1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со кого си, таков си

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 25 април 2012.

  1. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Со кој си таков си

    Според мене има вистина во поговоркава се додека не се сфаќа буквално.
    На пример еве имам јас пријатели со кои се знам долго време и сме ептен блиски. И во многу полиња сме слични. Се смееме на исти шеги, во принцип сакаме исти работи, имаме исти интереси и постојано се надополнувале како личности. Во голем дел сум слична со нив но никој не вели дека сум иста како нив. Никој со никој не може да биде ист, сите сме различни личности. Тоа подразбира дека со поговоркава не се мисли дека ако другарка ти е доктор треба и ти да бидеш. Туку еве забележав дека тие што сме поблиски имаме скоро ист ракопис а пред да се запознаеме сме имале сосема поинаков, користиме слични фрази и во повеќето ситуации рагираме исто.
    Тоа е резултат на блискоста.
    Така што, со кој сум таква сум. Не иста личност но тие носат дел од мојата душа како и јас од нивната. Затоа сме вакви какви што сме толку слични а сепак посебни. Пријатели. :)
     
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    може а и не мора да значи,според мене на некои може да им влијае друштвото а на некои не,пример ако моите пријателки прават некои работи ако мене не ми се свиѓаат и не сакам да ги правам им кажувам јас тоа не сакам да го правам и крај на муабетот,искрено мислам дека овде многу влијае карактерот на личноста значи може а и не мора да важи оваа изрека
     
  3. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Со кој си таков си

    Хммммм Мислам дека поговорката е малку неточна,но ајде да ја разглобиме малку.
    Ским си Такав си - Кој е со кого во случајот ? Дали ова важи за личност лесно подлежна на туги сугестии?
    Ако едниот е добар другиот е лош,што би се случило,дали добриот ке стане лош или обратно ?
     
  4. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Со кој си таков си

    Абе сите сме си посебни,али ако долго се дружиме со некој нормално е дека ќе попримиме некои негови навики,исто и тој од нас..Ама да бидеме скрос како тој некој,не.
     
  5. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    Како што ниту еден прст од твојата рака не е ист така и луѓето нема да сме исти. Од мене или од тебе неможе да има копија освен ако не направат клон. :) И за другото си потполно во право само ете смисолот и различноста во искажувањето некогаш доведуваат до погрешно сфаќање. Значи од личноста ние попримаме некои навики, начин на живот, стил (било да се работи за позитивни нешта или негативни) но во никој случај ни не сме ИСТИ со неа. Еве и во книги сум среќавала колку средината врз децата влијае во поглед на негативностите. Ако имам многу повеќе соседи склони кон девијантност тие и самите ќе постанат такви. Значи ова го потврдиле научници, професори, доктори на науки и од тука си зедов за право да ја реализирам изреката, но во никој случај да речам дека некој е ист со некој друг само затоа што изреката била така сфатена од некој. Да разграничиме значи. :D Тука има милиони луѓе со милиони мислења и секој засебно си сфаќа и си формира мислење.
     
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    Леле мори мајко каква глупост, какви ти биле соседите таков ќе бидеш и ти(смајлиштосипукавоглава)
    Нека дојдат сите тие професори, научници и доктори на науки да ми објаснат како јас покрај поголемиот дел на соседи кој се дилери на дрога не сум дилер на дрога а ниту комсумент на истиот.

    Доста бре пишувате вакви глупости само колку да си ја оправдате склоноста кон етикирање на се живо и диво колку да се чувствувате подобри од сите:x
     
  7. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Со кој си таков си

    Има вистина во поговоркава..
    Можеби не буквално,но вистина е.
    Секое друштво е посебно и различно..Ако тебе ти одговара тоа друштво,ако имате исти теми за разговор,ако сакате исти места на излегување,ако слушате иста музика итн итн итн итн...значи се надополнувате..
    Ако се дружиш со бубалици и ти ке си преоптеретен со учење.
    Ако се дружиш со кафански луѓе и ти ке си кафански човек.
    Неколку прости примери..
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Со кој си таков си

    Кој како шо заслижува.........
     
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Со кој си таков си

    Не мора да значи,ако си слаб карактер ќе подпаднеш на влијанието.Ако некој од родителите тие алкохоличар ако умее да расудува ќе сфати дека тоа е најголемо зло и сигурна сум дека никогаш нема да сака да биде како родителот.
    Воедно некаде имав читано дека лицата кои се вовлекуваат по алкохол,дрога тоа се лица кои имаат комплекс на пониска вредност и затоа карактерно се послаби на каков и проблем да наидат го решаат со акохол и.т.н,меѓутоа тоа најмногу го чуствуваат нивните деца,треба да имаат закрила од роднините за да не се срамат и да не се чуствуваат поневредни од друѓите.Треба секој да сфати дека секој има свој живот и да се обиде со крената глава да си го живее било да е скромен,но во душата да е мирен.
     
  10. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Со кој си таков си

    Не мора да значи дека со кој си таков си според мене ако некој прави нешто што тебе не ти се допаѓа и ако имаш цврст карактер и свое Јас кој што ништо и никој не може да го побие,тој другиот ако сака нека се намести на глава ,а ти ако си решил да не го направиш тоа, ниту една жива сила нема да те убеди во спротивното. Но,како што кажав мора да имате цвтср карактер и да не потпаѓате под влијание на другите и да се грижите што ќе речат тие и дали ќе ве сакаат во друштвото ако не го направите тоа што тие го прават. Вие мислите дека тоа не е правилно,па што сакаат нека си мислат другите.
     
  11. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    Еј малку полека! Не реков јас дека заради соседите секој ќе стане таков. :@ Сум го сретнала во литературава од која учам и не мие воопшто глупаво. Само ти не ја знаеш смислата и значењето на тоа што е пишано, читаш само така површно. И не за џабе е изреката измислена иначе немало ни да постои ако нема нешто во неа вистинито.
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Со кој си таков си

    Јас сум цврста во карактерот, не потпаѓам под туѓо влијание. Може до мене да бидат алкохоличари, насилници, коцкари, ку*ви или билокој друг, но јас ќе останам иста.
    Значи не се менувам заради другите, ниту можат да ме преубедат во нешто. ;)

    Од друга страна, имам пријатели слични како мене, и навистина кога сум со нив, таква и сум како нив. :)

    А, иначе да сме реални, ако видиме некое друштво, сите членови ги етикетираме како исто.
    (пр. некои се познати како ку*ви, па било која да ја видиме во нивното друштво, ја етикетираме како да е иста како нив).
     
  13. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    Оваа изрека е доста употребувана, меѓутоа не значи дека ако си постојано со некого кој што не ти одговара дека и ти ќе бидеш како него. Тој си има свои размислувања, ставови, навики и не мора да значи дека и ти ќе бидеш таков, меѓутоа ова го пишувам во случај да си принуден да си со некого да го поминуваш времето. Се пронаоѓам во ова, бидејќи многумина од нас, сакале или не, принудени сме да ги поминуваме деновите со луѓе кои што воопшто не ни одговараат како на пример на училиште, факултет, работа.
    Али луѓето кои што самите ги бираме за наши пријатели, мислам дека има голема веројатност и ние да станеме како нив, секако - чест на исклучоците :!:
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.202
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    Верувам дека погоре веќе е кажано, се зависи до карактерот на човекот. Ако некој потпаѓа под туѓо влијание, подводлив е, нормално дека ова важи за него.
    Тоа не е случајот со мене, сум се дружела со многу луѓе од секаков тип, ама никогаш не сум ги погазила своите принципи.
    На времето беше еј, не се дружи со нив, тие пушат па и ти ќе пропушиш. Или тие се пијаници, или тие се вакви такви. Ако ти си имаш свое јас, свои ставови и размислувања, луѓето какви сакаат нека бидат.
     
    На Sanniii, faye, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Со кој си таков си

    Мене никогаш не ми текнало да ставам некој во извесен кош само заради неговото друштво. Не ми е битен фактор во проценката на личноста, веројатно затоа што јас се дружам со огромен спектар на луѓе, сите различни во карактерот и навиките, сите добри во душа, но различни по животниот стил. Нормално групата со најслични интереси ми е и најблиска, но тие немаат врска со мојот карактер. Делиме исти интереси, ама некој е флегма, некој е енергичен, некој меланхолик, некој депре, некој ко у казан екстази да паднал.

    Многу ми е поважно како личноста ќе се постави кон мене, со кој сакал нек се дружел. Секогаш давам шанса на луѓе што добро се однесуваат кон мене, а мислењето за нив го градам врз основа на нив самите, а не на друштвото во кое висат.

    Најсмешно ми е, а уствари е прилично трагично, тоа што оваа изрека многу често се користи во однос на послободните девојки. Као промискуитетноста да е заразна, па ќе дојде некој ќе се дрзне да праша „Абе зашо и праиш муабет, к*рва е“. Ама тоа е, дур има аналитичари што ќе ти го толкуваат животот, милион работи ќе слушнеш за тебе врз основа на тоа со кој се дружиш.
     
    На Inhume, faye и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  16. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Со кој си таков си

    Лично за мене не важи ова правило.. Никогаш не сум подпаднала под нечие влијание т.е. сум станала како некој. Си имам свое јас, знам каде и по што одам :) Секоја индивидуа си има право на свој идентитет, карактер, морал или неморал, принципи. Само прашање е како ќе ги постави, познавам многу кои се такви какви што се тие околу нив.. Жално според мене.
     
  17. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Со кој си таков си

    Највише од се зависи карактерот на личноста.Јас на пример имам црвст карактер и кога ќе кажам за нешто не и на тоа останува.Се случувало да се собереме и да пиеме ама јас да не претерувам и ми викале леле не пиеш не си друштвена а мене па ми е гајле не сум сакала и сум останала на тоа ЈАС ШТО ГО САКАМ.Секако дека и опкружувањето многу влијае али кај секој човек различно.
     
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Со кој си таков си

    Е па тогаш цело друштво ојдовме јабана :!:
    Секој е различен на свој начин, имаме различни интереси, различни гледишта на животот.Дури и живееме во различни градови.А сепак сме ептен добри пријатели.И далечнита не ни смета воопшто, животот не разделил само во километри.Сметам дека дури и нелогично е да не поверува човек дека ние компанија уствари се дружиме меѓусебно.Имаме секакви мангупи,наркомани,прибрани и промискуитетни,затуцани,откачени и кукавици.Учени и незаинтересирани.А јас верувајте не сум сите тие работи :^) И нема да бидам.Само дечките ми се добри пријатели,али ептен добри.И си ги сакам такви какви што се.Не сум како нив ниту тие како мене.

    И не верувам дека ширам лошо влијание.Досега никој не ми рекол - "Мајка ми рече да не се дружам со тебе". :rofl:

    Дури и со мајките им се дружам.И разбираат комплетно дека јас сум несалам :D
     
  19. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    26
    Со кој си таков си

    Највеке ме боли кога ке кажат дека сум идела по паметот на мојата најдобра другарка а воопшто не е така Таа ништо не ми прави ништо не ми вика а зошто вакво мислење имаат неколку личности незнам зошто :)
     
  20. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Да, цврсто верувам во поговоркава.
    Можам да набројам неколку примери од вистинскиот живот на кои јас сум била сведок.
    Значи тоа најчесто се случува кога една индивидуа која е несигурна во себе, бара начин да се поврзе со некого, иако личноста е различна од неа/него. Веќе е спомнато дека треба да имаш цврст карактер што е многу вистинито. Ако се дружиш со пијаница и немаш некоја потпора, и ти ќе станеш пијаница за кратко време.

    Тоа е тоа чуство кога мислиш дека си се вклопил со дружината, затоа јас внимателно ги одбирам пријателите. Можеби другите мислат дека сум ладна затоа што веднаш не се поздравувам со бацување, или пак сум дистанцирана, ама тоа е затоа што јас не знам каква личност си ти. Кога веќе ќе те запознаам, е тоа е друга приказна.