Со деца во изолација

Дискусија во 'Коронавирус' започната од RainBow, 19 март 2020.

  1. NarCis@

    NarCis@ Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    3.358
    Допаѓања:
    67.567
    Пол:
    Женски
    Не можев сите да ве исчитам, така по малку на блиц само :)
    Неколку идеи само да нафрлам. Големата лесно се заигрува сама, и немам некој голем проблем. За физичка активност почнав да ѝ пуштам видеа на јутјуб, има вежби и јога за деца. Интересно ѝ е, се занимава. Првиот пат и јас вежбав со неа. Малото е потешко за заигрување и по цел ден трча низ цел стан, ама и тоа ѝ здосадува. За неа вчера направив павлака со прехранбена боја, таа сината на др. Еткер и на лист хартија да бои. Ама пошто принцезата не сакаше да си ги извалка рачињата и да бои со нив, ѝ дадов кујнска силиконска четка, па со неа мачкаше. А јас? Јас почнав да правам guiet book. Интересна занимација и за мене :)

    Едит: Ќе ја крадам идејата на @Lolipop23 иако немаме двор, мислам дека и дома би функционирало :)
     
    Последна измена: 22 март 2020
    На 24.07, TeddyGrey и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  2. kristina.k

    kristina.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    19.032
    Пол:
    Женски
    Ние сме од 11 Март дома без излегување воопшто освен на тераса. Само ќе кажам блазе вас со големи дворови, колку толку не ја осеќаат децата тешкотијата на изолираност. До сега е многу добар, морам да го пофалам, за се што си планира вели в лето ќе правиме или в лето ќе играме надвор со другарчињата. Не очекував толку лесно да прифати, особено зошто е многу активен, сака да се истрча, да потроши енергија, како и секое дете.
    Пред некој ден го зедовме тротинетот од подрум, си вози дома, играме заедно, изработуваме за предизвикот на Дани на инстаграм и фб (#dabidemekreativnipredizvik), играме на музика, вежбаме, читаме, боиме, гледа и YouTube на телевизор и така поминуваат деновите. Од понеделник до петок е потешко до 17 часот сам се снаоѓа дури работам, ама тоа е.
     
    На 24.07, azelea, TeddyGrey и 4 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.784
    Допаѓања:
    46.534
    Пол:
    Женски
    Одлична идеја, баш ќе ја искористам кога ќе биде убаво времето. И мојата ептен сака вакви работи, има да се испорадува.
    Џокерче, убаво ти вика погоре Danichap, дај и вода, сакаат сите со вода да се шлапаат. Јас и давам и шампон, сјај, нешто за правење пена, или и правам пена, па си претура, си бања нешто, и давам пешкир и си ги суши после бебињата... Направи и тесто, мојата си реди ножиња и тенџерчиња, па го сече, го гмечи, му прави форми. Ти седни, пушти мозок малку на пасење. Ние и заедно вежбаме, или јас вежбам, ама пуштам музика, она игра околу мене.
    :hug:
     
    На gjoker4e, 24.07, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    37.035
    Пол:
    Женски
    Ние имаме книжарница веднаш долу во зградата и цело време докупувам материјали. многу ми се доапдна играта на @Lolipop23. Ние двор немаме, а ни тераса ;( Не ми се цмиздри, ми се рика ради ова, ама нема таков емотикон. Вчера собравме изртени желади од манастирот во Бањани, па денес маж ми купи голема саксија и ќе им дадам да играат со земја и да садат на плочки во кујна :^)

    Претходните денови цртаа, водени бои, темпери, слајм и кинетички песок, па следно сакам да направиме домашен пластелин со брашно и домашен слајм со чиа семе. Гледаат и цртани, малце им го прекратив јутјуб, за среќа и не ни бараат, сега пуштаме повеќе на Нетфликс. Играат многу и со барбики, но секогаш се затепуваат за една барбика, а ги имаат еден тон :D Во врска со затепувањето, отсабајле се супер и послушни, играат заедно, ама попладне ги фаќа криза и почнуваат со закачање, удирање...

    Инаку ги носев два дена по ред во парк шумата на Гази баба, првиот ден имаше двајца без тројца, вториот ден повеќе накотени луѓе, посебно вежбачикои неможат без теретаната. А вчера слушам било фул, испаркирани коли имало долж целата патека :doh: Ни отпаѓа местово за разонода. Скопје веќе нема такви места, ќе си седиме во станчево проклето.

    Со едните баба и дедо прекинавме гледање, незнам што да правам со другиве, во комшии ни се, децава ќе имаат можност бар да сменат "клима", имаат и тераса полна со цвеќиња, но проблем е што едниов е малку несериозен со контактите со луѓе.
     
    На gjoker4e, 24.07, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.694
    Допаѓања:
    258.184
    Ние бевме на Водно сега,од страната на Козле.
    20 мин пешачење и назад.
    Дома не се издржува.
    Не мобилен.
    Не цел ден телевизија.
    Не трчај низ дома.
    Не велосипед дома.
    ...
    Е што да прави??!!?
    Збеснав јас пред се.
    Ветерчето на Водно ми ја разбистри главата и мене.беревме гранчиња од раззеленети дрвја и дома правевме гоолем букет во вазна.

    Допрва не чека седење дома, да собереме сили и трпение, оние кои сме затворени во станови ќе ни биде потешко.
     
    На kukla21, gjoker4e, 24.07 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    10.796
    Пол:
    Женски
    Да си се олеснам на темава. Тешко е, многу е тешко. Со мм работиме од дома, ни треба концентрација, децата се мали, не знаат што се случува, ги фаќа нерва. Играме колку што можеме, ама искрено голем дел од денот во работа ги поминуваме, а треба да се зготви, да се исчисти, да се пере, да се спружува. Ќерка ми и да се заигра, се нервира малиот оди по неа и не ја остава. Играме продавачки, докторки, ама и за тоа треба време да се има. И треба другарче, научена е со врсници да си игра. Малиот е во фаза на проодување, и тоа не е лесен период. Тензија дома има, кај сите 4рица,ама тоа е, само здравје викам. Не сакам јутјуб да гледаат многу, знаеме колку негативно влијание може да се има ако се претера и со тоа,мада и тоа им е веќе досадно. Да е лето барем ќе им наполнев базен на тераса, ќе се шлакаа заедно, вака немаат заеднички активности, само си сметаат еден со друг и се нервираат. Сакам двор, очајно ми фали. Сега сфаќам колку е убаво куќа да имаш. Им делува сето ова, ги осеќам. Социјално ќе назадат, особено ќерката.
    И јас сум научена денски да излегувам, да шетнам, да платам сметки, да испазарам, да се подружам со другарки, сега сум дома, затворена, ме фаќа нерва, ми се наруши биоритамот и ми опадна имунитетот,изнастинав од дома седење :)
    Ќе помине се, ама долго ќе треба психички и физички да се опоравиме. Не знам за другите, си кажувам за кај нас дома
     
    На Doozy, No Makeup, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Женски
    Sedu mirna jas sum 3 mes vo izolacija umrevv jas..;( a decata ke mi pobudalat ne gi drzi mesto a pa laj nema skolo eksik i doma treba da ucat.sreka pa ne im treba mn za da skontaat inace ke letavme od 7mi:|:|:|:|,nie sme 2 nedeli doma,vie mn skoro ste se zatvorile.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    3.497
    И ние веќе од 11 март сме дома.
    Среќа имаме двор, но многу реквизити и немаме во дворот или тие што се не им се интересни.
    Некако неспремна ме фати целава ситуација.
    Играат со метла, џогер, четка. :|
    Вчера им извадив корпа со јаболка во тревата, се изнаиграа 1ч. Ќерка ги растура, син ги реди во корпата и така до бескрај.
    Бидејќи беше убаво и сончево им дозволив малку да се пошлакаат со вода те. штипките и некои животинчиња да ги бањаат.
    Од досада ѕидот од гаражата го излупија, го ронат и после нормално в уста. Исто и со земјата, тука си копаат со дрвца.
    Дома кога сме стандарт се шетаме низ соби и плачат за надвор, па седиме под клуч.
    Видов една игра на инстаграм и знаев дека ќе им се допадне со ролни од тоалетна хартија, не можеа да престанат со играта, детската соба хаос ја направија, битно пресреќни беа. Исто коцки, сложувалки, им дозволив и на ѕидот да чкртаат, но само во детската, куклите ги раниме, возиме коли, читаме книги, и тоа е тоа.
    Е сега негативно е што почнаа подоцна да заспиваат.
     
    На 24.07, Coco31, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    37.035
    Пол:
    Женски
    Значи после карантинов дефинитивно ќе ни треба реновирање :rofl:
     
    На No Makeup, Coco31, Dadusicka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    18.602
    Пол:
    Женски
    Што ќе носите после во градинка за самата градинка и за сите вработени? :rofl:
     
    На Dadusicka, Feodora и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    3.497
    Да, да баш сакав да го спомнам и тоа дека во право беше новинарот што си праша. :D
     
    На queen19 и Kitten им се допаѓа ова.
  12. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    636
    Пол:
    Женски
    Јас просто не можам да им се изначудам на луѓево. Како прв пат да седат дома и да играат со своите деца, па се скапаа ставајќи слики по социјалниве мрежи.
     
    На lavica82, mariz, zuto и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    65.364
    Нас ни е супер засега. Снегов не зезна малце,ама излегуваме. У двор сме скоро цел ден, и кога ќе здосади од копање, кубење трева, трчање... пуштаме музика у двор и денсаме.
    И правм и игротека у двор, имаме даски дрвани големи, па одеи по даски, па скока, па кругови, топки, па кош дава...
    Дома една вечер и дадов креди и и нацртав на тепихот улици за да вози колички (мојата сака коли и багери, ќе била полицаец) и немаме кукли за да си играме со нив. Вака цели саати возеше, а теписхот само го усисав и чист е.

    Месам често, па дел за неа од тестото и она меси.

    Од градинка секој ден имаат видео кол од учителката и она им дава задачи и после одма ги правиме, па ако не направам нешто како на видеото, ме кара, не рече така учителката мамо!

    За раце миење, немаме мака оти ја пееме The wheels on the bus и додека не ја испееме нема запирање и забавно и е.
    Неколку пати пршаша кога ќе си одат лошите чичковци со вирусот за да можеме ние да одиме у градинка, ама знае дека нема брзо да биде.

    Сег размислувам за идеја некоја долгорочна, ко да има секој ден активност поврзана, ко нешто да правиме градина, па секој ден дрво, па животни, или зоолошка... немам идеја. АКо имате некоја, кажете.

    Телефони уште се држиме, претежно на тв има, ама не цртани, повеќе сака емисии со животни и со риби. Верувале или не, гледаме Аграр, оти даваат кози и овци :(
     
    На referentka, Mami3, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    3.788
    Допаѓања:
    23.344
    Пол:
    Женски
    Сакав да ги прашам мајкиве чии деца оваа година ќе се запишуваат во прво одделение дали имаат инфо како ќе оди процедурата?
    Претпоставувам ќе се оддложи како и се останато:?: @Kitten ќерка ти мислам е врсничка со мојава, а и работиш во образование ако не се лажам, да не имаш инфо?
     
  15. Miki4eca

    Miki4eca Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Машки
    mora da gi naucite decata da sedat doma
     
  16. supergirlmb

    supergirlmb Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    5.815
    Пол:
    Женски
    Тестирањето обично е во мај. Има деца што ги враќаат за во август(ако не се спремни). Мое мислење е дека ќе се тестираат јуни/ август. Да се надеваме ќе заврши се до тогаш.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    37.035
    Пол:
    Женски
    Немам инфо. Никој уште не е свесен дека ова ќе потрае, МОН се тотално збунети и укочени, немаме никаков допис од нив во овие две недели откако принудно се распуштивме. Дури и директоров наш ме изнасмеа кога рече дека се надева во мај да продолжиме со работа.
    Значи чекаме на инструкции од Мон, ние имаме и полуматуранти што треба да ги оцениме за да се запишат во средно, значи ништо НИШТО не се знае како ќе биде. Веројатно до мај-јуни нема да се знае.
    Ќе те информирам кога ќе има абер.
     
    На referentka, NarCis@ и An-na им се допаѓа ова.
  18. supergirlmb

    supergirlmb Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    5.815
    Пол:
    Женски
    Има прес министерот за образование сега
     
  19. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.175
    Допаѓања:
    10.369
    Пол:
    Женски
    Да ја чујам @Presrekna на темава. :lol: ајде за големите лесно е. Ама што прајме со големи и плус бебе. Мене потешко ми е бебето да го анимирам. Искрено. Големото ќе измисли нешто ама ова малово... |(
     
    На mal.ecka, jacqueline.s и Presrekna им се допаѓа ова.
  20. supergirlmb

    supergirlmb Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    5.815
    Пол:
    Женски
    Мене единствено изолацијава од школо тешко ми паѓа. Затоа што не можам таблет да ограничам. Викам, казнувам, џабе. Ете денес конечно имаше на тв училницата материјал за поголемите одделенија па се загледа. Пред тоа, досадно му било, се тоа знаел тој, се имале учено:wasntme:. Со маливе јас бев прилично и пред ова во карантин, е сега што малку повеќе ни е ограничено движење. Играме се, ги оставам да растурааат, гледаат и цртани ама не се нешто да се занесат во нив. Ама со школово, незнам. Ќе полудам кај и да е ]:)