престанав и да ги бројам,да не си го замарате мозокот со непотребни работи. ако седнам сериозно може ќе ги избројам,ама сепак не ми е битно
Што е тоа шмекање? СУм приметил на пример во некој клуб кога одам некогаш , некоја , ме гледа како да сака да ме изеде , ама онака ми праќа поглед ептен брз , пола секунда е во прашање .. и после ја крева главата горе и пак ќе ме погледне и ми се смее. Обично постарите дадички имаат такви предаторски погледи што ми ги пуштале .. али тоа не е мување.
Znaci vecer na mm ke mu recam-aj da se muvame,ama prethodno dobro ke go iznasmekam Izvinete ama moram da gi tazjasnam poimive
Јас колку што знам, зборот "смувати се" е србизам и се мисли на она кога правиш сѐ за да придобиеш дечко/девојка кога сте во почетен стадиум на запознавање. А девојкава што ја поставила темава, сѐ собрала во едно, и мување и озбилна врска и секс !? @referentka е во право, зошто и "шмекање" и "кибицирање" и др. некој сленг се со исто значење како "мување". Мене еден Хрват ми вика вака "Ciljelu noć pletem mrežu, a ti ne trzaš'' ?! А ја му велам '' каква мрежа'' ?? а прва асоцијација на пајак некој у моја близина А тој си се изнасмеа слатко и ми објасни после дека мислел на мување, кибицирање и.т.н......
Хахаха, леле со темава се изнасмеав. Овој поим „мување“ е од поново време. На пример, мајка ми да ја прашам што значи, ќе ми рече: „Епа, ете, врткање значи“. За пример, ќе го ставам зборов во реченица: Што се муваш низ куќава? (што ми се врткаш по куќава, ми шеткаш бесцелно) Е сега, новово значење на зборов за мене е следно (со извинение за некои изрази кои ќе ги употребам): лапање и, евентуално, драпање со познат или непознат, колку да ти помине ударот на хормоните во главата за една вечер или неколку пати, без притоа да се комуницира на други нивоа (без секс, без пораки, дружење, правење муабет, излегување на кафе, да не е врска итн.). Нешто слично со сексот за една вечер. Е тоа е за мене мување, по дефиниција која сама сум си ја оставила. Колку сум во право - не знам, ама јас така ги разбирам работиве. Ова повеќе за новиве генерации некако ми е.
^ Ништо не знаете, под мување се подразбира бесцелно да се лигавиш со некој цела вечер, без секс. Барем ако си средношколец. Објаснила @Lady Phoenix.
Пааа... И луѓе што се моја генерација знаат да го практикуваат до денес, иако во раните дваесети повеќе правеле такви нешта. Нормално, со текот на годините се менуваат работите, па од мување повеќе преминуваат на секс за една вечер. Како и да е, баш во тие тинејџерски години и мене ми се случило тоа во најблагата можна форма што ја опишав во мојата дефиниција, и тоа два пати, со намера за врска (ама бидејќи не ми се допадна сето тоа како испадна), се „претвори“, или подобро кажано, остана на мување. Ете, да не бидам ептен off-topic.
Ама @Lady Phoenix , оваа како ја поставила темава, треба пенкало и тефтер да земам и да се турам у рачуница !