кои може нешто да тргне на лошо. Затоа сакам да сум "спремна" со план А, Б, В...на пример, тоа на некој начин ме смирува кога знам како да изреагирам во одредена ситуација. Мораш да си ги запрашуваш мислите и чувствата. Да разбереш зошто така мислиш и чувствуваш. Кога ќе дојдеш до коренот на тоа што ти предизвикува анксиозност, ќе знаеш како да се насочиш да го решиш проблемот. Психолог стручно би те водел низ цел тој процес. А за литература, само прогуглај CBT (cognitive behavioral therapy) books, сигурна сум дека ќе има доста избор за читање. Во суштина нервозата доаѓа од страв дека ќе бидеме отфрлени, а како социјално суштество човекот сака да припаѓа некаде. И најчесто доаѓа со замислување катастрофални сценарија кои се нереални. (Ако кажам нешто глупо ќе ме исмеваат. Ако ме исмеваат нема да сакаат да се дружат со мене. Ако не се дружат со мене ќе бидам сам/а.) Наместо таков начин на размислување, сети се дека и тие се луѓе исто како тебе. И тие се чувствуваат слично како тебе. Ако ти нема да исмееш некој, веројатноста е голема и тие да се исти т.е. и тие да не исмеваат. Потребна е само поцврста решителност да се променат работите. Се надевам нешто ти помогна.
Не ми е проблем да се запознавам со нови луѓе , но .. Кога станува збор за интервјуа за работа , јавни презентации ( во главно говор пред многу луѓе ) , играње ора на свадби , кога знам дека многу луѓе ме гледаат кога влегувам некаде ( или излегувам ) ме фаќа ненормална трема . И баш тогаш како за беља ќе се сопнам , ќе турнам нешто , ќе ми падне нешто .. и ќе се посрамотам . Дали е ова дел од социјална фобија , не знам . Но во минатото често изгледав смотано поради ова .
Некој совет да ми даде. Како издржувате на кафе кога седите? Или како да останам да седам на кафе подолго време? Имам социо фобија и ги терам секогаш луѓето да стануваме побрзо од кафе, а тие знаат гримаси да прават и да ми речат ај доста ти со тоа твоето Ама ич не ми е гајле што ќе речат другите.
Па, раскомоти се.Мисли за тоа што правите муабет.Гледај сконцентрирај се на човекот со кого комуницираш.Ако е колега, води муабет за факс, работа, општо нешто.Сите имаме момент кога сакаме да си одиме.Гледај тоа контролирај го, да не стануваш прерано.Дознај и зошто сакаш да си одиш порано, најди го тригерот и објасни си дека не е тоа решение.
Океј јас знам. Ама не можев да издржам и и се смеев на една членка во лп. Иначе јас поминав низ ова и успеав да се изборам. Па нејзиното го пишав тука. Ми се жали за социјална фобија и демек имала самодоверба. Се надевам дека се зеза. Сигурно ќе се познае коа ќе види што сум пишала Луѓе имаат стварно мака некад, а некои глумат дека се болни. Иди па сфати ги луѓето… Жалосно е.
Темава ја видов од страна и зато „касно“ го гледам ова пошто, имам нешто да кажам. Нели е малку ... глупо еве да речам, некој шо ќе ти пиши нешто ПРИВАТНО, а не ЈАВНО, да го објавиш јавно чисто for shits and giggles? Онака, само мисла.
И тука не е цел разговор, за среќа. Туку е фрагмент шо ти реши дека ќе го извајш од приватниот разговор - јавно. Мене поентата ми е дека ако разговорот е приватен, нема поента да го вадиш јавно макар и да не знајме контекст. Уствари баш оти не знајме контекст.
Океј од твоја гледна точка можам да кажам дека си сосема во право со ова што го кажуваш. Ама од моја гледна точка и се да знаеш како што кажав не би изреагирала вака. Ова ми се нема случено до сега. Знаеш кога некој ќе ја премине границата на нормалта? Затоа и бидна вака.
Девојче ти одамна ја помина границата на нормалата на Форумов. Ако си трол, добро. Ако си реална личност со вакви ставови, тогаш страшно и се надевам дека бараш помош. Пошто не е во прашање твоите контроверзни мислења, туку твојот пристап кон се е... загрижувачки. Секое добро.
Баш ми е жал што не ти се допаѓам Ај да видам да си на мое место и ти би ја објавила вака јавно членката. Дури и би ја тагнала ама сепак граница постои. Сама ќе си се пронајде. Ако неаме исти пристап кон нешто не значи дека не сум тачна. И твоето мислење може да не ми се свиѓа па ок никому ништо. Ова беше нешто страшно што се дешаваше и затоа беше објавено. Неам потреба јас од помош зашто не живеам по некои непишани правила.