Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со некој од друга вера или сепак не?

Дискусија во 'Врски' започната од Winter.Girl, 28 ноември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601

    Конечно, некој да каже нешто реално, и што е најважно - од не-женска перспектива!
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LAVICA81

    LAVICA81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    20
    Se soglasuvam i jas,dosta realno,i tocno :)
     
  3. annngel

    annngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    Имаше поставено прашање како сме му кажале на родителите,а воедно имаше кажано дека според некои мислења тоа е срам за семејството.На моите родители не им кажав јас бидејќи тие дознаа од други уште кога бевме во врска од прилика 3 месеци,а јас сакав да под помине време,но ете се случи како се случи и за тоа ми е најмногу криво што луѓето се такви,се мешаат во туѓи животи.сакав од мене да слушнат јас да им кажам,не дека немав храброст,кога тогаш ќе го кажев тоа,бидејќи моите во се ме поддржувале и јас слободно си се искажував пред нив, но ете едноставно сакав да подпомине време.Според некои можеби мислат дека е срамење тоа на семејството,но јас мислам дека е поголем срам да се омажам со некој кој нема да го сакам,а логично е дека нема да има слога во таков брак ,и кога тогаш ќе го оставам и да им се вратам дома,одколку да бидам со некој покрај кој ќе имам топлина и љубов во животот?кој срам е поголем?да патам или да бидам со некој што го сакам,но од х причини не им одговарал на другите?не не никогаш така,нема да си ја жртвувам сопствената среќа поради нечие мислење,па макар и од родител.на крај краева па не барам другите да го сакаат?!јас си го сакам и тоа ми е доволно.исто така како што прочитав,кај вери мислам беше,поголем срам е да одам со различни,да пијам,да се дрогирам или пак да бидам среќно вљубена во човек кој го заслужува тоа,кој никогаш нема да ме наведе на нешто лошо?ако моите се срамат од мене јас неможам ништо тука,еве да заминам од нив дали срамот што го имале ќе им ја утеши болката ако ме немаат мене?што ќе биде поголемо?не дека не ги разбирам,јас потполно ги сваќам,тие се родители се грижат и најмногу на овој свет од кој и да е ми посакуваат добро,ме сакаат и сл,но....за тие да бидат среќни треба јас да бидам несреќна,и обратно.....Како гласеше почетокот на Ана Каренина--Секое семејство е среќно на ист начин,а несреќно на сопствен начин- и всушност тоа е реалноста,секаде постои по некој недостаток,нешто кое ќе го оправдува фактот--совршенството не постои.не постои човек кој ќе каже мене ми е се погодено,или и да речи така тоа е лага.секаде има по некое црвче кое грицка.Но за сите луѓе има нешто одредено,и тоа што треба да се случи ќе се случи сакале ние или не.Затоа оставам на времето,не преземам големи чекори.Сакам се постепено и тоа што е мое ќе си дојди,како што треба да биде ќе биде.мене не ме интересира што ќе кажат другите,мене ме интересира мојот живот кој можам или да го уништам или да го издигнам трето нема!
     
  4. annngel

    annngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    патем,браво за момчето кое едноставно и без заобиколување ја кажа реалноста!!!!!ДЕВОЈКО.СК ЕВЕ ТИ ГО ОДГОВОРОТ КОЈ МАКОТРПНО ГО БАРАШЕ ВО 10 СТРАНИЦИ.уште еднаш браво :clap: поззздравче
     
  5. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Мои честитки за момчето кое се приклучи на оваа тема значи до толку е интересна содржинава кога изнудивме и машки одговор на прашањево.А што се однесува до annngel јас потполно се согласувам дека најбитна е љубовта а помалку битни се работите ккако националност,вера итн.Најбитно е во животот ти да бидеш среќна а ако е тоа што те усреќува само продолжи напред,а тоа дека било срам за семејството е гола вода не би било срам ако се омажиш па не ти оди во бракот па се оставаш тоа според мене е посрамно одколу врска во која двајца луѓе се сакаат.


    Предноста на мешан брак е што ќе имаш дупло празници за празнување а знаеме кај нас дека секој празник е државен(неработен)блазе тебе
     
  6. Amoremio

    Amoremio Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Никој неможе да кажува додека не осети на своја кожа како е. Многу е тешко кога се ќе се крие, кога нема да можиш дома да го донесиш, да го шеташ низ град и да го претставиш како твој дечко. Уште потешко е ко ќе дојди ден за да се разделите заради некој трети, затоа што на некој му смета тоа што тој е од друга вера. Но ако се сака се се можи да има многу последици но тоа што ќе си покрај личноста што ја сакаш и што те сака е најубавото чувство. Совет за сите што се мислат дали да имаат ваква врска ако се спремни да жртвуваат многу работи за да бидат среќни нека имаат врска со некој од друга вера, но ако не се подготвени да дадат ништо нека размислат убо. Ангелче твојата решителност да се бориш за се ми дава и мене снага да не се откажам така лесно, ти посакувам да бидеш среќна
     
  7. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Не би се мувала со никој од друга вера, не би имала врска значи ништо, сум доста опн мајнд, ама ете единствена предрасуда ми е ова не можам да ги сфатам и не ги оправдувам !
     
  8. tigrica01

    tigrica01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4

    Bravo anngel!!!!! Potpolno se soglasuvam so tebe
    i uste edno bravo za deckoto :)
     
  9. annngel

    annngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    секој за себе и секој со своите ставови.сечии очи гледаат поинаку на нештата што е најнормално и прифатливо.мене ми е убаво и не ме интересира која вера е,битно е човек како и сите,со црвена крв,срце и душа.тоа за мене е најбитно,а уште побитно е дека во него гледам човек со секакви добри манири.поозззззззззз
     
  10. annngel

    annngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    Благодарам тигрица,јас така мислам и така е според мене :) поздравче до тебе
     
  11. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    72
    Живеам со личности кои се од исламска вероисповед. Не се такви како што повеќето мислат. Добри се, почитуваат. Имам зборувано со машки и таа што вистински ја сакаат не ја легнуваат пред брак, туку ја почитуваат. Но има и исклучоци што и пред брак го прават тоа. Сеедно, знаат да сакаат вистински, и мое мислење е дека сите сме исти, без разлика на вера, националност....
     
  12. divine

    divine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    28
    Se slozuvam so toa deka ljubovta ne poznava granici , i koga moeto dete bi sakalo da bide so nekoj covek od druga veroispovest ke go podrzam od edna pricina sto site luge se razlicni prvo a vtoro i da ne dozvolam ke rizikuvam da ja/go izgubam deteto i na toj nacin samo ke go povredam i deteto i sebe , ako taa i li toj misli deka toj covek e najdobar za nea /nego slobodno
     
  13. LAVICA81

    LAVICA81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    20
    Погоре некој спомна дали познаваме такви случаеви кои завршиле со брак.Еве,јас ке ви кажам дека познавам неколку такви и тоа во два случаја тоа се мои блиски луѓе.Еден од нив е брак меѓу македонец и турчинка.Другиот е меѓу македонец и албанка.Третиот е меѓу бошњак(муслиман значи)и македонка.И во трите случаеви се работи за веќе неколкугодишен брак со по две деца,и среќни луѓе.Се почитуваат меѓусебно,јас сум често во нивно друштво.Се празнуваат и двата празника,децата имаат и православни и муслимански имиња.Значи,се може да се реши,само треба заинтересираност и почитување од двете страни.
     
  14. purpurna

    purpurna Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    32
    Se soglasuvam so tvojot stav potpolno i velam bravo.Sakam da kazam deka pred gospod site luge se isti ,za neupatenite da im kazam deka i Isus bil obrezan ili po naradot kazano sunet , sunetot go pravat i hristijanite nekoj od higenski pricini a nekoj od maka .Koga e lubovta vo prasajne nema granici i nepoznava vera.
     
  15. LAVICA81

    LAVICA81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    20
    Purpurna,bas mi e drago sto procitav takvo mislenje od povozrasna licnost.Pozz za tebe! :)
     
  16. srnicka24

    srnicka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    45
    sekoj siima svoi gledaita i stavovi..jas mislam deka nasevo opstestvo ni nalaga da imame mnogu predrasudi i patrijarhalni sfakanja...sepak sme site luge od krv i meso...mojot decko e od mesan brak tatkoto negov e musliman i nemam nikakov problem so toa nitu jas nitu moite roditeli...i gi podrzuvam ste sto se vo vkava vrska ili brak Pozdrav
     
  17. LAVICA81

    LAVICA81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    20
    Дали некој знае да ми каже дали е можен брак помеѓу христијанка и муслиман,притоа секој од нив да ја задржи својата вера? Ако некој добро ги познава овие работи би ве замолила да поразговараме околу ова. :roll:
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Значи не сум многу запознаена, но верувам дека може, затоа што имам сретнато такви бракови. Зошто да не може?
     
  19. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177

    Ваков брак иако е осудуван од општеството е можен,всушност познавам еден таков пар.Таа е христијанка,а тој муслиман. За православните празници таа оди кај својата мајка да ги прослави.Исто така и тој си оди кај своите родители за муслиманските празници,секако тие се подржуваат во тоа.Децата им се сеуште мали па затоа не се религиски определени.Тие чекаат да потпораснат па самите да си решат.Нормално тие немаа обреди за свадбата туку само склучија граѓански брак по кој следуваше гооооолема забава :D
     
  20. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    89
    Normalno deka moze da se skluci takov brak vo maticno i nema vrska nacionalnosta i verata.Vo nasata drzava mesanite brakovi se osuduvani od okolinata,od opstestvoto no pravno e dozvolen takov brak
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.