Хахаха верувајте јас изолација сеуште немам осетено Се шалам.Обврски колку сакаш така да нема момент да речам леле што да се прави. Големиот веќе момче. Нему никогаш не му е досадно. Чита, игра на ком, гледа филмови Еве почнаа и со часови. Но околу него имам обврски три пати јадење, ужинки, перење плус, садови колку сакаш. Машина за чинии за 18 души 2 пати пуштам. До сега ќе беше на школо па со многу активности, а сега само дома. Мине жал за него наместо за полуматура да се спрема, за многу натпревари регионални и државни на кои се пласира, седи со мене дома и ми помага. А бебе друга прича. Периодов е тешка. Сака цело време да ја анимираш, некој со неа. Сите расположливи реквизити се на готовс, клацкалка, хранилка, игралнао, подлога за играње, дури и летна количка користам за по дома. Денес метев со правосмукалка таа во количка по мене. А дома почисто не било. Само дезинфицирам, метам бришам. И готвам И месам. Мм веќе е +3 кг Сите непробани а посакувани рецепти по желба на синко ги направив. И сите успешно Марчи Ќе мора да издржиме. Не се даваме. Ќе помине и ова
Сега прочитав дека си во образование. Ги спомна деветтоодделенците. Како ќе оди да не знаеш оценувањето и уписите за средно? Синко е 9 одд и немаме никакво инфо. Знам ова не е приоритетно во моментов но ако има нешто те молам да ме известиш.
За изолација се смета ако има некој двор? Јас мислев изолација е само ако си во стан меѓу четири ѕида. Во двор детето може да се истрча, сепак друго е трча на свеж воздух. Побрзо ќе огладне, полесно ќе заспие. А во стан нема свеж воздух, не е исто трчањето, нема природа, небо, облаци, сонце, земја и слично. Во стан исто како во затвор.
Еве од синоќа се наметнува од министерство решение да се оценува онлајн. Како, ни мене не ми е јасно. Кај мене учат голем број деца од социјално загрозени фамилии. За уписите никој ништо не спомнува. Инаку има тема за ова, https://forum.femina.mk/threads/Коронавирус-–-образование-за-време-на-пандемија.31401/ ако сакаат модераторите нека ни ги преместат мислењата, па таму ќе споделуваме информации.
Па дефинитивно полошо е во стан. Сепак, 4 годиншно дете има потреба од социјализација, посебно ако одело у градинка, ги бара другарчињата, мојата дури и ги сонува. Не може да оди у парк на лулашките, не може да си игра со комшичето, не може со мене на прошетка низ селото што ни беше омилена активност порано... Нема возење точак низ маало. ни тротинет. Нема одење кај баба, нема одење кај моите, нема на родендени у игротека... Ние кога живеевме во стан и без коронава бевме ко у затвор, затоа и сакавме куќа. Вака не можам да замсилам колку ви е за никаде. На пример синоќа правевеме снешко, а у зграда не може тоа Како и да е, дете ќе биде со месеци на едно место и тоа е пекол за сите.
Takodze... ama ne se izerzuva veke... Stvarno e nenormalnooo,ne deka sum nekoj setac domasar sum ama 3 meseci umrev
И нашата градинка има по два пати во денот активности. Е сега, активностите се со пример темперни (немам дома) со пластелин (немам дома)... Затоа ме фати криза , се осетив дека неможеме да одиме во чекор со активностите, па смислувам нови. Ако не работи Базаро, баш ќе ми е криво, немам од каде да купам материјали, Не купив на време кога беше се отворено
Тримакс работи, а и доставуваат дома. Јас маж ми од таму го пратив да набави. Утре ќе оди по нови залихи. Исто и Просветно Дело читав дека можеш да нарачаш од ФБ.
Рефке имаш и во Веро Џамбо маркетот пластелин, темперни, водени, колаж. Знаеш колку е достава? Во просветно е бесплатна достава за над 2000ден., ама не знам која цена е инаку. Исто и за Тримакс. И ве молам некоја ако начека чоички во боја, да ми пише. Јас порано од Џамбо ги купував, ама сега не работи. Во Тримакс маж ми ги купи последните две, а на веб страната не можам да најдам за да нарачам.
Чекај сега, кој Џамбо? Маркетот внатре работи, Џамбо-Џамбо не работи. Инаку трговскиот е отворен, јас бев завчера.
Мене и онака ми требаше реновирање (тоа беше во план за периодов), а сега со изолацијава... нова куќа може ке ни треба @referentka јас бев завчера до книжара во автокоманда (мислам е Просветно), во таа нема што нема. Од цветови, бубамари, пеперутки, до пастелини, игри секакви, се.
Нас океј ни поминува денот сеуште. Се закачкаат, се караат, па почнав и јас со карање....им викам дека ке им ги заклучам играчките, дека нема да пуштам цртани, дека ке си седат на кревет само и ке им биде многу досадно, па слушаат сега за сега, ако не слушаат стварно ке го направам тоа. Иначе досадно не им било, малата 2 пати побара градинка, а синко не сакал да оди поубаво му било дома Многу се срами, па се гледаме на месенџер на видео повик со другарчињата ама мојов само гледа, не збори. Од занимации, си правиме цветови, шлакаат со темперни, правевме цветови од овошје, за денес ке смислиме нешто но гледам секој ден да имаат некоја таква активност. Си се заигруваат и заедно сами во соба. Со малата се занимаваме со шминки, се лакираме, денес ке и дадам да ме шминка Пуштаме гласно музика и чистиме играчки и играме (вака најдобро се чисти да знаете, и за деца и за мајки интересно) Во дневна разделив маси, кревети им направив простор поголем, за да може да скокаат играат на музика. Им правам шатори со кебиња, столици. Другоо... им полнам када и се бањаат со 300 играчки Им давам за некои работи да ми помагаат во кујна... Малата преспива преку ден еднаш, па тогаш пијам дури кафе... Сабајле неможам да стигнам да пијам зашто станувам и пијам Еутирокс, па не смеам еден час ништо и веќе после и они стануваат и ни почнува денот. Времево не зезна овие денови, иначе како што кажав доста време сме и во двор.. но овие денови не. И тоа, пак ке кажам заследете го профилот на @danichap Има идеи и од неа, идеи од куп мајки, има и од мене Има и тука на Фемина тема за кој не ја видел. Се вика Да бидеме креативни предизвик. И така, ова од сабајле го пишувам и никако да го допишам. Се надевам дадов некоја идеја.
Не знам колку е достава. Инаку, страната им е прилично сиромашна, во однос на тоа што имаат во продавница. Имаат и ФБ страна, можеш таму да прашаш.