Гледам тука сте со помали дечиња. Ами јас што да речам со 7 годишно дете... хаос ми е. Доволно е голем за да развива чувства и да не може да се заигрува како помалите. Понервозен е малку и агресивен досадно му е сам и сето тоа си го прави своето. Друго е со деца да е друго е дома сам. Купивме монопол и не лути се човече го научивме ама јас со бебе и со домашни обврски се на мој терет едвај можам да играм со него. Домашни пишуваме како што ќе ни прати учителката росици од градинка што ни остана и сега што им даваат на школо го решаваме буквите ги научивме (предвреме) ... Толку можам. Маж ми кога ќе дојде од работа играат тоа не лути се човече. Го пуштам и во двор. Греота е во вакво топло време да седи буквално дома. Игра во двор се занимава.
Јас сум со 2 кои доста си играат заедно (доста се и закачат ), ама не ни е досадно Мислам да не беше дворот ке побудалевме. Стануваме сабајле, доручек едно друго, па ке поиграат јас ке средам малку ке пуштам некоја машина и после директ во двор. Таму сме 2,3ч. Доаѓаме дома и ги туширам. Малата преспива, а синко си игра во соба, игра со лего, пастелин, гледа цртани итн. Им смислувам и игри, и тие предизвиците на @danichap ги правиме и искрено мене ми лета денот. Досадно не ни е ич. Монотонија само, ама океј ни е. Може и затоа што и доста време бев со нив дома и не одеа во градинка (1ипол год скроз сама со две деца) па навикната не ми смета оваа изолација. Ама имам и простор... И трчаат ли трчаат, па трошат енергија. Е тешко ни паѓа што другарчето до нас во комшии не може да им дојде или они да одат, зашто ептен се дружат... Преку ограда жалат едни за други Им кажавме им објаснивме зашто е тоа така. Па секое излегување од врата ке не види и им вика: уште има вирус, нема да се дружиме
Јас сум слободна 1 недела до вторник, потоа е колешката 1 недела дома, работиме една смена сега, мене дома ми е супер, ништо не ми фали, по цел ден со синко сме, мм е до 15ч на работа потоа заедно сме цело време, детево пресреќно, мало е уште не разбира ништо 15 месеци е. Го носам надвор во двор и сега 2 дена малку со количка го возам по улица, не оди пешки никаде, не застануваме со никој да зборуваме, само возам си носам средатво и за дезинфекција. Ако е мал си правиме активности, предизвици дури трепнам поминал денот. Јас сакам вака дома да си седам, домашарка сум, ама нескам вака да е, страв насекаде, од секој сетргаш, лошо многу, нека помине побрзо
Ve citam site,iiii Jas sym so tri deca 10 i 7 godini, i najmaloto 2 meseci. Mene ne mi tesko doma so decata da si uzivam. Sega sme i sami mm e od rab otsuten.ne mi e.problem da gi cuvam voopsto,imaat sega i domasni si zavrsuvaat,igrame igri,peeme, pa maloto ni peee ako go rabudime,pravime jadenja po zelba sekoj den,eden den edniot kazuva sto ke jademe nareden drugiot i natprevar postoi..mi pomagaat mnogu desna raka mi se,ziveeme sami i ne bi go menuvala za nisto na svet toa.Povrzani sme mnogu,ne deka ne sakaat nadvor nauceni se postojano da igraat pred zgrada ima mn deca,no razbrani se. Objasneto im e i na dvajcata zosto sme doma,mada golemiot poveke i od mene znae. Nas sto ne faka panika od toa sto brojot i sostojbata vo Mk ne e sjajna e drug problem,no vo princip sum domasarka maksimalna i ne sakam idi mi dojdimi koj ke stigne sekoj den po 30 kafinja ili komsii i sl. Sega sum na porodilno,no rabotata mi e mn dinamicna i sega sme presrekni sto konecno si imame poveke od 2 3 casa pred legnuvanje da si posvetime site. Ne mislete deka e strasno,nekogas ste umoeni,nekogas i oni znaat da.se naporni..no vremeto so niv ne se vraka... Na los nacin ke naucat site deka treba da si posvetuvame maks vnimanie zosto vremeto so decata i neizvesnosta sto ne demne sega ke ni ja otrue psihata.
Не е дека е тешко што сме со децата дома... Нормално дека ни е убаво да сме заедно. Само тешко е што си затворен, а со тоа си доста ограничен посебно ако живееш у зграда без двор, тараса... Тешко ти е за нив и гледаш како да им исполниш време а да не е тоа гледање тв по цел ден. Друго е кога можеш да го изнесеш и прошеташ. Не е ова дека е тешко да си го чуваш сопственото дете, посебно не зошто над глава ти виси прашањето до кога ќе се шири ова чудовиште... Да му објасниш кога плаче за надвор, не е лесно... Да му досаѓаш со миење раце, пази ова, не пипај ова, немој вака, немој така... Мене искрено само еден двор ми фали.. тогаш знам нема да имам никаква мака...
Nemame dvor,vo stan sme i toa na visokooo...nooo..ne mi bese muabetot deka e tesko..ve cetam deka imate po edno po dve deca,a sakav da kazam deka imam tri na sosema razlicna vozrast sto nemozam istovremeno da gi animiram,zatoa sreka sto se razbrani i mozam da se dogovoram sto kako ke pravime...
Јас ќе кажам среќа што е на оваа возраст и не дека разбира точно нели, ни јас не знам што точно е корона вирус ама самата си кажува дека не смееме да одиме во трговски дека има корона вирус, во градот дека има корона вирус и слично. Колку јако го кажува тоа и го потенцира корона вирусот пресмешно ми е. Правиме исто како и секогаш, минус надвор, плус телефон. Телефон два пати по пола саат. Првиот ден се изедов жива, од вториот бев свесна дека карантин не издржувам без телефон. Се будиме рано инаку нема градинка, работа и го започнуваме денот.
Еве ме и мене во темата. Момите се +4.5, 3 и 2. Дома лудо и незаборавно ни е. Најголемата ај, разбрана е, разбира. Ама помалите две треба пазење кое да не летне по скали или низ врата кое од љубомора да не почне да се задава со другата. Имаме многу простор за игра, игралната е многу голема, опремена и со справи и со секакви игри. И едната детска редовно ја користиме за игра. Резерви играчки и материјали на тон, амазон функционира па може и да се донарача. За сега нема забрана за движење цо природа, па и тоа користиме. Од сабајле играме неколку часа. Еден главен проект кој е всушност игра подготвена или насочена од која страна а они да истражуваат/играат со неа. Потоа уште неколку игри спонтано, по нивна желба. Ручаме и со ранецот во природа. Во просек сме по 3 часа надвор, некогаш помалку некогаш повеќе. Одиме на локации околу селово, шуми/ливади каде сме целосно изолирани и нема никаква фреквенција на народ. Вториот дел од денот ние порелаксиран. Најчесто "големите" "чмаат" се занимаваат со некоја книга, цртаат, со кукли...тогаш со најмалото имам една главна активност и се трудам да ја вклучам во игрите со сестрите. Навечер често вклучуваме проектор и правиме сензорна атмосфера. Децата не осеќаат дека нешто се случува. Што не одат цо градинка им годи, барем за сега, дали ќе почнат да ја бараат не знам. Е им фали пазарување по дуќаните. Од денес е новиот креативен предизвик со дечињата, Темата е цвет. Ве повикувам сите да цртаме, боиме, лепиме, сечеме и да се активираме некако со дечињата преку игри и занимации за нив.
Оффф ова ми е болна тема. Многу тешко ни оди засега, се нервирам многу и затоа ве молам не сакам осудувања. Сум пишувала многу пати како моите деца цело време го поминуваат надвор во двор и на улица. Син ми станува и уште по пижами излегува во двор. Се спремив уште минатиот викенд за нивна тотална самоизолација, терасата им ја направив мини игротека, купив пластелини и магичен песок, неколку книги и нови играчки... Но! Проблемот е што јас одам на работа, мм е во странство и децата ги чуваат свекор и свекрва. Живееме на село и тоа во многу мирно маало, без сообраќај и сл... куќата ни е една од последните и натаму се ридови и ливади... Им објаснив убаво, да ги чуваат дома, да ги изнесат во двор, но на улица не, да ги прошетаат нагоре по ливадите без контакт со никој. Но не оди по замисленото, не можат да се справат доволно добро стариве, син ми е ѕверка, инат, многупати не се разбира од збор. Дворот не ни е ограден и излегува на улица, со комшичето се неразделни, само се довикуваат и во прва прилика или моево оди или тоа доаѓа кај нас. Почнав да ги оставам и јас да си играат, џабе ќе го сопирам попладне кога тие од сабајле се заедно. Еве денес цел ден играа кај нас во двор. Инаку не одиме никаде, ни до град, ни до продавница, ни кај моите... само јас што излегувам за на работа и што пазарувам еднаш неделно. Се надевам нема да ми излезе на глава сево ова!
Инаку еве слики од денес: Си игравме летен одмор на плажа, замислата ми беше да ги пливаат шатките и бротчињата и да се пошлапаат малку, ама ситуацијата излезе надвор од контрола па официјално ја отворивме сезоната на бањање.
A malku da ne e uste ladno za ova? Mene bi mi bilo syrav vo mart da gi iznesam bez jakna,ne goli da soblecam.... Sepak om zabavno neli
Календарски е рано, ама денес беше претопло, на тераса буквално ќе изгориш ако седиш 1 саат. Не планирав ни јас бањање ама така заврши, што да правам. Инаку јакни одамна не носат, ниту големиот, ниту малата.
И кај нас сега за сега не е лошо.Мм е преку образование па така да и он е дома.Малиот е пресреќен дека дома се татко му и брат му.Големиот првите денови си ја бараше градинката,ама му објаснивме дека има вирус и дека нигде нема да шетаме и дека градинката не работи,кога ќе ја отворат ќе ни се јават учителките.Децата си сакаат ред и се водиме секој ден по него,со тоа што секој ден менуваме некоја активност.Стануваат од спиење,доручкуваат,си играат малку дома и околу 10 одиме надвор во двор.Таму сме докај 12 12 ипол влегуваме дома и имаат преспивање.Се будат,ручаме,и одиме пак во двор.Таму сме докај 17-18 ч кога како.Доаѓаме дома и имаат некоја активност.Гилемиот најчесто бои со водени,темперни,во боенка.Или правиме торта,кифли и сл.Гледаме секој ден да е различен,секој ден нешто ново.Кога сме надвор или возат дидикар или им редиме некои палети,па скокаат редат камчиња.Садиме цвеќиња.Играме со земја.Си седат во кола.Пред спиење туширање и 8 8ипол заспиваат.Најтешко им паѓа што не одиме кај моите,таму си играат со внука ми,она највеќе им фали,и дедо им Големиот на почетокот баш и не беше свесен за вирусот сепак е мал,ама ги гледа со маски поштарот и другиве на камера па му станува јасно дека нешто се случува.Е сега баш гледавме прогноза и лошо е што пишува дождови и снег во вторник.Не е толку страшен снегот него наглата промена на температурите.Секако гледам да се вклучени во домашните обврски,редовно пружаме алишта заедно,редиме алишта итн.Кога ќе заврши големиот со ручек сам си крева тањирот.Играме со пластелин,вода си претураат од едни во други садови.Играме маркет,продавач купувач.Парички си даваме купуваме продаваме.Собираме надвор секакви тревки,ливчиња,црви Е сега има и нешто лошо во сево ова,многу се тепаат.Големиот ќе сњ заигра малиот ќе му земе боичките,му шкрта,му кине,големиот ќе го турне штипне,малово ќе се сврти ќњ го затепа,и по цел ден како судии ги браниме.Цртани многу малку гледаат,мобилен воопшто не гледаат.Сакаат на тв биби боби,бушава азбука,маша медо,ама тоа вкупно не трае ни еден саат.Постов ми е каша попара ама како ми текнуваше така допишував а гарант заборавив уште милион нешта.
Ова е идеја за оние кои имаат двор. Потрага по скриеното богатство! Сабајле рано станав и насекаде во двор му сокрив метални парички, а за радоста да биде поголема и неколку кики карамели. Откако доручкуваше му раскажав приказна за разбојниците кои бегале од полицијата и во нашиот двор го скриле богатството. Беше многу возбуден, јас со телефонот божем скенирав и онаму каде што имав закопано телефонот "титкаше" па тој со лопатката бараше. Загарантирана забава од 1 час.