1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со кого си, таков си

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 25 април 2012.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Јас не се согласувам со ова.
    Кај нас таква е околината што смета дека доколку 2 личности се дружат под дифолт се исти.
    Нема врска, може да се контраст но сепак да се дружат, баш заради различностите.
     
    На eloves и Bescheiden им се допаѓа ова.
  2. Irena18

    Irena18 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    не мора да значи со кој си таков сии ако имаш цврст каракктер
     
    На anonymous16 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  3. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    па има вистина и во ова, но ако имаш свое јас и цврст карасктер тогаш нема да потпаднеш под туѓо влијание и да добиеш ничива етикета,,,,,јас во мојава околина имам многу примери од другарки што си имаат ист ум, слични ставови и за многу работи мислат дека се најпаметни, пред се најубави ако облецат преку ден сукња и капут се автоматски дами, ако испијат кафе во кафич и се сликатт и сместа на фб да кажат кај се автоматски се културни, шетани и во шема, ако место дечковци си иматт плус по некој мувач за да се гледаат тајно и само строго за се* автоматски се јаки риби вртат фраери еее кој како нив, запишани на факултет да студираат а едната вика -мене мама ме кара и нон стоп ми виси на глава да учам а татичко мој најдобар и вика остави го девојчето што сака неека прави автоматски е нај паметна- мама не чини а татичко најдобар, ако носат по неколку мобилни во зависност колку и кој ги бара, се разбира еден скришно о д дечкото или мувачот автоматски е многу барана, едната има вонбрачно дете со оженет човек и плус пројдено над 100 автоматски е таа оштетена во секој случај и нанесена неправда, едната вика дечкоми е глупав? е тако го опишува на прашањето кој ти е дечко и автоматски таа е паметна,а дечкото глупав и милиони работи други ама девојките се дружат, се подржуваат имаат муабет, заеднички теми за разговор, мислат се сестри демек едно со една, си имаат заеднички ставови за животот и зато се поднесуваат една со друга, инаку би се скарале и првиот попаметен ке увиди некој работи и ке се тргне од друштвото.....и кого и да прашаш од градот занекоја од нив истото ке ти го каже за сите не само за едена, зошто едноставно се исти, не се различни и секој ги знае по тоа што луѓе се и колку вредат.....меѓутоа постојат и исклучоци каде не важи ова правило....се зависи од луѓето какви се и што ум носат....
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    се согласувам со тебе и се зависи од луѓето какви се.... :^) :^) :^) :^)
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Има донекаде вистина во ова,но не секогаш...Сепак,си зависи од карактерот на човекот,ако не му влијаат туѓите мислења врз начинот на размислување ,тогаш не мора да значи дека е ист како и останатите со кои се дружи.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Не мора да значи, но има луѓе кои се подложни на влијанија од околината, па пополека стануваат како и тие со кој што се дружат. Иако биле различни на почетокот. Тоа е. Некои луѓе едноставно немаат свое јас и се би направиле другите да ги сакаат. Меѓутоа, која е поентата ако не си свој?
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    до некаде е вистина, но не во секој случај. :)
     
  8. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    Ова до некаде е така, ама некогаш НЕ Е! :talk:
     
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Не би се променила за некој само да бидам како нив, да ме прифатат во друштво или слично. Доколку имаш цврст карактер, и не зависиш од никој друг освен самата себе не верувам дека би дозволила да се случи некој да те промени како личност. Некои се менуваат доброволно, а некои не ни приметуваат кога се промениле. А јас мислам дека друштвото би требало да одговара на нашиот карактер, штом се дружиме со нив. Ова поговорка, ако може така да ја наречам донекаде е и вистина.

    Еве јас од моја гледна точка се имам променето, а тоа и други ми го имаат кажано. Се дружам со некои со кои баш карактерот не ни одговара, тие имаат сосема други сфаќања, а јас не се менувам, цврст карактер сум. Се дружев и со едни кои одговараа на мојот карактер, ама ете се испокаравме за глупости, бев обвинета за нешто што ниту сум кажала, ниту направила. Па сега вие сфатете што е подобро.
     
  10. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Многу пати ја имам слушнато таа народна поговорка, сепак за мене не важи.Во било каква средина да се најдам со било какви луѓе, никогаш никој неможе да влијае на мое мислење,однесување,одлуки итн. За тие работи имам силен став :)
     
  11. Melita-te-saka

    Melita-te-saka Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Според мене оваа изрека не е точна, секој си има свое "јас", дури и да е украдено. Сега да си со некое сосемо различно "јас" (другар, партнер), сепак од своето "јас" ќе остане нешто. Изгледа за мене повеќе важи онаа "волкот крзното го менува, но паметот не". :)

    Значи, дали според вас е точна онаа "ским си такав си" или на наше "со кој си таков си".
    Ваше мислење за тоа како некои личности позитивно или негативно влајат на други или не ?
     
  12. Ba-Gi

    Ba-Gi Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Јас пак обратно мислам. Да. Со кој си таков си, за жал. Колку само лоши пријатели и погрешни луѓе имаат повлечено со себе потполно различни. Баба ми секогаш викаше - "едно брлаво сто паметни збрлавува", хах. Ама така е.. :lol:
     
  13. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    И јас така мислам со кого си таков си. :D:D
     
  14. ViktorijaG

    ViktorijaG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2014
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Јас не се согласувам со тоа. Имам другарка 100% поразлична од мене. Не значи дека е така во секој случај.
     
  15. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам јас ..
    Имам две другарки и сите сме различни карактери па пак се дружиме ...
    Секогаш мора да постои компромис за се , но доколку не се сложувам со нивно мислење си стојам на својот став.
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Според мене не е точна, ако станува збор за човек со цврст карактер и не дозволува да му менува мислење, секој.А и не може некој негативно да влијае на друг, токму ради истата причина која ја кажав претходно, ако човек има свое јас, се почитува себе си, што значи држи до своето, тешко е некој да има влијание над него, односно да го држи под контрола.Воопшто не почитувам луѓе кои дозволуваат некој да влијае над нив, бидејки ми даваат до знаење дека се личности, во кои не можеш да имаш доверба.
     
    На eliesaab, ozbilnazena, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Не да се фалам или бранам нешто , ама лично јас во животов мој сум се дружела со секакви олоши и не сум подпаднала под нечие влијание, нит сум се дрогирала, нит сум правела погрешни работи, ни да бегам од дома ни да крадам од дома , ни да се курвам со извинение :D се е до карактерот и колку имаш цврсто свое јас, некогаш и лошите друштва може да те научат на нешто , да извлечиш некоја поука како не треба да се однесуваш, тоа беше во тинејџерството , сега внимавам добро со кој се дружам, а и воедно останаа покрај мене само вистинските луѓе , оние попаметните да речам 8):D
     
    На eloves и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Пријателите се тие кои сами ги избираме, а роднините ги прафаќаме какви што се.
    Изборот на блиското опкружување го правиме според различни критериуми и потреби, но секогаш се водиме според нешто што не одликува со можност конкретната особина да ја пронајдеме кај другиот за да постои нешто заедничко што ќе ја одржи комуникацијата.
    Во голема мера, карактерната сличност е предуслов за да се оформи едно пријателство.
    Од секој може да се научи нешто, но многу внимателно треба да се направи изборот на оние што ќе им дозволиме да влезот во нашиот живот.
    А тоа дали сме како тие со кој се дружиме, зависи од тоа дали ќе дозволиме да манипулираат со нас.
     
    На eloves и Serafima им се допаѓа ова.
  19. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Конкретно за пријателите мислам дека избираме онакви како што ни одговараат на нашиот карактер, но тоа не значи дека се исти како нас, туку дека ги цениме како личности. Како што растеме и се променуваме така и го менуваме кругот на пријатели барем до некаде.

    Ако зборуваме за интимна врска е тука мислам дека повеќе важи оваа поговорка. Каков си таква/таков ќе најдеш.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Велам, Ти си всушност 5те личности со кои си опкружен. Колку и ова да боли , да не ни се свиѓа ... вистина е . Нормално има луѓе околу нас со многу негативни страни , со многу недостатоци .... Како и самите ние , никој нели не е совршен. Кога ќе замислиме кои се тие 5те најблиски особи со кои сме опкружени , можеби и ќе се разочараме . Ќе осеќаме лутина , дека не е можно ако препознаваме неубави особини или карактер целосно на нашиот брат\мајка\пријателка\девојка\дечко , всушност тоа сме ние . Не е убаво заљ увото да се слупне, но така е. Ако сме со љубоморен партнер , веројатно и нешто во нас тлее како такво жарче,да би имале пријателка која пстојано негативно мисли и се жали, да тоа сме и ние . Да не би биле, нема да ги имаме во близина. :bow:
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.