1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со која политичка идеологија се идентификувате?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Someonespecial, 28 јули 2017.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски

    Од некаде мора да се почне, две и пол децении пред Полска, и била објавена војна на Србија, со крајна цел прераспределба на колониите низ другите континенти. Германците тргнале во две светски освојувачки војни за ресурси и моќ (материјалистички побуди). По 1СВ, германската економија е насочена кон плаќање репарации на други држави; крај на 20-ти, почеток на 30-ти имаш светска економска криза, бездомници по германските улици, процут на проституција и алкохолизам како резултат на безработица, а за Евреин се сметало дека е побогат и попривилегиран од просечен Германец. Хитлер бил изгласан заради ветувањата да им го промени тоа. Сигурно не заради рандом негово мислење од типот на дното на скалата еволуирани луѓе се наоѓаат црнци, во општество каде со очи не виделе црнец се до ОИ 1936, кога му барале автограми на Џеси Овенс. Идеологија е пропратно нешто, базата е стремеж за пари и надмоќност.

    Зошто фирерот, другарот Сталин, слични на нив, нивните соработници, владејачкиот период го минале во резиденции и изобилие? Тоа впрочем е стандард за властодржец, но зарем доликува на водечки социјалисти и непријатели на злиот западен капитализам, да живеат поразлично од својот работнички народ? :)

    Дедовците оделе на радни акции оти им биле испрани мозоците, и ако бојкотирале, следувала воспитна.

    Не велам дека е невозможно некој да има свои идеали и сл., ама секогаш во позадина на сето тоа ќе стои материјалното, кое е основа за преживување, а богами и духовно исполнува (со пари си купуваш све и ти е убаво). Не знам зошто ги посочуваш Истокот и Балканот, кога тој стереотип дека е изразито индивидуалист, материјалист, важи за западниот човек... тоа дури се слуша на предавања од филозофија и книжевност. Иако со материјализмот е насекаде исто, во суштина.
     
    Последна измена: 23 октомври 2017
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нацистите немале проблем со црнци во реалноста, до таа мера што имало такви и во СС а имало и муслимани еден куп, нивната идеологија за виша раса е малку поинаква од општо прифатената. Друг ѕвер е пруска немачка од 1914 и онаа од 1939, првата е империјалистички сон на Кајзерот, втората е забеган проект на забегани окултисти кои го барале Црното Сонце и Лебенсраумот, то мајка више не пораџа такви ликови и лудаци, секако дека живееле во релативен луксуз водачите ама далеку од она кое можеле да го имаат ако се свртеле на правење пари и користење на власта за правење пари. Настрана што со потезите нивни имало и ризик од смрт, што и бидна на крај за најголем дел од лидерите.
    Неможе да нема идеализам а да се конфронтираш со Британската Империја, СССР и САД во исто време, нажалост за светот.

    Е сега за Балканот, никогаш немало организиран идеализам, индивидувалниот запад е таков тек од 19.век а кај протестантите и ден денес е изразена идеолошка црта за придонес кон целината, општеството.
    Балканот секогаш бил на раб на преживуваање, една жетва од смрт, еден кредит од улица, никогаш и не се развиле некои ситуации.

    Освен со бољшевиците 1941-45 кога за прв и единствен пат имаме такво нешто.
    Грешка си за испрани мозоци, прави муабет со баба, дедо, прашај ги дали биле приморани да одат на работни акции, ќе се изненадиш од одговорот :) Пошто моите претци од двете страни немаат пропуштено ниту една војна во последниот век на овие простори (а ги имало често, машала :D) знам кои биле разликите, ми имаат кажувано за ентузијазмот, обнова и изградба, креирање ново општество, ама џабе ќе пишувам, знам дека е тешко за перцепција.
    Девојчиња (партизанки) од 14-15-16 години со рачни бомби напаѓале непријателски позиции, пробај тој момент да го перцепираш, имаш и народни хероји-тинејџерки. :party::worried::x

    Ако не беше тој идеализам сега тука немаше да има никакви признаци на цивилизација, замисли да тераа од 1945 до 1991 капиталистички како пред тоа 1912-1945 или 1991-2017 скраја да е, пола раја неписмена, маларија и ТБ на секој чекор, инфраструктура на ниво на суб-сахара.
    Така да и тоа малку кое го има тука, тој привид на цивизлиација е резултат на единствениот идеолошки исчекор кој се десил тука во последните 1000 години а тоа е бољшевичкиот, не само материјални добра, еднаквост за жената, писменост, култура.

    Двете идеологии ми се крајно страни но не може да се негира дека биле јаки.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Затоа што идеологија е шминка, а во реалноста, за мобилизација им биле потребни што е можно повеќе луѓе, од сите можни ентитети, вери и раси. Дури и Евреи :l:

    Ах, идеолошката борба против банкарството, каматарството...

    А што ако користејќи ја власта чисто за свој луксуз и за ништо повеќе, завршеле како Луј и Антоанета?

    Комунизам, болшевизам, сето тоа настанало како средство за пресметка на ниската со високата класа, одмазда за експлоатацијата, прераспределување на богатството. Поматеријалистички мотив - здравје, тука дури и шминката е минимална.


    Не е тешко да се перцепира што сакаш да кажеш, туку ги идеализираш работите од тоа време. Светот се променил после 1945, тоа малку денешна цивилизација на овие простори, ќе настапела и без соц. режим, дали одма тогаш, дали 10-20 години подоцна.
    Си му испрал мозок некому, кога си го натерал да прави нешто, мислејќи дека тоа го сака. Дури тие копале, другарот Тито кај бил, одбирал јахта... Мојот дедо беше флегматик, немаше нешто ентузијазам кај него, викаат од млад бил таков. Не беше ниту наивен, финансиски се снашол, другиот кој не сум го запознала, исто така, па не знам колку ќе ти бидат во прилог нивните животни стории, нема да ти бидат воопшто. 15-годишни деца-херои не се репер за ништо, тинејџер можеш на се да го натераш оти толку му сече. Башка, тие што се бореле во војната и останале верни на партијата, си добиле надохнада после. И ти се молам. Неписмени македонски селани не се разбирале од идеологија :D, они само не сакале веќе да бидат експлоатирани и робови, па се приклониле кон опцијата која им ветила поинаков живот, а таа опција била Комунистичката партија, и партизанското движење. Чак требало да се деси војна, и да дојде нож до коски, за да почнат да се определуваат. Некои го причекале крајот на војната за тоа.
     
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    На што го базираш тоа тврдење дека за 10-20 години ќе било исто и без бољшевиците? Светот се менувал и пред тоа, тешко дека би било така, затоа што цивилизациските текови од почеток на индустриска револуција па се до културните трендови и движења широко го заобиколиле Балканот скоро два века, па ете имаш и сега 1991-2017 драматично цивилизациско заостанување, клептократи и полу-диктатури, животен стандард кој не може да го достигне тој од крајот на социјализмот, меѓународна небитност, работнички права драматично намалени, животен век веројатно намален, бран на криминал, убиства, наркоманија зголемени многукратно и масовно иселување комбинирано со жесток пад на наталитет, религиозен ривајвл со враќање на средновековни суеверија и исцелители, па дури и ретро болештини почнаа да се враќаат, и тоа за 26 години од распадот. Наредните 26 не би бил изненаден ако се појави канибализам, палење на клада на срет село и глад.
    Дакле, имаш ситуација и пред и после, и во двете светот не успеал да го повлече балканот напред :party:

    И уште се шлепаат овие земји на тој период, уште 80% од инфраструктура е од тогаш.

    Настрана еден куп војни пред тоа, војни кои неслучајно ги немало за време на комунизамо на овие простори а кои се разгореа кога комунизамо го снема.

    Никој не ги терал на ништо, обично биле гимназијалки кои поради некоја причина се приклучиле на движењето, знам дека не можеш да перцепираш такво нешто (не дека и јас можам 100% ама ми е фасцинантно) и дека тоа ќе го припишеш на перење ум, кој им го испрал умот, бугарскиот даскал или попот случајно? Радио Москва?

    Е сега имало и многу негативни страни и катастрофални грешки, но во целина, ако се земат сите уредувања и економски системи кои се измениле на овие простори ќе испадне дека бољшевизамот бил најуспешен. А зошто е тоа така којзнае...
     
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ако добро сфатив, ти се обидуваш да кажеш и навистина веруваш дека некоја земја на европскиот континент, би останала без инфраструктура до 2017-та година, да не биле на власт извесни Тито, Лазо, Петко, Станко, Јанко пред 5-6-7 децении??? :D Кога создале некоја си Грција или Турција инфраструктура без болшевички режим, не бил неопходен ниту тука. По твојава логика, граѓаните користат смартфони благодарение на владеењето на вмро-дпмне.

    Не ми е тешко да перцепирам, повторувам дека идеализираш, веројатно си живеел во претходниот систем и затоа така размислуваш. Мене ми нема ништо фасцинантно во индоктринација и мобилизација на деца. Што знае мочко на 15 години, од каде тој може да процени што е правилно, што погрешно, што му треба во животот, не за џабе им е забрането да гласаат.
    Имам такви борци во фамилија и знам дека си добивале надохнада. Што ме враќа на поентата, ништо не е наивно, ништо не е гратис.

    https://en.wikipedia.org/wiki/Pax_Ottomana
    Mex...

    А сега 15-20 години нема војна, случајно или неслучајно?
     
    Последна измена: 24 октомври 2017
  6. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не баш, не идеализирам ништо, само наведувам факти и аргументи.

    Како не, мора да сум живеел во претходниот систем:D, не само тоа, си паметам коа седев во биртија со Гавро (Гаврило Принцип де, фин дечко беше) во Сарајево еден ден 1914 беше, летно време, горештини, боза пиефне и му викам немој Гавро не пукај по Фрањо ќе ни навлечеш беда на врат...ама џабе :devil:

    Грција било дно на дното во Европа и цивилизациски заостанувала зад Југославија во секој поглед се до касни 80-ти, срамен процент на неписмено население, инфраструктура на ниво на месечината, настрана што и тоа како имале режими, фашистички воени хунти и слични убавини. Но со огромна помош на ЕУ успеаа да испливаат од тоа некако.
    Замисли, овдешна раја одела во Грција со чувство на супериорност, прашај постара особа некоја. И тоа траело со децении.

    Турција и ден денес заостанува, не е Турција само Стамбол туку и Анадол/Курдистан и остали места каде што не се излезени од средниот век, немаат струја, канализација, гомна течат по улици, се убиваат ради крвни освети а жените се со статус на предмети а салафитскиот ислам се наметнува наголемо. Настрана што и таму имало војни хунти и режими. И една граѓанска војна со Курдите која трае 40-тина години.
    На многумина порано првиот впечаток при одење во Турција била страшната реа која ги мавала во глава при излегување од стамболски аеродром.

    Апсолутно и непобитно немаше да го има ова ниво на инфраструктура без идеализмот на југо-комунистите (различен од оној советскиот).
    Те ценам како соговорник и нема да применам саркастични примедби за споменувањето на смартфонот. :devil: Мешаш капитална инфраструктура со техничка стока за широка потрошња. Ич не е тешко да се увезе контејнер смартфони од Кина и ниедна власт не е заслужна за тоа.

    Али за да се накрене цело општество за да направи темелни промени тоа е друга ствар. Патишта, пруги, аеродроми, водоводи, електроцентрали, хидроцентрали, електрична мрежа, канализации, телекомуникациски мрежи, канали, да исушат мочуришта, да искорени неписменост и болести, да создаде образовни, научни и културни инситуции на место каде што немало скоро ништо од тоа, да подигне индустрија низ цела земја, е за тоа треба малку повеќе од увоз на смартфони.

    Ти текнува лани коа официјално загинаа 28 души а неофицијално се шпекулираше за над 80 во поплавите како последица на еден појак дожд него обично?
    Ти текнува после дека кажуваа како одводните канали во Скопје не биле исчистени од 1990 а скраја да е да биле изградени нови пошто се живо и диво се насели таму? Е тоа ти се тие ситуации :party: Не знам како светот не ги повлекол напред па да исчистат или прошират еден помочан канал.
    Дојдено е до тоа родилка да стрепи да оди на породилно пошто може и нема да се врати, барок од ламарина и стиропор се градеше 11 години :D
    И? Каде е одводен канал во 2017? Во Холандија не им трепнува око за таков дожд, овде се гине масовно. Ама не се увезува канал од Кина и не се даунлодира на торент :)

    Да не постирам слики од болници и амбуланти кои наликуваат на сцени од Hostel хоророт и милиони примери други.

    Тоа за 15 години без војна не го коментирам, само ќе те прашам, што е подобро 47 години без војна во држава со 6 конститутивни републики и над 20 малцинства или една војна за 26 години во унитарна држава со два доминанатни народи? Ајде настаните во Куманово пред пар години невермајнд, ќе видиме понатаму што и како.

    Ќе треба подобро да се информираш :)

    П.С. Технички сум живеел во претходниот систем ама бев толку мал при распадот што не паметам ништо освен така како низ магла некои ситници. Сум немал прилика емотивно да се поврзам со Југославија :D А да сум се родел 20 години порано да речеме и да имав таква прилика без сомнение ќе ја презирав како и оваа денешна држава.
     
    Последна измена: 24 октомври 2017
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не ми даде податок кој веќе не го знаев за да ми велиш да се информирам. Знам и пред да пишеш што ќе одговориш и на што ќе се повикаш. Муабетот не беше историја 20.ти век на Грција и Турција, туку дека Грција и Турција не биле во комунизам, а не им недостасува ништо што го имаат бившите комунистички држави. Ако наоѓаш рачки и феудални остатоци, во кантон во Швајцарија, жените немале право да гласаат по прашања на локално ниво до 1991., во Франција смртна казна со гилотина бил легален и применуван метод, се до 80-те. Не е битно дали ЕУ ја помогнала Грција, битно се може и на Балкан, и без „болшевици“ да постои општество, кое колку-толку ги живее 2. половина од 20-ти и 21-ви век. За Турција е ОК некој од Европа да рече дека е заостаната, а не некој од мкд. Во Македонија и после осамостојувањето останале села без водоводна мрежа и канализација (овие селани не биле ентузијастични изгледа), па тоа некои градски подрачја низ земјава немале водоводна мрежа и канализација во едни 70-ти... ова го знам од постари луѓе кои живееле во тие услови... и крвни освети имаш исто и тука денес, доволно е да прочепкаш поубаво низ црна хроника, и така.
    Ти како оние кои Југославија ја претставуваат нешто Америка на Балканот, wow, инфраструктура граделе :D, ај сега ќе им се крстам на комунистите, без нив сонцето немало да грее, никој не би се сетил дека инфраструктура треба да се гради и училишта да се отворат. Пишав на една друга тема, во минатиот систем требало да станеш во 5 за да најдеш леб, денес леб можам да купам кога сакам, и на полноќ ако сакам. Ми рекоа дека сум вмро, мада Заев беше постанат премиер, ама не им замерувам веќе, не се криви они за толку памет.

    Така и мислев, дека раното детство ти останало во Југославија. И после зошто идила.

    Па види, оваа држава е формирана ради реда. Не е формирана во такви чистки, апсови, притисоци, стравови како прошлата, и нормално на секој што ќе му текне, си бара отцепување без грижа за последици. Тоа што сите етникуми го задржале менталниот склоп од пред режимот, доволно говори колку бил тој режим бадијала поминато време :)
    За било каков развој е потребна само волја од нечија страна, никаква идеологија.
     
    Последна измена: 25 октомври 2017
  8. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Премногу лично го сфаќаш муабетот, као его-натпревар, веројатно ради тоа со перцепцијата што споменав, не е убаво тоа и затоа ти се промакнуваат испади како тоа со дека живеењето како мало детенце во екс-југа на самото распаѓање и тоа ми влијаело за тоа да ја сметам Југа за wow средина или што ти ја знам, нит паметам нешто ни имало влијание, јас сум едноставно detached observer и ги гледам фактите.

    А тие кажуваат дека во тој период е направен квантен цивилизациски скок, дека идеолошката компонента одиграла позитивна улога во тие услови и дека имало невиден прогрес.
    Е сеа тоа што викаш, тој режим не успеал да ги елиминира старите племенско-средновековни навики, но барем ги контролирал пола век што и не е толку лошо.
    Подоцна целиот механизам дегенерирал и створил чудовишта при што се случило тоа што се случило, распад и се, веројатно со заминувањето на воените генерации испарил и идеализмот, не успеале да пронајдат начин да го пренесат на младите освен некои фејл-обиди а пошто секој систем ствара онакви карактерни особини кај раја какви што му требаат за да опстане, на површина излегле дно луѓе при крајот, релативниот социјален егалитаријанизам бил пречка за енормно богатење на одредени структури и останатото е историја :x

    Мизеријата, немаштијата, исламизирањето, постојаната војна, диктатурата, бедната инфраструктура не се исклучок во Турција туку тоа се услови во кои живее мнозинството таму. А се движат на уште полошо, лани на сред Стамбол забрадени муџахедини линчуваа луѓе и млатеа регрути до смрт рикајќи алаху-акбар. Ресен или Неготино се Цирих за одредени региони на Турција.

    И тоа како е wow градење стратешка инфрастуктура на место на кое не постоела. Секако дека имало и места кои не стигнале да ги завршат до 70-те, не заборавај дека наследиле уништена земја излезена од најголемата војна во историјата на човештвото, со милион+ мртви и стотици илјади инвалиди.
    Не знам како си замислуваш дека е работата до текнување или не, но ги имаме резултатите пред 1945 и пост-1991, и такви се какви што се, назадување во секој поглед (освен малопродажните и угостителските услуги ваљда и такви некои ситници) и шлепање на остатоците од екс-системот.
    Непобитен факт е дека Југа била најразвиена на Балканот едно добри 40-тина години и не е чудна југоносталгијата кај раја, тоа е сепак периодот во кој општеството било најдобро тука за мнозинството население во последните 1000 години...или можеби и од неолитот наваму :party:

    Никој не ти кажува дека треба да се крстиш во комунистите, никој не споменува идила и воопшто нема потреба од такви муабети :)
    Може само да се претпоставува и фантазира што би било кога би било, но фактите се тие, што било пред, за време...и што е денес.
     
    На DAngel и malerozna им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски

    Не се испади и не го сфатив лично муабетот. Само, не си во право, колку и да пишуваш. Никој не знае што би било кога би било, ама го мразам она, „ќути, подобро не сме виделе“. Исто така си грешка дека користа не е главен двигател (не се само парите, туку стремежот за било каков плен).

    Далеку е тоа од мојата претстава за прогрес. Сите југоносталгичари родени во таа држава се малце... наивни (да не го употребувам другиот збор), без разлика на дипломите. Оние кои фатиле нешто живот пред војната, ми делуваа за порационални, а повеќето воспитувани во комунизмот, не се како што треба. Не била само Југославија уништена земја, целата Европа била во изградба. Моите предци, и пред, и за време на војната, живееле во градови, остварувале заработка, оделе во училишта... иако сум чула за луѓе кои живееле тежок живот во тоа време, не сум чула некој да умрел од глад или да немал покрив над глава, значи не е точно дека почнувале од апсолутна нула. Забораваш дека од 1945-та, за прв пат светот (Европа и поголемиот дел од светот) гарантира човекови права и слободи за сите, со цел превенција уште еднаш милиони исфрустрирани и незадоволни луѓе да се свртат кон хејтери-популисти, и за да исчезне вековната нетрпеливост меѓу народите. И тоа се случило, никој денес во Европа веќе не мрази шваби, ниту Швабите мразат Французи и останати. Единствено Југославија не успеа да имплементира хумани вредности... Југословените сиот негативизам го акумулирале и го чекале моментот да ги извадат ножевите. Ништо чудно што први од таа заедница се одвоија најмалку примитивните :)
    Во Турција и тоа како има нормални луѓе кои го живеат 21. век, е сега, забрадени муџахедини и останати кои одбиваат да се вклопат во современото општество има и во париски и лондонски гета, што останува за муслиманска држава при моменталните околности.
     
  10. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нормално, и треба тоа да го мразиш, но, во случајов реалноста вели дека ќе било далеку полошо, не е тоа некаква утеха, самиот факт што југо-социјализмот бил најнапредниот период во последните 1000 години тука не е нешто за фалење туку факт кој треба да ја наведе рајата да си стави прст на умот во 2017 на каде тера.
    Имало капитализам и пред и после екс-југа, тие се резултатите, нема универзални одговори, некаде не може да успее еден систем некаде друг, во 90-те извесен филозоф Фукујама објавил крај на историјата, готово, победи западниот модел, нема што да се прави повеќе...and then shit happened.

    Покажи каде не сум во право, дај да видиме што тоа имало до 1941, кои аеродроми (уствари имало една ливада кај денешна населба Аеродром што била база на кралска авијација, неколку хангари и шатори и нешто комбо со патнички летови чат пат), кои патишта (асфалт се користи од римско време уште) кои фабрики (300 години уназад постоеле), телекомуникации (телефон е од 1876, телеграф од 1835), пример прво радио на македонски е во 1944, а радијата биле наоколу од 1919 во светот онакви какви што ги знаеме денес, за раја, каква коинциденција нели, или печатени медиуми, колку имало на македонски пред 1944, пошто новини имало на запад од 16.век :D колку градови имале струја, колку имало неписмени пред 1944 и после, какви права имале жените, колку термо и хидроцентрали имало (пошто постојат од 19.век, да не испадне дека со декрет на ОН почнале да се градат во 1945).
    Немало глад али имало болештини и неписменост, неспоредливо поголема сиромаштија, баба ми откако завршила гимназија се пријавила да одржува вечерни курсеви за неписмени во 50-те, да ги учи да пишуваат, замисли возрасни луѓе да ги учи девојче "сеа кажи ААААААААА ете така...ова е буквата Ш...како Штип таака, браво".
    А писмото постои илјадници години, којзнае зошто имало неписмени.
    Настрана маларијата, сушење на мочуришта и борба против комарци се води со векови, како тоа до комунизмот не им текнало на никој да се справува со тоа?

    Грците имале новини од 19.век, имале независност од 1829, Турците имале држава 800 години, империја и сепак во период од 40-тина години пост ЊЊ-2 биле срање во однос на екс-Југа. Настрана што Турција не учествуваше во ЊЊ-2 него намлати голема пара со трговија со двете страни али има нешто и во Џини индексот :)

    Гледаш дека светот не го повлекол ама ич ова подрачје напред, напротив. Или е страшна коинциденција што тоа се дешавало 1944-70 некаде, или е заслуга на југо-комунистите, нема трето.

    Зулуми, да имало, тешки и неспорни срања, али се е во споредба, така да споредба со бугарско, српско и турско не знам што би донела тука вс. позитивните ствари.

    И дај да видиме што бидна после 1991, ете сега градеа автопат, промашиле траса, земале процент мито од кинезите и ќе треба уште 200 милиончиња за да се опраи работата.

    Грција и Турција од твојот пример имаа еден машала рат меѓусебе и неколку close calls :devil:
    Во Турција на власт е исламистички популист кој сере по наследството на Ататурк, соработуваше со ИД, апси, затвара и убива, како што кажав мнозиството население на Турција живее во мизерија и цивилизациски се враќаат ужасно назад.
     
  11. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    11.262
    Пол:
    Машки
    Untitled.jpg
     
    На LollySky, WildMk и Someonespecial им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.645
    Пол:
    Женски
    Многу преведував и не се разбирам многу од политички поими ама успеав да решам вака. :) a8979061e254872d9e5f772534d26e33.png
     
    На Someonespecial, LollySky и WildMk им се допаѓа ова.
  14. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    И јас сум тука некаде :) chart.png
     
    На Someonespecial и WildMk им се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    chart.png
    Economic Left/Right: -4.38
    Social Libertarian/Authoritarian: -4.67
     
    На Someonespecial, LollySky и WildMk им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ти најразумна од нас левичарите :inlove:
    На средина си се стокмила :*
     
    На lovestoneddd, Someonespecial и Afrodite¥ им се допаѓа ова.
  17. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20180725-212939.jpg
    Колку само знаев дека блиску центар ќе бидам. :D уште пред да одговорам знаев ок заклучив дека знам што сакам :D
     
    На Роберт 7, WildMk и LollySky им се допаѓа ова.
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.645
    Пол:
    Женски
    Еве и другово. :D 8f063a0ad14f682e01b2ac5576d09153.png
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.613
    Допаѓања:
    36.909
    Пол:
    Машки
    На форумов има луѓе со најразлични ставови и политички мислења. Некои од нив се крајно либерални, додека други крајно авторитарни, трети пак се некаде во средина.

    Странава има краток тест кој може да ви каже какви се вашите размислувања споредени со други луѓе и каде се наоѓате на политичката оска.

    Линк до тестот: https://www.politicalcompass.org/analysis2?ec=-4.25&soc=-4.05

    [​IMG]



    Моите резултати се малку променети од последниот пат кога го правев пред 5 години каде што бев повторно во истиот квадрант, ама некои си -2 кон либералниот дел.
    Fast forward од тогаш, погледите ми станале малку повеќе либерални и се приближив кон Ганди. :D

    [​IMG]

    Какви се вашите резултати? Дали ве изненадија или го потврдија вашето размислување?
     
    На CameliaMiller, Biljarkata, Vitaly и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    52.600
    Пол:
    Женски
    Еве го мојот резултат, воопшто не се изненадив. :D
    Многу сличен резултат со твојот @Billy Idol :lol:
    Screenshot_20201210-174153~2.png
     
    На CameliaMiller, Justicija, Ugly Duckling и 2 други им се допаѓа ова.