Bas me zabole uvo mene koj sto zbori uvek zboriv najvise tija sto ne ne znaat licno i sto nemaat dva zbora muabet so nas, nema veze drustvoto, partnerot haha jas sum toa sto sum, a drugite za niv si znaat itd..a fala bogu denes samo ime da ti slusnat cela biografija kje izmislat za tebe..
Апсолутно е точна реченицата * со кого си ,таков си * Ние сме просек од 5те луѓе кој ни се најблиски во друштво. Така што пазете се со кој се дружите..
За кого како. Не е исто кај сите. Јас сум пример за тоа. Не потпаѓам лесно под внимание на друштвото, односно јас и уште една другарка не сме такви какви што се останатите од друштвото. Со другаркава ретко се гледаме пошто не е тука најголем дел од времето и таа си има и друго друштво што нејзе и е посоодветно. Јас немам друго друштво и ако не со нив нема со кого да се дружам (освен со дм со кој ни се погодени карактерите), немам "свои" луѓе. А како нив воопшто не сум..
Искрено, кога некој почитува и интензивно дружи за мене негативна личност со сомнителни вредности - и нему му ставам знак прашалник. Пријателите, за разлика од семејството, ги бираме - и нема зошто некој што особено се коси со твоите принципи, да ти биде повеќе од познаник. Верувам донекаде во изрекава.
Па делумно е точна. Не можеш да се дружиш со некој ако не ти одговара. Пријателите и партнерот ги бираме сами, никој не ни ги наметнува, така да...
Треба убаво да се пази на луѓето околу себе, оти дури и да си имаш свој став - со тек на време е веројатно да развиеш слични карактеристики. Поарно сам/а отколку со било кој/а. Во глобала светот е расипан и не можеш многу да очекуваш дури и од најдоброто "избрано" друштво.
Истото би го кажала и јас. Колку и да е добар некој, ако во своето опкружение има некоја "расипана" личност, голема е веројатноста и тој таков да стане..
Па може делумно да се согласам за ова,лично за мене,имаше периоди кога стварно бев под влијание на другарките и друштвата во кои сум била,не велам дека ги слушав за се и свашта,туку така општо бев наклонета кон нив и се трудев да бидам онаа најдобра верзија за да се вклопам,и дозволував да ме третираат лошо и да ме користат,сакав да размислувам како нив ,користев слични зборови што мислев дека се “in”,ама еве денес се смени ситуацијата,конечно си ги увидев своите способности и сфатив дека не мора да го правам тоа за да се допаѓам некому,ако ме сакаат,ќе ме сакаат каква што сум!