" Специјалното јавно обвинителство денеска објави три нови истраги кои произлегуваат од незаконско прислушуваните разговори. Првата истрага под името „Талир“ се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ при што постои основано сомнение дека во периодот од 2009 до 2015 година се злоупотребени 4,9 милиони евра. Од СЈО соопштија дека засега нема да бидат побарани мерки за обезбедување на осомничените, односно притвор. На почетокот на прес-конференцијата, обвинителката Катица Јанева побара од новото парламентарно мнозинство да се укине, избрише или измени членот кој се однесува на рокот на поднесување нови обвининенија. " "Втората истрага „Тратекторија“, која денеска ја објави СЈО, се води против 4 лица, поранешни високи владини функционери. Тие се сомничат дека во втората половина на 2012 и 2013 презеле повеќе дејства за избор на компанија за изградба на автопатот Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид, со што го оштетиле буџетот од 155 милиони 117 илјади 172 евра и за тој износ ѝ овозможиле на компанијата изведувач да се стекне со имотна корист." „Тревник”, се сомничат три лица за изградба на три викенд куќи во Зелениково, за градење без одобрение за градба. Обвинителката Фатиме Фетаи посочи дека биле градбите биле започнати со градба во 2011 година, а одобрение за градба е добиено во 2013 година, кога веќе биле завршени. Законот за градење предвидува обратен редослед, обратните дејствија се предвидени кривични дела, рече Фетаи.
http://ako.mk/груевски-првоосимничен-за-перење-пар/ 4 милиони и 900 илјади евра биле испрани, а дел од осомничените за да го прикаријат нелегалниот тек на парите, ги прикажувале како донации кои лично не ги дале. Парите биле трошени за истражување јавно мислење, ресторански и кетеринг услуги, купување недвижен имот на партијата,а постои основано сомневање дека дел од имотот не бил наменет за партиски цели и на него нема партиски обележја. За ова дело се сомничат 11 лица од партијата ВМРО ДПМНЕ од кои 9 се директни извршители, а двајца се помагачи. ДОдека здравството и образованието тонеа поради немање соодветни апарати и средства за работа...Ете каде биле парите. Ала нека им е. Кога постојат уште овци што ги бранат, малку е ова...Јас да бев ко нив, дупло повеќе ќе земев Сите тие што одат на простеси земаат по 12.000 денари плата, ама Николче ќе го браниме...Името не го даваме. Абе мајка ви расплака Никола...И на сопствената партија, и на цела земја...Крајот ни го најде.
Да, немаат кажано сеуште. Јанева во интервју во Телма изјави дека кога се ова ќе заврши ќе објаснат. Според мене, ова го прават за "Т" како татковината. Ќе видиме