1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со кого си, таков си

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 25 април 2012.

  1. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Па види, точно е ова но не комплетно,според мене.

    Можеме да примиме некои особини, начини на однесување и размислување но неможеме да бидеме баш онакви какви што се тие до нас. Секој е посебна личност а тоа с'ким си такав си важи само за тие некои работи што ги примаме од личностите до нас,но не сме исти.

    На пример некој пуши и се дружи со мене да речеме. Еве јас сум блиска со таа личност и знам дека ќе пробам да пушам,некое цигарче ау мау, ама ако душава ми нејќе тогаш... :D
    Многу глуп пример ама мислам дека ме сфативте. Иронично е тоа што јас сум пушач ама ајде нема везе.

    И така ви викам. :D
     
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Понекогаш да, понекогаш не. Вистина е дека секој се дружи со оној кој најмногу му одговара, но исто така не можат двајца да бидат исти и не можеш со некого да се согласуваш во се.
     
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    39.692
    Пол:
    Женски
    Мислам дека луѓето бираат пријатели слични на нив.
    Е сега заради маските кои луѓето ги носат, тешко е да се процени некое време кој е каков.
    Но, има и случаеви кога некоја личност запаѓа во некое друштво и се однесува како нив, од причина што таа личност е лабилна или само сака да припадне некаде. Ова најчесто се случува на децата во пубертет.
    Понатаму, секој си го бира својот пат, си ги бира своите пријатели и сметам дека секој човек сам по себе е различен, така да неможе да се користи тоа со кого си, таков си.
    Можеме да имаме секакви пријатели во животови да се дружиме со нив од најразлични причини.
    Според мене ова е некој начин на етикетирање, претежно тука во Македонија.
     
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Дефинитивно не се согласувам.
    Во контекст на негативно однесување,на пример доколку другарот ти е пушач,ако и ти посегнеш по цигари одма-со кој си таков си,
    не,не и не.Значи нешто ако не се сака нема да се направи.
    Се друго ми се излишни изговори.
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    И да и не. По малку попримаш, но неможи единката да се смени целосно како останатата, невозможно е. Секој е свој карактер, но секако дека постои и тоа потпаѓање под туѓо влијание.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    За да се дружиш со некој треба да имаш некои сличности нормално,ама ако некој е запустен до срж не мора да значи и јас ќе бидам.Има работи што ги прават другарките па јас не правам и обратно.Никој не може да ме принуди на ништо што не сакам,секој нека сди прави што сака наше е само да го поддржиме или посоветуваме ;)
     
  7. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Јас се согласувам со ова, зашто секој човек како суштество треба да се адаптира кон околината.
    Во овој случај да се вклопува со пријателите. И еден човек на друг секогаш има влијание, иако не признавате, има. Свесно или не, секогаш ќе има некој кој влијае на Вас. :)
     
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Според мене не до тој степен ако е родителот алкохоличар и детето дека ќе е алкохоличар, ама има вистина во тоа дека и несакајќи попримаме одредени навики и особини од луѓето со кои го поминуваме поголемиот дел од нашето време. Јас секогаш сум се трудела да не прифаќам ни потсвесно нечии начини на изразување или размислување и досега ми успеало, ама одредени работи можат и потсвесно да ти влијаат.
     
  9. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Во се што е кажано,во се постои барем малку вистина.Ако јас не сакам да се сменам тука неможе никој ништо да промени.Ама секогаш кога се работи за другарки,дечко секогаш бираме некој сличен на нас.Не ист,ама доволно сличен за да можеме да се вклопиме со таа личност.Затоа верувам во таа изрека и мислам дека делумно е точна :) И уште нешто.Никогаш не дозволувајте да влијае некој друг врз вас,доколку не сте сигурни .
     
  10. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    НЕ Е ТОЧНО! Јас ви гарантирам,се дружам со девојчиња шо се многу поразлични од мене, на ниеден од семејството не наликувам у карактер, по изглед си личам на тато, но карактер и од моите до нејзините сваќања за понатаму се премногу различни.
     
  11. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    па не се согласувам со ова. :?:
     
  12. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Па јас мислам дека секој си бара пријатели со слични ставови, погледи , интереси.Сега јас не можам да бидам другар например со дрогераши, затоа што не сакам ниту на 20 метра од мене да ги гледам. За карактерите можат да бидат различни и да се надополнуваат. Јас сум повлечена и многу одмерувам, размислувам, навлегувам во суштината, како вистинска ВАГА, а мојате другарка е практичар -ДЕВИЦА и буквално ме активира, таа е подвижна и веднаш преоѓа во акција. Ние толку многу се надополнуваме. Јас и честитам и мислам дека подобро го живее животот од мене, бидејќи секогаш е спремна за акција, а таа вели дека ако не размислува некој како мене темелно, џабе му е акција.
     
  13. TheUnbreakable

    TheUnbreakable Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    17
    Воопшто не е точно. За ова може да се расправа со часови. Доколку една личност е со здрав разум, има совест и свест, никогаш нема да направи нешто лошо што некој друг го прави. Ова што ќе го раскажам не е за да оговарам некој, туку за да ви покажам вистински примери за ова. Мојот тетин беше алкохолочар, неговиот син (мој прв братучед) е успешен човек со добра работа, со сопруга и со ќеркичка. Никогаш нема направено нешто лошо на некому или на себе. Втор пример е мојот друг прв братучед од чичко. Иако неговите беа пристојни луѓе, тој уште како мал стана деликвент. Трет пример е една моја другарка. Излеваше со многу момчиња (имаше и сексуални односи со многу од нив). Многу луѓе ја осудуваа, ја навредуваа и ми велеа да се отргнам затоа што и јас ќе станам таква. Но, ете не станав. Сега таа си има сериозна врска, и одамна го напушти тој живот. Луѓето сеуште ја озброуваат, но никој од нив не знае зошто таа почна да го правеше тоа. Уште како мала од дома се и забрануваше татко и, ја држеше во целосна контрола, ја тепаше, ја измачуваше психички. Не и даваше да излегува и таа почна да се крие и да бега од дома. Се бунтуваше, подобро кажано. Направи многу грешки, но човечки е да се греши а уште почовечки е да се простува. Не осудувајте ги луѓето според тоа како изгледаат, колку пари имаат, дали биле повлечени... Тие се такви заради настаните што им ги донел животот, никогаш не можеш да знаеш како му е на другиот и каква битка води.
     
  14. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Има безброј семејства каде има еден алкохоличар, но другите не се такви туку напротив од нив стануваат чесни и добри луѓе. Можеби се дружиме со разлижчни од нас, не сме сите клонови, некоја поради различни причини, да не наведувам сега кои, како мојата другарка која ја споменав е послободна, можеби не се грижи толку што ќе кажат другите, но не е проститутка. А ЈАС СУМ МНОГУ СТРОГО МОРАЛНО ВОСПИТАНА и мислам дека тоа ми е некој вид препрека за храброст да се впуштам во нешто. Значи сепак има граница со кого ќе се дружиме, иако се разликуваме.Но длабоко во себе знаеме со кого и до каде можеме да одиме Има социјални групи со девијантно однесување кои формираат свое друштво и тука нема место за поштен човек, може само за наивен кој ќе го претопат. Мислам дека сум јасна.
     
  15. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Не се согласувам со ова..Израснав опкружена со прости луѓе, се дружев со ку*ви, сељанки, турбофолкерки, учев со нискоинтелигентни сељаци па не сум ништо од тоа..Се зависи од нас :)
     
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.970
    Со кого си, таков си - е стара народна поговорка која е целосно вистинита. Ако твоите другари шетаат цела ноќ и неучат, а ти цело време си со нив, значи дека и ти шеташ и неучиш, па наредниот ден на училиште сите заедно ќе дремете и ќе измислувате лаѓи само за да ме ве испрашаат професорите... Како повозрасни, ако по цел ден одиш на кафе и по бутици со пријателките, нема само пријателката да има купишта за пеглање и неисчистена куќа, туку и ти... Ако твојата другарка обожава да чита книги и ти си ги менуваш со неа прочитаните книги, значи и ти многу читаш... Ако твојот другар тренира некој спорт и ти активно идеш на тренинзи, значи и двајцата сте добри спортисти...
    Значи, пријателите си ги избираме сами, според тоа какви ни се навиките, сваќањата и желбите. Се дружиме со луѓе кои имаат приближно исто однесување и навиќи како нас, затоа што од се што е многу различно неможе да се роди пријателство. Затоа изреката СО КОГО СИ, ТАКОВ СИ е целосно вистинита. :)
     
  17. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе. Истиот пример е и кај мене. Сите си тргаат по различни патишта, сега ако ти си глупава да ги правиш истите работи како нив, тоа е више друга прича ;)
     
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Ако околината влијае на наивна личност, личноста ќе стане таква како околината. Ако сне свои и не ја гледаме каква е и што е околината, ќе бидеме различни од неа. Еве на пример, ако видиш дека некој те озборува, ти веднаш се фаќаш како види ги овие грди а мене ме озборуваат.
     
  19. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Да, така е, затоа некогаш е најубаво да не ни е гајле за ништо..
     
  20. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    6.907
    Пол:
    Женски
    Ете пример ќе се земам јас.Сум поминала низ најлошите години каде имало излегување,пиење,пушење па скраја да е и дрога до бесвест!Сите се правеле земја-ваздух ме нуделе и мене но јас си останав цврсто на моите ставови и не си дозволив до сега во животот мој да се напијам алкохол,да запалам цигара па за дрога-нема шанси!
    И вака и така...Ниту едното ниту другото!Можиш да попримиш мала работа од размислувањето,понашањето и размислувањето од некој.Но до толку с'ким си такав си не можи!Како прво сите сме различна индивидуа и си имаме свои вредности,па за толку да ти се помати сопственото јас треба да си многу лабилна особа!Но сепак познавам многу примери кои биле нормални дечки/девојки па се задружиле со лошо друштво па отишле во неповрат и затоа сум поделена во мислењето бидеќи како што реков,колку и да порекнуваме дека не е така секогаш ќе има некој пример што ќе не натера да размислиме дали да бидеме цврсто убедени дека реченицава нема смисла!