1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со кого си, таков си

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 25 април 2012.

  1. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Важи оваа поговорка,но не и за тие луѓе со цврст карактер.Мислам дека такви се поретки .Некои намерно се трудат да бидат исти како некого и нивните идоли им ги перат мозоците,да кажам.Немаат свое "јас".Или пак,ненамерно прават работи кои ги прави и дружината.Не го искажуваат нивното мислење и паѓаат во сенка.Сами се менуваат бидејќи се несигуни во себе.И не се обидуваат внимателно да ги изберат пријателите,бидејќи кога тогаш ќе станат како нив.Ете,тие се тие за кои важи ова"со кого си,таков си"
    За разлика од нив, личностите со цврст карактер стојат зад своите мислења и никој не им го пере паметот.Потоа, знаат да одберат друштво(за тинејџери ова),пр. тие нема да имаат пријатели кои се склони кон пороци,ниту ќе имаат некаква врска со некој кој ќе сака да ги контролира.
    Јас најискрено спаѓам во вториве.Познавам вакви клонови и избегнувам премногу блиска дружба.Има две кај мене во клас што сакаат да контролираат и обично повеќето потпаѓаат по нивно влијание.Се овие главните што прават и нивните "фанови" прават.Јас се имам простено со овие,и си имам друго друштво.И пак си останувам зад моите мислења. ]:) Исто така,се одржувам на дистанца со тие кои ми се обични соученици,а не како некои,првпат се виделе и одма се бацуваат и гушкаат,одма се верни другарки. :headbang:
    Значи не можам да си се замислам себеси како менувам мое мислење заради некого,ниту можам да замислам како потпаѓам под нечие влијание.
    Мислам дека е доволно. :talk:
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Едно големо НЕ! Пример 1: Јас.
    -Јас и моите другарки сме како два различни света, така си бевме и така останавме, воопшто не станав како нив, а и не сакам.
    Пример 2:Прометеј!
    -хахаххахахах! :D
     
  3. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Не воопшто не е тоа точно.Јас со другарките сме како два различни света.Долго време се друживе и тие воопшто не ме променија.Сите другарки се исти само јас од друштвото сум различна.И јас се гордеам што сум различна од нив-не сум иста како сите!Некои на почетокот но и сега се исмејуваат но не вреди да сум како нив.Тие немаат според мене домашно воспитание-но јас имам уште од мали нозе,тие немаат карактер и незнаат како да се однесуваат-јас имам карактер и знам како да се однесувам со секого,пред наставниците се понашат како што се понашат со другар/другрка-јас со наставник се понашам како што доликува да се понашаш пред воздрасен човек,во друштво секогаш некого оговараат-јас не се интересирам за друѓите личности кој каков бил тоа си е нивен живот па секој има право животот да си го гледа сам за себе сигурно нема јас да им го гледам,постојано употребуваат некултурни зборови-јас во животот пред никој човек не сум употребила навредлив или некултурен збор...ЈАС СУМ ТАА ШТО СУМ И НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА МЕ СМЕНИ...
     
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Пола пола.Во некои случаи важи ова правило кај полесни карактери,а некаде не мора да значи.
     
  5. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Само ако имаш цврст карактер и свое јас нема да станеш таков какви што се тие околу тебе.
     
    На Dog-lover и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  6. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Колку е само точно ова :clap:
     
  7. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Само цврст карактер и свое ЈАС се признава,ништо друго,без разлика на околината во која што се наоѓаш.Ако може таа да дејствува на одреден човек,тогаш тој нема свое ЈАС,не може да прави тоа што мисли дека така треба и најчесто оди по паметот на другите за да се вклопи во средината т.е во друштвото.
    На човек со цврст карактер не може тоа да му се деси без разлика колку расипано друштво има.И најпаметно е да го остави тоа друштво доколку увиди дека не е за него,не ради тоа што ќе стане таков како нив,туку од причина дека некои други луѓе ќе зборат за тоа друштво вклучувајќи го и самиот човек што не е како нив.
    На луѓето не можеш да им ја затвориш устата и најчесто зборат "ским си,такав си" од причина дека се дружиш со нив,иако ти не си како нив.Затоа е најпаметно да се откачи такво друштво и да се побара ново кое ќе одговара.
     
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    дефинитивно не е точно :)
    колку и да си поразличен од друштвото,твоето однесување е индивидуално,и се однесуваш во согласност со твоите принципи и вредности..и тоа не може да се смени..
    единствено доколку друштвото ти е 'познато' по некое однесување како расипано или сл,бидејќи менталитетот ни е таков одма си идентификуван,етикетиран и ти како таква личност..колку и да е погрешно тоа,сепак така е..
    инаку,доволно е самите да си знаеме кои сме и што сме,и колку вредеме :)
     
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам :shake:
    Јас и другарка ми сме два различни света, она е откачена, бесна во друштво сака да е во центарот на вниманието, постојано сака да е фалена, да и кажуваат дека е згодна, убава, срам нема никаков, без проблем додека е со непознати луѓе може да ждригне, што најмногу ме нервира.
    Додека јас сум тивка, срамежлива, во друштво на непознати се срамам, ако ме праша некој нешто ќе одговорам, ако не си молчам, не ми е гајле кој што мисли за мене, неморам да се смеам ко нездрава само за да ме приметат... И јесте да знам на моменти да откачам :D али тоа е само некои период ден, два и опет назад на старата јас :)
     
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И важи и не важи.

    Јас можам да имам другарка која е лесна, неморална, кради или што било, ама јас да не сум како нејзе, и без разлика на се да не ме наведе на ништо такво.
    Ама ако имаш свое јас, карактер и не дозволуваш лесно да те возат.

    Но, има и многу случаеви каде сите се исти. И поради таа причина и си се дружат, не?

    Јас се дружам со секакви, ама одбегавам пречесто дружење со луѓе кои се премногу различни од мене, кои се во негативен контекст, зошто со таквите и немам многу заеднички муабети, а и не сакам да добивам погрешна слика отстрана гледано, сепак си го знаеме нашиов менталитет каков е.
     
  11. KittyCat84

    KittyCat84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Значи оваа изрека е најглупавото нешто што го имам слушнато во животот. |( Секој си има свој карактер и свој став |( НЕМОЈ МОЛИМ ТЕ ! |( ова го измислил некој што си немал што да прави па се истраскал :lol:
     
  12. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам :)
     
  13. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Донекаде има вистина во ова и јас би се изјаснил дека е така.Многу значење има луѓето што не опкружуваат-дружат какви се .Не велам дека ке бидеме лоши како нив но неминовно е да попримиш одредени карактеристики или лоши навики.Сите можеме да се лажеме дека не е така но барем да си признаеме самите на себеси ......А и џабе не е кажана изреката "пријателите се бираат,роднините се тие :$ "

    п.с самите избираме какви ке бидеме :$
     
  14. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Оваа изрека или што и да е нема врска.Секој си е споствена личност,има свој карактер и сопствено ЈАС.Секој сам си одлучува за неговите одлуки и постапки во животот.Ако некој лошо ти влијае ако имаш малку акл ќе го остраниш од животот и обратно ако некој ти влијае позитивно ќе се дружиш со нив.
     
  15. ABeautiful

    ABeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    56
    Не се согласувам со тоа...Ова можеш да го кажеш во момент кога нешто ќе направиш како тој што направил (тој што е со тебе)..па ќе кажеш ,,Со кого си,таков си,,.Секој човек е различен!Различен карактер,различно размислување,различно толкување..Единствено може да ти делува тоа што си со него...
     
  16. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    е нема врска. неможе да те смени пријателот.
    ако пријателот, еве на пример. сака блондинки, сигурно нема и ти под негово влијание да почнеш да сакаш блондинки. :D Мнг прост пример, али сакам да кажам дека, една личност не се гледа по друштвото.
    Еве на пример, јас сум многу поразлична од другарките. Тие се дволични а јас не сум. :|
    И само со 2-3 другарки си имам исто мислење. Ама повеќето се многу поразлични од мене.
    Различни карактери,различни мислења, различни постапки... :)
     
  17. sparklegirl

    sparklegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    29
    Донекаде е точно за оние луѓе со слаб карактер. На пример снобовите (не сите богати) се дружат ислучиво со снобови бидејки на нив такви плитки личности им одговараат. Но јас сум мнооогу поразлична од сите мои другарки.
    И дечко ми е жив пример како можеш да идеш во друштвото едно спиење да ве дели но сепак да бидете црно и бело.
     
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    охооо точно е и тоа како точно... Колку и да си силен карактер не постои човек што е имун на влијанието од страна.

    Тука секако не зборам за пример кога имаш некоја *растурена* пријателка со која се гледаш два пати во месецот па ако те види некој да каже дека и ти си таква. Не. Зборам за луѓето кои се во нашето секојдневно опкружување. Досега су имала можност да влегувам во секакви екипи, сум живеела на село, па во град, студирав 5 години во Скопје, живеев во студентски дом секогаш со различни цимери и навистина запознав секакви луѓе . И да, ми влијаеле.

    Не можеш ти да бидеш среќен и исполнет ако тој до тебе е емоционален вампир, ако ти збори цел ден секој ден за тоа колку му е тешко. Еднаш ке издржиш, втор ден, ама по едем месец и ти ке станеш песимист.
    Не можеш да бидеш и тажен и нервозен кога околу тебе имаш среќни луѓе. Ете ги, немаат пари, не положиле ништо, немаат љубов ама пак е среќен и смешен од се знае да направи шега.
    Не можеш да напредуваш и да размислуваш за идните планови и успеси ако си опкружен со песимисти што немаат ни еднаш ризикувано во животот и само ти велат ‘‘ не си прај бајрам со умот нема да успееш‘‘.
    Исто така, кога си опкружен со успешни луѓе, кога ги слушаш нив како успеале, како размислуват и колку се упорни ти доаѓа и храброст да започнеш нешто.
    Ако оние околу вас се необразовани и цел ден прават муабет за турски серии и оговарање а ти си секој ден со нив, многу лесно ке ги заборавиш и ти другите теми за муабет нутриционизам, политика, религија и слично.

    :!: :!: Затоа внимавајте со какви луѓе сте опкружени.
     
    На tinan му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Според мене се е до карактерот. Штом се дружиш со некого иако сте различни но сепак нешто има што ве привлекло кај таа личност, луѓето ги привлекуваат оние со слични особини на нив, зборам за добри особини.
    Е сега јас си кажувам за себе ако сум се изградила како личност, си имам свое јас, свој став значи не постои таква сила што може да ме промени,ниедно нешто не може да влијае на мене ако тоа не е во ред и го сметам за лошо, ако гледам дека е добро може и ке попримам некое однесување од таа личност, не може сега некој да ми каже другарка ти е кур*а и ти си како неа, доколку ме познаваш каква сум што личност сум не можеш туку така да кажеш за мене ама не мислат сите така нашава проста раја не мисли така си останало на тоа со кого си , таков си и да не те познава толку добро ќе рече кур*а си и точка, а не па да имаш таква другарка готово и ти си зацрнета покрај неа. Мене нема да ми пречи таква другарка доколку се однесува добро со мене и ме почитува, а во нејзиниот приватен живот што сака нека прави нејзина работа, јас можам некој совет да и дадам, ама не можам да и судам за нејзините одлуки за нејзиниот живот, за патот кој го одбрала да оди, тоа е нејзино и што сака нека прави ама во никој случај нема шанси значи да влијае на мене и јас да станам како неа. За некои поединци не важи, на пример си копираат цело време од други затоа што не се сигурни во себе, немаат свој став незнаат да се изразат на свој начин, немаат однесување па ќе гледаат од другите итн ... Но сепак луѓе сме, сите сме различни кој како си ја разбира поговоркава. :)
     
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.961
    Допаѓања:
    8.681
    Пол:
    Женски
    Исто, од лично искуство кажувам :)