Од кај па они докази?! Може да имаат индиции, ама докази?! Е заради вакви пувања на СДСМ кредибилитетот на СЈО паѓа во вода.
Јас не мислам дека СДСМ ја постави Катица, повеќе дека надворешни фактори ја поставија и ја водат работата. СДСМ како опозиција пред бомбите беше тотално уништена (што од нивна неспособност, што од фантастичната кампања што се водеше едиумски против нив веќе ред години) и апсолутно немаше моќ ова да го реализира. Е кога веќе го кажав тоа, апсолутно се согласувам со било каква интервенција, зошто покажавме еве веќе 25 години дека сами можеме секоја шанса да бидеме држава да си ја уништиме со алчност, мегаломанство, самобендисаност, корумпираност на сите нивоа и од сите политички партии. Не е дека нема чесни луѓе во државава, но тие изгледа или избегаа, или самите кренаа раце од било какви активности гледајќи дека нема слух за тоа (се закопаа во некоја дупка или ги закопаа). Плус, толку криминали се направија и открија во бомбите, што раководството на ВМРО не може да не биде осомничено. Е тоа ПР-кампањата направи се што е против нив да се етикетира како СДСМ, е друг муабет. Не мора да е Катица (или Перса, Станка, кој и да е) да биде СДСМ за да се згрози од трошењето на буџетски пари и задолжувањето на оваа и така сиромашна држава за сите глупости за кои се дадоа пари. Боли кога во истиот блок информации се дава инфо дека ќе се потрошат милиони евра на тркало, и дека е отворен број за донации за детска хирургија. Да се вратам на темата - ми се допаѓа што се најдоа луѓе (жени) во државава што имаат храброст да влезат во коштец со фамилијата на власт. Дали ќе им успее, ќе видиме.
Ни јас не мислам дека Катица е на СДСМ, туку они си земаат за право да ја ставаат во своја конотација нејзината работа. Си прават лоша услуга и на себе и на неа. За овие 10години можеа бар маркетинг да научат пд Вмро
У реду е Вини пу. Еве пробав у Ленче-стил, за тебе јасен, ненапорен, за душа олеснувачки Spoiler: Лесно за душа Како на пример доставените 500 000 од 1 070 000 снимки?
На Ленче тоа потсетник и беше за да биде јасна и да не заборави нешто. Па и на лист хартија да било напишано...менува нешто во обвинението ??
Прво, секако дека не влијае никако по обвинението. Но влијае на реномето, на професионалната и интелектуалната призма преку која граѓаните го гледаат и ќе го гледаат СЈО. Денес кога третоодделенци прават пауер поинт презентации и кога поскромни локали, сендвичари, пицерии... можат да си дозволат и поефтина опрема за проекции и видео бимови, без врска е СЈО со толкав буџет, пред своите граѓани да објаснува криминал со шема нацртана со маркер. Бидејќи не беше тоа само потсетник за Ленче. Беше шема која на новинарите, а потоа и на граѓаните треба да им го приближи целиот случај. Шема на (наводен) криминал која треба да доживее масовност и преку која обичниот граѓанин најлесно би го разбрал случајот. Тоа најлесно би се случило преку за око убаво и едноставно изработени слајдови кои освен презентирани со солидна техника пред новинарите, подоцна можат да им бидат поделени на истите и да си најдат место во сите типови на медиуми. Сепак Кејти како главна на СЈО одлучува за начините и менаџирањето како да ја стекне довербата на граѓаните, доближувањето на предметите до нив, професионалноста,... Ај Кејти како Кејти, со лимитирани умствени способности, ама па некој од СДС да ги изменаџираше малку.
@corto.maltese Лимитирани умствени способности … Really??? Самошто ги навреди сите генијални умови кои користеле молив и хартија, за ти денес драга моја да поседуваш компјутер, користиш електрична енергија во твојот дом и мобилен телефон. Да, да, драга моја сите тие кои според тебе имаа мали умствени способности, само затоа што немале power point. Имам еден предлог до вашето партиско претставништво: - Наместо да ве плаќаат да правите ниски навреди на интернет, да ве образоваат па после да ве пуштат да пишувате. Бесплатен совет до тебе: Рачната изработка секогаш ќе биде повеќе ценета од шаблонската направена на компјутер. Ако не ми веруваш пробај да купиш нешто hand made.
Залудно е да менувате влади кога не сте го смениле тоа најглавното - менталитетот и културата на народот! Ќе дојде нова влада, но ќе работи со истиот народ, ќе се соочи со истиот менталитет, истите политичари коишто се вртат во круг последните 20 години. Луѓето што одат во ВМРО и СДСМ ги делат само боите на партијата, но ги спојува истиот ментален склоп и бирократски дух. Тоа не се вонземјани, тоа се ваши роднини и комшии. Тие сме тие, а некој очигледно живее во тешка фантазија и аутизам дека нешто ќе се промени со доаѓање на Заев и Рада на власт. Политичари коишто позади себе имаат милионски афери и 20 годишно политичко искуство. Создадоа империи во својата политичка кариера. Сите судии работат за политичарите. Да не работеа, немаше ни да работат во судството. Логика. Тоа се работни место на коишто се доаѓа со тешки врски. Времето само ќе покаже дека никој нема да лежи затвор. Ќе се испазарат, договорат и поделат колачот, а Фатиме и нејзината УЧК дружина највеќе ќе се ситат на македонската неслога, и да, највеќе ќе ќарат од истата. И, двете македонски партии ќе спуштаат танга гаќички пред орелот кој да ги добие гласовите од планинариве во вториот изборен круг, а тоа ќе бара многу непромислени отстапки. Сепак хедонистичката фотеља е многу послатка од иднината на своите деца. Ок, нивните деца нема ни да живеат во Македонија. Што па глупости јас зборувам. Многу време работев по кафани и ресторани. Доволно добро го познавам својот народ и можам слободно да ви кажам - Господ нека ни е на помош во иднина (иако одамна не верувам во истиот)
Кaкви дoкaзи сaкaш нa прес? Пресoт е дa се зaпoзнaе јaвнoстa, кaжувaa декa некoи инфoрмaции се клaсифиирaни и не мoжaт у мoментoв дa кaжaт ништo, ниту нa кoј принцип рaбoтеле уредите зa прислушувaње. Ми изгледa декa сaмo Ѓoрѓе е спaс зa oвoј случaј. И кaквa врскa имa дaтумoт ? Пa вемерo ги кoчеше сo месеци зa буџетoт нa СЈO, дa беше се спoред дoгoвoрoт oд Пржинo мoждa ќе беa веќе пoднесени пoвеќетo oбвиненијa.
Не можам а да не го кажам своето воодушевување од храброста на сите вработени во СЈО а посебно од храброста и решителноста на трите ударни "кралици на правдата" .... затоа што не е воопшто лесна работа во ова узурпирано општество да се бориш против узурпаторот што ја запоседнал буквално секоја државна институција... На оние што наоѓаат влакна во јајцето...колку троши СЈО, начинот на говор на обвинителките, колкав бил газот на Катица, кој ги бирал, кој ги подржувал... само ќе кажам дека се ежам кога ќе ги видам онака, образувани, начитани, литературно потковани, БЕЗ ДА ЧИТААТ од некакво пусулче...за разлика од полуписмениот екс премиер, кој не знае два збора да сврзе без да чита или без претходно да го знае прашањето. Затоа, се секој атом од телото навивам за оваа храбра институција која се бори за победа на правдата и вистината и на секој начин ќе ја подржувам, помагам и бранам...
Мене оваа Ката ми е антипатична и мислам дека има многу покомпетентни лица од неа.. Јас сум за да се пикнат во затвор сите до еден, од Зајко до Гвујо, ама и за едното и за другото можеме само да сонуваме. Тука ќе настрадаат само пиуните и толку.. Ама ајде, секое чудо за три дена..
Мило ми е што постојат вакви силни и храбри жени кои конечно се истакнуваат со својата способност и елоквентност, а не како досега партиските пиони кои со криминал и завери ја водеа нашата држава и се виде до што ја доведоа.