1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со кого си, таков си

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 25 април 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Со кој си таковси. Ова впрочем е народна поговорка, или пак онаа другана: каков газда такво куче. Оваа поговорка дава слика дека човекот секогаш си бира некој што него му прилега, неважно дали се работи за друштво или партнер.
    Што мислите,дали е ова точно?Дали ви се има случено,да се наоѓате во околина во која никогаш не би посакале да се најдете,само затоа што на одредени 50% од темите не се вклопувате?Дали сега другите треба да ви стават белег дека и вие размислувате исто како и тие ваши пријатели со кои впрочем воопшто не се сложувате на одредена тема? Или пак доколку еден родител е алкохоличар,тоа треба да значи дека и детето ќе е алкохоличар?
    Што правите во таквите ситуации,и кое е вашето мислење,дали треба да се носат заклучоци за некого според друштвото,партнерот,родителите...?
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Со кој си таков си

    Mногупати се среќавам со оваа изрека.Ми ја имаат кажано,ја имам кажано,ама никогаш да се задлабочам дали е навистина така?

    И да и не.

    Навистина влијае опкружувањето околу тебе,создавањето навики,ама се до то колку ќе си дозволиш.
    Има друштва што нон стоп се пијанчат,прават тепачки и нормално за некој што се дружи со нив сум рекла дека е таков.Зошто тој е свесен какви се,значи не му сметаат за дружење,се поистоветува со нив,штом веќе избрал да е со нив.
    Има случаи каде родителот е алкохоличар и детето е.
    Но има и примери каде детето баш напротив,го мрази алкохолот.
    Имам роднина,чиј татко како мали ги малтретираше ,пиеше многу,и тој реши да не стане како него,напротив замина за Англија и стана многу успешен.
    Имам братучед ,кој навистина пие и е проблематичен,а и татко му беше таков.Многупати сме коментирале за овие две спротивности-дека наместо да биде поучен од примерот на татко му-дека не треба така-тој го следи....
     
  3. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    Oва е најглупавата изрека што некогаш ја имам слушнато!
    Ако јас имам свој цврст став кон одредени работи никој неможе да ми го смени,јас ги одредувам своите навики јас избирам што и како сакам, и никој неможе тоа да ми го промени, ниту друштвото, ниту било кој друг.
     
    На Inhume, faye и milicka19 им се допаѓа ова.
  4. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    Можеби вистина е најглупавата изрека но има и нешто вистинито во неа. Не можеш како прво да живееш со некој ако не одговара на твојот карактер. Ако не се ни совпаѓате нема ни да живеете. Мора во нешто да да најдете заедничко. Пијаница си се дружи со пијаници, курва со курви итн. Колку примери знам кога мирна девојка влегла во друштво на курви и се расипала и таа. За мене е вистинита изреката. Е сега има исклучоци. Моето друштво сите пушат цигари само јас не. На мене тоа не влијаело. Тоа си беше мој став. Јас ќе речам и зависи од личноста и колку цврство се држи до нејзиниот став.
     
    На Anja98 и janafilth им се допаѓа ова.
  5. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    Toчно така, се дружам затоа што ми одговара неговото друштво, но тоа немора да значи дека ќе ги следам неговите стапки и ќе бидам она што е тој, јас имам свои гледишта и свои ставови кон одредени работи, немора да значи дека секогаш треба да се исти само поради тоа што мене ми одговарало да бидам во негово дурштво!
     
  6. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Со кој си таков си

    Курвите може да бидат добри со тебе и пијаниците и крадците и наркоманите .
    Можат да те ислушаат ,да ти дадат совет ,да побараат совет ,да бидат рамо за плачење....
    Треба да имаш цврст карактер кој нема да се менува дружејќи се со нив.
    Сега не викам дружење 24/7 ,ама чести средби,долги разговори ,заеднички теми, заеднички моменти.
    Курвата не била одсекогаш курва ,пред да стане ако ти била најдобра другарка ти нема ништо згрешено и ќе и речеш курва си чао ,пријатно нема да се дружиме веќе , не е така.
    Јас можам да го поднесам тоа , човек додека не ми згрешил мене лично нешто нема да го одбегнувам .
    А за тоа дека другите ќе мислат дека и јас сум таква какви што се тие со мене ,нека мислат ,тие што ме знаат стварно која сум ,што им значам ќе знаат дека не е така .Со небитни и непознати луѓе не се замарам нивното мислење ич не ми е важно.И со курва и со пијаница и со крадец јас сум Јас!
     
    На eloves, Ina Lina, faye и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    Дека си бираш друштво кое ти одговара-точно е. Но не мора да значи дека ги делите истите особини или пак дека карактерот ви е ист.
    Чист пример филмот-Сексот и градот.
    Четири пријателки, четири тотално различни карактери а толкава хармонија кога се заедно. И што, само затоа што Саманта еве ќе ја земам за пример, опседната е со секс, додека Шарлот е нај прибрана и воопшто не го оправдува тоа што го прави Саманта, сепак се најдобри пријателки. Од секогаш сум била против тоа- с'ким си такав си! Не дека не би ги правеле истите лудории во друштвото, ама да се поистоветуваш со нечиј карактер само заради тоа што сте во исто друштво, не е правилно.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mecheto1

    Mecheto1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    52
    Со кој си таков си

    Па вака површно гледано,стварно е така. Е сеа,сигурно нема до ситници да се исти сите во друштвото.
     
  9. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    Со кој си таков си

    кај мене е обратно обично тие се прилагодуваат со мене,и може и да се дружам со пушачи а јас да не пропушам за некои работи и да сакам неможам да се сменам :)
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Со кој си таков си

    Релативизам.
    НО, што е со луѓето што се со сите и со никој?! Тие страшно ме бунат и да не одам по стереотипот со кој си,таков си! Кои се тие всушност?! Нема таков на светов што може со секого да се најде на пола пат! А ако има,се вика мултиперсоналити дисордр,ама у некоја модифицирана варијанта или толкава сервилност што метаморфизира на секоја личност која ќе ја сретна,што од друга страна се вика мекуш и безрбетник.

    Јас имам другарче на пример си слуша рок,ама оди и на концерт на Аца Лукас од некои свои разлози,па тука се побиваме. Едно време го гледав со други очи,мислев нема да се смени,ама тоа е сега една од работите кои ги кажувам ко негова предност,а иначе ќе речев сељачиште едно ако го слушаше и Полумента на пример! Ама јас на пример не ги слушам ни обајцата,ама пак го сакакм другарот. Ко шо сме различни со другарка ми,а цел живот сме гз и хеланка.
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Со кој си таков си

    со лугето со кои имаме заеднички гледишта/цели на нештата, животот се дружам, и не можам да им забранам што тие ке прават со своите животи,ниту па ке дозволам тие да ми кажуваат со мојот живот што ке правам јас.

    а тоа дека ако таткото е алкохоличар е вистина ама и не мора да значи-зависи до карактерот на личноста
    и во други теми имам пишувано дека со еден од родителите го имаме тој проблем, па еве ниту јас ниту брат ми не сме по алкохолот :) а познавам личности на кои татковците им биле хронични алкохоличари и нивните синови тргнале по нивните стапки.
     
  12. Strawberry.6

    Strawberry.6 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    10
    Со кој си таков си

    Не се согласувам со оваа поговорка.
    Сите мои другарки го живеат животот на различни начини, но тоа никогаш не влијаело на мене или на било која од нас, па за да можеме да кажеме дека “со кој си - таков си“.

    И многу ме иритира таквиот став, не можеш да цениш некој или да оформиш мислење за некој само од тоа што ќе видиш со кој се дружи. Секој си е приказна сам за себе.
     
  13. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Со кој си таков си

    Донекаде е точно.
     
  14. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    Мислам дека до некаде е точно.Личен пример земам од мене.До лани бев многу мирно и повелечено девојче.Но сега на еден начин го сменив друштвото,и со тек на времето почнав да се однесувам како нив.Кога ќе размислам малку поубаво каква бев порано и каква сум сега,едноставно не се препознавам себе си.
     
  15. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    Со кој си таков си

    е тоа секат ме нервирало ако таков е татко ти и ти ќе бидеш, хахха ма нека се самозапалат тие така што мислат. Или ако некој е таков друштвото и ти сеи таков , јесте да се дружиме со луѓе слични на нас али сметам дека тоа не е пресуден фактор
     
  16. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    Тоа да ама пример сега ќе речат најдобрата другарка на thelittle е курва, спие со кој ќе стаса итн. Аааа значи и thelittle не е ништо подобра. Колку е значи лошо кога средината ќе те гледа со некоја личност која е етикетирана во општеството а ете ти поим немаш од тоа ниту па го правиш тоа. Ама таа тие најдобра другарка цел град зборува за неа а за тебе мислиш нема? А кога таа се дружи со неа и таа е таква бидејќи нешто тука ги привлекло нив две. Ме разбра што сакав да кажам или? Но со тек на време бидејќи таа ти одговара значи прифаќаш дел од нејзините ставови, мислења, манири и сето тоа изгледа како ти да го одобруваш а можеби и го правиш тоа и точно и ти си таква. Колку примери само знам. :) Темата е општо поставена и затоа јас си зедов за право да поврзам како сакам и како јас тоа го сфаќам. Значи ова е само пример и не го упатив директно на тебе само посочив за што јас ја сфаќам таква изреката. И реков значи има исклучоци. Има луѓе со цврст став и карактер кои не паѓаат под влијание и таквите и си наоѓаат слични на нив. Како да ја вртиме темата за што и да речеме пак идеме на тоа дека со кого си таков си. Мора нешто да те врзи со таа личност, да имаш заедничко дури и да бидеш како него иначе како ќе опстаните. Или што прави друштвото твое и ти исто. Ти не ќе делиш? Одма нема да им одговараш ќе те исфрлат. Со тек на време ќе ги примаш навиките нивни можеби и неосетно. Е сега до буквала неможеш да си ист со некој. Но повеќе мислам дека оваа изрека е баш за тоа што посочив. Луѓето со некој порок или етикета во општеството за нив би се рекло дека со тој што се и тој ќе биде такво каков нив. На тука се задржува мојот став. Поинаку и не би ја сфатила оваа изрека бидејќи исти луѓе нема но онака без веза и не е измислена оваа изрека мора за нешто да е и да е посочена. Мислам дека тука и сите треба да се задржат да коментираат.
     
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    А најдобрата другарка ти е еве да речеме докторка, тоа значи дека и ти си докторка зошто се дружите или поговоркава важи само во негативен контекст?? :?:
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  18. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    Епа за така е и наменета ништо од мене измислено :) Значи еднаш кажав не вреди пак да се повторувам. Различни луѓе со различни мислења. Кој како си сфаќа. :)
     
    На Tara12 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Со кој си таков си

    Ова што го наведе не е 'со кој си таков си' туку македонски менталитет :)
     
  20. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    Епа тоа е нешто што останало од памтивек и никој не може да го промени. Голем дел од постарите секогаш така викаале ако се дружиш со некоја личнот која има порок ќе постаниш и ти таков. (арамијата со арамии се дружи, курвата со курви, пијаницата со пијаници). Јас така ја разбирам изреката а не знам ти како? И сите тие изреки произлезени се од тој менталитет јас нешто не измислив. Таква е средината во која живееме и такви се луѓето и нормално е да се очекуваат секакви мислења. И тука се мешат и баби и жаби и професии. На прашањето ако другарка ми е докторка и се дружам со неа и јас сум докторка значи е толку сум се смеела на тоа. :) Зборувам за негативните работи а не за професиите. Еве дури и за позитивните ако си во друштво на примерни и паметни деца кои учат и ти ќе бидеш таков иначе ќе те исфрлат од друштво ќе им делиш. Така и обратно. И сега од секое правило има исклучок. Јас не знам во кој дел не се разбираме :)