и јас ја правам на сличен начин,не се плетенки но правам мали свиткани пунџички, и пото ги одвртувам, ја сушам косата...и супер излегува.
со спиење и бањање Се шалам, ама природно ми е витканка, прекршенка, лесно се витка. Инаку порано кога имав долга коса со фигаро малку, или со крпчиња, најолдскул на свет. После тоа лак за коса за да стои така навиткана
Најубаво ми се витка кога ќе заспијам со полумокра коса, ама обавезно со обележан патец, зошто во спротивно на сабајле ќе биде многу хаотична. Ептен убави се прекршува и имам голем волумен. Не знам за права коса како би функционирало ова, јас имам природно брановидна. Кога не ме мрзеше порано ставав крпчиња, сега имам сунѓерести витлери, ама не ги користам често. Пена исто ретко користам, затоа што како ќе ја направам, така си останува косава некое чудно влакно имам.
еве неколку видеа за брановидна коса направена без напор и без употреба на топлина на косата http://www.youtube.com/watch?v=NxfllJNd ... plpp_video http://www.youtube.com/watch?v=9x7dReq8 ... plpp_video http://www.youtube.com/watch?v=0TuCHt0E ... lNHDg3A%3D
Одсекогашсумсакалабрановитакоса. Ама не разбушавена туку со благи бранчиња. Јас ако ја оставам природно да ми се суши ми излегува права како со пегла да сум ја пеглала.А кога ќе се фатам за фенот испрекршена. Изгледа не знам убаво да се сушам. Прво ќе ја избришам со крпа,па ќе ја сушам со фен.Ако едно обично сушење трае 30 минути јас ќе ја сушам 20 минути и после ќе ја врзам во пунџа.Половина час така ќе ја оставам и се постигнува саканиот ефект.Ама не сум секогаш расположена за оваа долга процедура па така да почесто си ја носам права ~
Со фигаро , после 2 часа ми се отпуштаат локните и баш станува брановита опуштени локни.Е тогаш си ја обожавам
Со плетенки ! во зависност од тоа колку сакаш да ти е брановита, толку плетенки правиш со мокра коса , по неколку саати - прерасна фризура
Со ништо посебно, природно ми е таква брановита. Ама само доле на краевите е забранувана. Кога сакам нешто поекстремно брановита, си правам внатрешни плетенки(т.е. мајка ми ми ги прави де, јас никако не можам да си ги погодам ) и излегува како со преса да сум си ја правила.Со партали до сега немам пробано, неам живци јас за тоа, а и густа коса имам.
Извинете ме на оф топик ама малку на шала ако јадиш колачиња косата се витка ? Веројатно си ги утнала првите два линкови Инаку косата ја туткам кога ја слушам и се прават природни бранови.После тоа не ја чешлам само додавам волумен со пена.
Јас имам многу право влакно и тешко ми се витка косата. А ако сакам да ја направам брановита или со локни, користам фигаро. Го купив одамна, не се ни сеќавам од каде, ама ми се погоди. Нема регулатор на температура, па во зависност од тоа дали сакам локни или благо извиткани прамени, пократко или подолго го држам фигарото.
Јас све има пробано и после пола саат косата ми е пак права. Значи природно ксата ми е како праз никаде не ми прекршена абе скроз права и сите ме прашуваат како не ти е оштетена косата а секад си пеглана и јас им вела таква ми е природно не се пеглам и тие остануваат вакви .
Прскач за коса Schwarzkopf - Gliss , Hair Repair го има во повеке бои во зависност од должината на косата Одкога ке ја измијам убаво косата ја прскам негде од средина до врвовите Резултатот е видлив ем убаво мириса ем е брановита и лелеава!
Аууу леле мојава е таква брановиднаа и во некој момент си ја сакам во некој не...инаку пробајте со шампон што има доволно волумен и после со фем
Јас пак од кога ќе излезам од капење не ја сушам целосно, туку да се осеќа влажност некоја на допир, ама да не е ни премногу водена и ќе ја соберам во пунџа како ќе ми дојде, неправилна пунџа не гледајте многу на изглед и на спиење, утрото ќе имате супер брановидна коса и нема да ви се исправи цел ден, или пак исто така полу сува косата и преспијте со внатрешни плетенки неколку...
Кога ми е сеуште мокра косата ја врзувам во плетенки,чекам да ми се исуши па ја пуштам и на крај прскам малку лакче за коса.Толку