Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со некој од друга вера или сепак не?

Дискусија во 'Врски' започната од Winter.Girl, 28 ноември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.191
    Допаѓања:
    156.748
    Јас не застанав на ничија страна,ниту бранев,ниту пак имам слични интенции и гледам објективно баш затоа што не сум афектирана во било кој поглед.Произнесов само мој став на мој начин.
    Дали тоа што Девојка ск е одвратно или не,јас и ти не сме тука да судиме,но искрено јас не гледам ништо страшно во тоа што го рекла,затоа што како што реков,мора нешто да ја повредило многу за да така зборува,но ти нели си лично инволвирана во ситуацијата па ти чини да ја оправдуваш ситуацијата помеѓу двајца од различна вера.
    Дали се смрдливи или одвратни не знам,знам само дека се смрдливи во умовите.
    Ако тебе ти е пријатно да го навредуваш сопственото семејство со тоа што ќе ги посрамотиш под закрила на тврдењето љубовта победува се (како не бе) повели.Мене не би ми било сеедно после таа кобна 2001,но ете не се работи само за браќата ни,туку воопшто муслиманите,па ќе речам пак разликите во воспитувањето се непремостливи и крај.
    Јас сум растена во средина и семејство каде што се држиме еден до друг повеќе од било кој друг и почитта и простувањето ни се клучни во нашето постоење,за тебе не знам.
    Јас можам да се дружам со нив,не да бидам најблиска,ама да разменам некое искуство кое ќе биде формално,кое сепак би ми било своевидна средба од трет вид (за мене буквално се вонземјани),но не можам да замислам да делам кревет и плунка со нив.Прво,ако ме прашаат за мојата религија јас не се навредувам и им објаснувам како тоа ние одиме во црква и како го манифестираме нашето верување и на што се заснива нашето верување во Исус,Господ и сите тие светци (инаку,не сум опасен верник,верата ја разбирам на поинаков начин),а ако јас нив ги прашам икс прашања поврзани со нивната религија нив ги навредува,а воопшто не се навредливи и без причина почнуваат да се однесуваат дефанзивно.Сум се нашла повеќе пати во ваква ситуација и не затоа што јас сум сакала да зборувам туку баш затоа што сум била прашана за мојата религија,инаку никогаш прва не иницирам разговор за религија.Никоаш не сум поминала убаво во ваква ситуација и секогаш на крај сум била навредена и што да кажам повеќе...
     
  2. fannya

    fannya Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    Dobar sovet si i dala na anngel i se e ok toa sto si go napisala ali mislam deka sekoj najdobro si znae kakva mu e situacijata vo vrskata i samo ona i nikoj drug od strana nemoze da i ukazuva dali i kako ke zavrsi dali srekno ili nesrekno moze ti ili nekoja druga devojka imale vrska nekoja koja na kraj tazno zavrsila no ima i takvi koj uspeale site prepreki da gi nadminat i da ostanat za istiot decko za koj mislele deka e toj praviot sepak ona si go kazala svoeto iskustvo i samo ona i nikoj drug od strana nemoze da znae kako tocno i se odviva vrskata pa so ogled na toa nikoj nemoze ni da ja sovetuva kako ke zavrsi zasto sekoj ima razlicno iskustvo sekoj za sebe si znae i sekoj se vodi od sopstvenoto iskustvo
     
  3. fannya

    fannya Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    POTPOLNO SE SOGLASUVAM SO OVOJ POST I JAS OVA GO PISUVAM CELO VREME I SE TRUDAM DA GO OBJASNAM ISTOVO
     
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Не не ...драга Фанниа...јас воопшто не ја советував...или и кажував дека и незјзината врска ќе заврши како мојата или многу други...од се има искључоци, она што сакав е да и предочам некои работи, ако сака да ги прими, со најдобра намера секако...и да укажам на тоа дека никогаш ама никогаш неможеме во никој да бидеме сигурни...и не постои, тоа АМА ЈАС МОЖАМ....сите викаат така и затоа се разочарувањата, кога секоја од нас би ја земала ситуацијата со резерва , не би постоеле разочарувања....Па колку ситуации постојат кога сме изненадени од самите себе а не па од некој друг....можеш да веруваш, да сакаш, да имаш желба....но никогаш неможеш да бидеш сигурен во ништо...дури ни ако зависи само од тебе а не па ако тука има уште некој....докажано е дека во текот на животот ние не се спознаваме нималку....а камоли некој друг....не се работите црни и бело.....јас бев не 100%, 1000% сигурна дека ќе се омажам со тој дечко, мојата другарка исто....сега се најдов во ситуација во која се изненадив од сама себе....значи тврдам дека неможеме да бидеме сигурни во ништо и никого, па ни во нас самите....немам никаква друга намера освен да помогнам, да посочам ситуации, видувања, факти...ако на некој му помогнат мило ми е...ако не никому ништо....она што ми е најбитно, сите што доживеале разочарување, го доживеале баш ради ставот...ова моево е вистинското, јас сум сигурна, кој што сака нека збори ,јас го знам него-неа, мене нема тоа да ми се случи....да не биле толку слепо заљубени, тврдоглави, уверени во некоја вистина...и малце да се земат работите со резерва не би имало разочарани....а има ....значи....?/размислувале баш така...мојата ситуација е поинаква,мене тоа никогаш нема да ми се случи....но се случува...и боли....посебно ако немаш никој свој покрај тебе
     
  5. fannya

    fannya Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    Znam deka nemislese nisto loso i deka sakase samo da i pomognes neli ti napisav deka ok ti e sovetot i tocno e toa deka za nisto vo zivotot nemozeme da bideme sigurni eve i jas sum doziveala razocaruvanje od edna moja vrska isto i ti i mnogu drugi sekoj si ima nekoe iskustvo i znam deka ne treba da go gledame svetot samo so rozovi ocila razocaruvanje moze da ti se sluci so sekoj bez razlika sto vera e i moze da ti se sluci na 18 a moze i na 28 nema vrska toa so godini iskustvo ili slicno no i deka bez razlika kolku nekoj od strana ke ni ukazuva sepak nie najmnogu si ucime od sopstvenoto iskustvo i od sopstvenire greski i deka ona si znae najubavo za sebe i nikoj nemoze da garantira dali ke bide se kako sto ona si ocekuva ili ke zavrsi loso dodeka ona sama ne pomine niz toa a za podrska moze site da ja osuduvaat na kraj ali veruvam deka kako i da zavrsi i sto i da mislat nejzinite okolu toa deka pak nakraj ke ja podrzat sepak roditelite go mislat majubavo za svoeto dete i imaaat razbiranje i koga ke pogresi nema da go ostavat na cedilo
     
  6. Amoremio

    Amoremio Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Овде никој не рече дека ќе смени вера, за да си со некој албанец не значи дека треба верата да ја смениш. Рози во ни една врска не цветаат љубовта може да не ти биде возвратена и од некој христијанин, јас знам дека имам секаква подршка од дечкото за што и да решам. Ок е ти што несакаш да имаш таква врска не си ни прва па ни последна ама остави не нас сами да сватиме дека грешиме ;)
     
  7. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    бре жени колку се разгорела дискусијата на темава..... :o :o :o ме мрзеше да ги читам сите страници за да бидам во тек со муабетов па затоа вака како од ведро небо падната ќе си пишам пак на темава....иначе имам пишано дека не би сакала да бидам со некој од друга вера, се тоа ми изгледа некако премногу комплицирано...но незнаеш што ти носи животот па никогаш не вели никогаш :?

    ова во претходниот пост девојката што прашува зашто нема многу врски помеѓу муслиманка и христијанин...според некоја моја претпоставка (теорија) мислам дека затоа што во таков случај муслиманката би требало да избери помеѓу семејството и љубовта, зошто 99% таквата врска нема да биде поддржана и оправдана од нејзиното семејство....па поради сето тоа муслиманските девојќи немаат доволно храброст да превземат таков чекор и да бидат во врска со христијанин.
    ете тоа е моето мислење :mrgreen:
     
  8. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    32
    E sega moze da prekineme so navredite, pa da ne ostavis tuka tie so sme u vakva situacija, da mozeme slobodno da si razmenuvame mislenja za nasite vrski.


    До вери-Значи темава стварно отишла ван контрола...И јас во претходните постови го искажав моето мислење дека сум за љубовта,разбирањет и секој со своите грешки нормално ставови и мислења,.. меѓутоа Вери она што го копирав не ти е на место воопшто од причина дека темата е отворена секој поединечно да си каже мислење а не ај сеа Девојка ск да се повлече поради тоа што не е во иста ситуација.Значи темата носи наслов "со некој од друга вера или сепак не" ...а не носи наслов "сите што сме у врска со муслиман да разменеме мислење". Затоа треба да се има почит сепак кон секој пост колку е во право или не...како и да се е тоа индивиудалнона форумот.
    позззз и без навреда :)
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.082
    Допаѓања:
    66.931
    Пол:
    Женски
    Е па ова кажи им го на девојките што идат со муслимани и прашај ги што мислат нивните родители за ова и дали им е мило и дали се среќни. Всушност мислам дека имаат пишувано во постовите дека најголеми проблеми имаат со родителите.
     
  10. annngel

    annngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    Точно дека насловот на темата гласи Со некој од друга вера или сепак не,но никаде не пишува омаловажување на муслиманите и докази за нивната заостанатост и одвратност--бидејќи најмогу коментари се напишаа за тоа. енца.69 благодарам за советот и твоето мислење,според мене беше најдобромерно кажано и јас го прифаќам како такво,ти добро кажуваш за што според тебе сметаш дека нетреба таква врска.од една гледна точка е така,дека сите од моето потесно семејство се против НО доколку недај боже нешто се случи ШТО 98% СУМ СИГУРНА ДЕКА НЕМА, јас знаам и сигурна сум дека тие секогаш би ме поддржале бидеќи ниеден свесен родител не би го оставил своето дете да пати,но некои веќе почнаа да сваќаат,а пријателите ме поддржуваат,бидеќи добро не познаваат и двајцата,знаат како ни е,и тој е прифатен најнормално,се дружиме излегуваме и се си е онака како што треба,обострано се сакаме,јавноста знае. дали ќе направам грешка или ќе го добијам тоа што мислам дека ме прави среќна е само прашање на судбината(иако не верувам во неа многу бидеќи најчесто сами промислено или не, си ја пишуваме)но во се што ни се случува постојат 2 опции,или добиваш или губиш.а животот е полн со ризици и ако не се обидеш и бориш никој нема да ни сервира нели?е сега некој гледа на тоа поинаку,бидеќи не се нашол во ваква ситуација,но тие кои се, ќе ме сватат.потсвесно знаам дека никогаш не би се каела што сум со него,тоа ме усреќува,ме исполнува,јас не правам грешка не промислена-за тоа сум размислувала,сум исгубила време и време ,и во никој случај не ми дојде да попуштам пред било каков притисок.се додека не не познава некој и двајца неможи да кажи како ни е во врската,дури не се ни забележува некаква разлика.баш ни е интересно,се надополнуваме,и правиме тоа што некои го сметаат разлика да биди уште поголемо спојување.точно дека сум заљубена,и по година и пол јас не само што го сакам туку неможам без него.досега меѓу нас не се појавил проблем и се си е онака како што секоја би посакала да и биде во една врска.и на крај да кажам и да појаснам на некои--МОЈОТ ДЕЧКО НЕ Е АЛБАНЕЦ!
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.082
    Допаѓања:
    66.931
    Пол:
    Женски
    Не сум ги читала сите постови па не знам баш, а ти си им кажала дома на твоите?
     
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Менталитетот на нашава држава не е баш либерален,затоа еднаш реков дека кога тогаш некој од вас ќе биде испровоциран и не дај боже повреден.И сеуште стојам на тоа ама секако љубовта си го прави своето.Меѓутоа не сфаќајте ги погрешно своите родители,тие секогаш ни мислат добро.Само треба многу да се внимава и навистина добро да се запознае личноста,без разлика која вера е!
     
  13. LAVICA81

    LAVICA81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    20
    Зошто повторувате дека врски христијанка-муслиман има,а муслиманка-христијанин воопшто нема,бидејки тие повеќе си ја чуваат верата и својата чест.Ке се повторам со некоја членка на форумот што го наведе примерот со Амернис Ноќшиќи и Борјан Јовановски.Се знае за нив само затоа што се јавни личности,и нивната приватност ја делат на некој начин со јавноста,а сигурно има и други за кои ние не знаеме и се баш како нас,обични граѓани анонимни за општеството.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.082
    Допаѓања:
    66.931
    Пол:
    Женски
    Кој повеќе си ја чува верата? Муслиманките или?
    А вери па ти си знаеш најубаво како ти е и како ќе ја наредиш.
    Јас имав една колешка муслиманка и самата се изјасни дека никогаш не би одела со македонец, бидејќи тоа е против нејзината вера и нејзиното семејство и против се она во што таа верува. Други примери за темава немам.
     
  15. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    102
    Незнам можеби ќе сметам овдека што ќе напишам нешто поради тоа што сум машко.А ако сметам слободно ме банирајте пошто е женски форум несакам да ви пречам.До ДевојкаСК!Воопшто не е точно дека нема Албанки или муслиманки што идат,се муваат,сексаат со Македонци.Јас можам да ти набројам 50 случаеви што јас сум ги видел лично со мои очи или се случиле на мои блиски пријатели или другари.Еве како прв пример ќе ти ја дадам албанската пејачка Аделина Тахири.Пред мене се муваше со дечко Македонец,45 минути јазик не извади од него.Тоа беше пред мои очи и неможам да лажам.Уште три месеци беа заедно.Втор пример.Мој подалечен пријател беше во тајна љубовна врска со Албанка 1 година.Девојката ја изгуби невиноста со него.Подоцна ја верија за Албанец и мојот пријател ја водеше у Скопје да и го шијат хименот и и плати 300 евра операција у тајност за да ја оправда она албанската традиција.Трет пример Албанка од мој клас се муваше 5-6 пати со дечко Македонец пред мои очи.Четврти пример мој пријател се е*е со Албанка Арбенита од Чаир една година девојката има дечко Босанец долга врска.Ако сакаш можам да ти набројувам до утре случаеви што ги знам јас,а колку има што не ги знам тоа е веќе друга работа.Второ за Турчинките!Јас незнам Турчинка од Скопје ,а да немала дечко Македонец.Значи незнам.Сите Турчинки што ги знам имале дечко Македонец.Типичен пример е мојот добар другар имаше девојка Турчинка една година живее она кај олимписки базен.Сите Турчинки,Турци како прво ниеден не учи албанско школо ниеден ретко некој се дружи со Албанци(немам ништо против да се дружат) сите у глобала се дружат со Македонки и Македонци.Можам да ти набројам 80 Турчинки што нон стоп висат у Тренд,69,Чао и други.Има нормално и конзервативни девојки муслиманки али тие од генерација во генерација стануваат малцинство.Претежно живеат во селата .За 10-15 години сите муслиманки во Македонијаќе го прават она што го прави и ти.Ако имаш пријател што работи како гинеколог и шие химени на црно прашај го ќе ти каже кои му се најредовни муштерии.Албанките коишто во многу случаеви баш јас имаат изгубено невиноста со Македонец.Сега зашто не продолжуваат у врска со нив тоа е друга работа зашто знаеме дека кај Албанците има крвна одмазда така да секоја девојка може да изгуби глава поради тоа.Али и тоа пополека со тек на време изумира и изумира.
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.191
    Допаѓања:
    156.748
    Леле мори мила мајко,кој си ја има мувата на капата,вика иш,па и ќе се најде засегнат.
    Вери разграничи си ти реалност од виртуелно затоа што очигледно не можеш,па се најде повредена.Ако ти толку веруваш во таа твоја вистинска љубов за која тврдиш дека со свои 20 години,што те повредува?!Не веруваш изгледа толку,па ти треба јавно одобрување.Ај терај си по патот и не не убедувај тука во твоите постапки,ниту сум ти мајка,ниту сум ти сестра за да ми скокаш тука и да се тепаш со икс девојки кои искажале мислење.Ако не се поклопува со твоето не значи дека не е објективно и е навредливо,во ред?
    Јас важам,бар за себе и за околината во која живеам за крајно толерантна и либерална личност,но за некои работи се повеќе од јасни границите особено кога живееме во подрачје кое е осетливо на тие религијски разлики.За срам е дури.
    На никому не му посакувам лошо,но тој што не знае како е да се плаши за нечиј живот,да му гине,татко,брат или некој близок,може да се продаде за два грама љубов и влажни гаќички (простете ми,но навистина е вака).Со самото тоа да знам дека е од друга религија,од старт во глава ми е врежано дека нема никакви шанси да се случи љубов.Не сум животно за да не можам да си ги зауздам страстите и љубовта,а не е толку наивна и невина љубовта за која толку се зборува,би кажала дека е преценета.Не секогаш ни е убаво да кажеме не,но принцип и почит пред се према себе,а после кон мајка ми и татко ми и воопшто мојот народ.
    Бидете поздравени и немојте да ми продавате соленки за објективност,затоа што одамна сте се удавиле во сопствената субјективност,страсти и несигурност.
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.191
    Допаѓања:
    156.748
    Девојко јас не ти се обратив на тебе кога зборував за срамење на семејството.
    И за промена пишувај кирилично.
    Ајт,реков,за вакви работи не се разговара.На кој му чини нека повели,не го осудувам,го ценам како човек,иако не се согласувам со неговиот избор.Што се однесува до мене,јас не би,кажав и зошто.
     
  18. fannya

    fannya Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    Bravo za ova sto go napisa i toa detalno i jas znam mnogu vakvi primeri samo nejkev da idam u detali ova e ziva vistina e sega konecno moze da prestanat tie sto samo gi osuduvaat hristijankite sto idat so muslimani dodeka muslimankite gi pravat svetici ili kako od doma da ne izleguvaat i vrska nemaat so zivotot.
     
  19. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Леле бе дај престанете досадни сте со тоа јас не се карам таа се кара ова-она.Кажете само дали би биле со некој од различна вера или не и од кои причини и притоа не навредувајте без разлика дали сте машки,женски,македонки,албанки и сл.А ова машкото што го напиша ми беше мн. реално доста беше едните курви и глупави,а другите светици.И ќе ве замолам да не си наметнувате едни на други лични мислења :D .СЛОБОДА НА ГОВОР :D
     
  20. LAVICA81

    LAVICA81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    20
    Ах,бре луѓе,има и во двата случаја примери.Не можеш на срцето да му забраниш некого да сака или не,само заради тоа што е од друга вера.Не се бира тоа,и кој што нема такво искуство не знае како е.Можеби и мене ми се чинело тоа непознато и на повеќето овде што го одобруваат тоа,баш заради тоа што има некакво искуство такво и осетил на своја кожа.И тој кој што се заљубил во некој од друга вера,некогаш велел-не,јас никогаш не би си дозволил нешто такво,знаејќи го исходот од таквата ситуација.Но кога ке се деси,живее со тоа и бара одговор на прашањето-што понатаму? И овде сме со намера да слушнеме искуства и можеби најдеме некој одговор или бар да претпоставиме што би ни се случило и што не чека.Сите знаеме какво е тоа лудило,чувството на заљубеност и чувството дека заедно можеме се,сите препреки да ги поминеме и да се избориме за нашата љубов затоа што сме спремни на се.А што се однесува до симнување звезди,само со намера да го добие тоа што го сака,има и тука различни ситуации.Некој ке ти симнува звезди додека го добие тоа што го сака.но има и такви што искрено сакаат.И тие се луѓе,можат да се заљубат во секого,и во некој од друга вера,не бира паметот,него срцето..и тоа е многу озбилна работа.Еве на пример јас.Јас сум во контакт со муслиман веке скоро две години,можеби не физички толку често,затоа што тој е далеку од мене,туку по телефони,интернет и што ли уште не..дали тој би трошел време и пари на мене ако сака само да ме легне кога ке дојде овде?Па тој може да го направи тоа таму кај што е,во секој момент кога ќе го посака тоа.Јас сум му тука за секоја ситуација во животот,сродна душа како што тој ме чувствува,човек каков што секогаш сака да го има крај себе..и сега што сум јас крива што сум христијанка,а тој муслиман,кога имам се што тој одсекогаш го посакувал и не го нашол во никоја од неговата вера со која што не би имал никакви пречки..САКАМ ДА КАЖАМ ДА НЕ МОЖЕШ ДА БИРАШ,ТОА СЕ СЛУЧУВА...САКАЈЌИ ИЛИ НЕ... :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.