И плетам лесна плетенка, значи не многу стегната пред спиење и кога ќе се разбудам ја пуштам и убава ми е брановидна.
И јас негде читав за виткање со фолија, па сакам да пробам. По некоја логика, би ја виткала така што ќе земам прамен и ќе го ставам на парче фолија, како при шатирање што прават, па би го завиткала по должина на косата од двете страни и после би вртела нагоре кон темето како полжавче и би требало да стои со фолијата. Се надевам добро објаснив, ќе пробам и ќе кажам резултат
Ја делам на 4 дела и секој од нив го вртам додека не се направи пунџа. Потоа го фаќам со ластиче. Прскам со спреј за коса и сабајле е готова.
Ова ми пробана работа. Лесно за правење и нема пегли, виклери, горење коса... Обично пред да легнам ја моткам на стегач вака и утре сабајле е готова фризурата. Само на темето си правам ,,купола,, и ставам малку лак
Navecer ja fakam vo pundja,ama prethodno malku sum ja navlaznila kosata.Koga stanuvam ja cessslam so mnogu retok cesel,ama koga ja pustam ja ostavam nekolku minuti daa se zasusi. Mozebi cudno ama oti ne sakam da e kruta ne stavam ni peni ni lakovi,tuku edna kapka sampon ja rastrivam megu dlankite so malku voda i dooblikuvam so brckanje del po del.
Обично кога ќе станам сабајле не ми се живее, а не фризура да правам. За сабајлечка фризура до сега најуспешно ми било ова брцкањето во стегач како на @referentka - ја пушташ и та-даам! Фризура А за кога имам повеќе време, или со фигаро или со преса.
Sekoe vtoro utro stanuvam vo 6:30 za da ja izvitkam kosata so wong. Macno e ama ubavo izgleda . Mojot wong e od 2"/51mm, za krupni lokni , a moze i samo potkrsuvanje na kosata.
Мојава е права од секогаш и секоја проба за виткана трае мноогу кратко. Дури и минивал правев и после првото миење права права чиниш пеглана. Се чудеше фризерката. Често за пригоди сакам да ја навиткам, сум пробала со фигаро, со витлери преку ноќ, со пегла, со крпчиња... секогаш одма и ставам и лак, но пак се пушта. Пред некое време на тазе измиена и исушена ставив фолија, ја држев скоро цел ден, неколку пати ја топлев со фен и после со лак и зафоволна бев од ефектот, но не потраа премногу, сепак доволно.
Мојава коса е природно права. Си ја сакам таква но за некој не толку посебни пригоди ја виткам.Ја носам во пунџа цел ден па 2-3 дена ми е виткана,или пак истото со рибина коска,а ако сакам побрзо да ми е готова ја виткам со фолија
Помагајте! Имам природно ептен права и густа коса и не држи ништо на неа, едвај во реп ја собирам, а локни ми држат се на се пола саат. Сакам да ја направам брановидна, со диви неуредни локни. Сум пробала со плетенки и ок е околу саат време и после се исправа и покрај тоа што и ставам лак. Помош.