Убав ти е никот ама изгледа си патос оkолу писменоста, a валда знаеш што е ПАТОС и за што служи... А ти нема потреба да кажуваш кој сум и што сум дај кажи малку за себе што си еве за твоја среќа повеќе не сум просветен работник "ме избркаа" од работа сега насити се да вифиме дали ќе ти пораснат рогови До душа они не ме примија а нема ни да имаат шанса да ме избркаат
ЗАВРШИ МАНДАТОТ НА СЈО Катица има законска обврска да ги прекине сите започнати постапки. Вчера на само два часа пред истекот на рокот, Специјалното јавно обвинителство нешто пред 22 часот до Судот ги достави предметите Титаник, Таргет и Тврдина, а со тоа и истече мандатот на СЈО. СЈО веќе не може да покренува обвиненија, а судот ќе одлучува по обвиненијата кои беа покренати до 30 јуни 2017 година. За сите предмети кои ги водеше ова обвинителство, а не отвори обвиненија, должно е, според законот, да изготви решение за прекин на постапката. Заканите на Катица Јанева дека „ниту 30 јуни ништо не менува“ и дека СЈО ќе продолжи да работи по делата и дека и натаму ќе поднесува јавно обвинителски одлуки се незаконски и обид за незаконско продолжување на неговото дивееење. Според Маневски „треба да бидеме на чисто дека после 30 јуни тоа јавно обвинителство не може ниту да покренува ниту претходни, ниту истражни постапки, ниту да поднесува обвиненија против било кое лице“. -Слушаме сега некои разни начини на кои тоа ЈО настојува да ја продолжи работата, па да се префрлело во ОЈО, што е крајно недопустливо или да може и понатаму да ги следи телефонските разговори и да покренува предистражни и истражни постапки. Тоа е незаконито и апсолутно недозволиво затоа што тоа јавно обвинителство веќе нема мандат да покренува било какви постапки против било кое лице– објаснува Маневски. Основањето на СЈО е дел на политички договор од Пржино и тоа е еден хибриден орган кој нема основа во Уставот. Тој орган беше основан со строго утврден рок и само во истиот може да се поднесуваат обвиненија или да се запре истрагата, оценува поранешниот министер за правда Михајло Маневски. -Според членот 22 од Законот за СЈО, јавниот обвинител кој раководи до Јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци. Тоа значи дека времето на дејствување на тој специјален јавен обвинител е ограничено на 18 месеци, како што е договорено и наведено во членот 22. Наместо 18, СЈО имаше точно 21 месец за отворање обвиненија, од 15 септември 2015 година, кога беше формирано Специјалното обвинителство, до вчера, 30 јуни 2017 година. Всушност најавата на СЈО не е ништо друго туку јавна закана против функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во политичката хајка која ја врши како инструмент на Зоран Заев, а во пресрет на загрозување на националните интереси со воведување на двојазичност и креирање на бинационална држава, предавање на македонската историја и јазик на денот на прославата на Илинден, како и на решение на спорот со Грција на сметка на македонските интереси. infomax.mk
Кога се предадени материјалите? Член 22 од законот http://www.slvesnik.com.mk/Issues/926832067f424aa58316bdc8d5809295.pdf вели дека "Јавниот обвинител.. може да покрене обвинение .. во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност." Додатно, за оние предмети кои Советот треба да ги достави до СЈО се уште можат да бидат покренати обвиненија затоа што се брои денот од презвемање.
Абе срцево ми се растопи од сторијава. Брзо, праќајте ги „специјалкиве“ кај Опра, и шамичиња нека поделат меѓу публиката. Друго не ми текнува што би можеле да направиме со нив.
Летово имаше конкурс за во СЈО, сите услови ги исполнував, само со Англискиот не баш. И само поради тоа не конкурирав. За да пред една недела дознавам на работа дека го поништиле конкурсот. . .
Втор дел Јас пак за Фатиме, женава толку ли заостанат живот има живеено?? 21век сме, мислиш ко да живеела во среден век
Ич не е смешно. Слободно нека не разделат на соседните земји парче по парче, не заслужуваме како народ да имаме држава, штом ни е смешно ова што ни се дешава во судството.
Наивно е човек како Мијалков да даде еден милион евра и да не го интересира каде одат парите. Уште понаивно е да веруваме дека парите се поделиле на Боки13, Катето и оној самарџијана шо ја влечеше ташната Кичеец. Каде завршиле парите е многу битно прашање. Тука ќе се види целата игранка. Инаку за сјо, Фатиме демек за на местото на Катица воопшто не ми е компетентна. Посебно после она видео каде што се гледа дека е тоталка нашмркана во канцеларија. Се гледа по триење на носот. Не очекував ништо од сјо, посебно од тоа кога ја видов Катица во чипка на 150 кг жива мера, со шоуто кое го правеа трите ,,грации,, ама па дека до волку ќе биде ситуацијата-најмалку.