На страна се во врска со од кај и се парите.. 300 евра, што ќар и се. Ист ќар колку што луѓе црнчат и за помала од таа плата. Добар дел од МК е тоа.Месец тераат со тие пари, деца школуваат, сметки плаќаат.
Веродостојно е она за што на пример Ермира и другар и поднесуваат жалба денес Не се јадат живи луѓе...прво ќе се печат, па ќе се сервираат па на крај глодање...да осетат малку како е да си од другата страна П.С. Корто...се шалам...нели денес е ден на шега...плус, ги читам твоите постови на политички теми и сакам да ти контрам, интересен си *
Во право си. Дури и жално ќе испадне дека не направила повеќе. едит: само знаеш, во вредноста нејзина..не влегува само 300та евричи, него и вредноста на станот.
Заев токму преку плескања како оние на Латас, Ивона, Ермира и еден куп луѓе врши притисок и уценува добра бројка народ за да стигне таму каде што сака. Мала противтежа не е на одмет. Се плашам дека ќе биде тоа невозвратено контрирање, пошто во мојата тастатура има контра само за една личност @Yipman2
Дудинка е сајт на Миленко. Сега ти е јасно од каде тој сељачки речник и примитивен начин на изразување, нормално без ниту една вистина.
Тоа ваљда после свадбата на Кејти Џуниор. Да не се форсира. Суровоста на преобемниот материјал, во комбинација со нејзината динамика на читање од 0,5 слогови/h и умствениот капацитет, лесно можат да доведат таа да стане трудов инвалид.
Кога немате аргументи се фаќате за глупости. Испаѓа овие од ВМРО не знаат ни што е ручни рад , ни секс. Ако веќе се фаќаш за Катица, ај кажи кој толку јак ученик од Скопје се запишува на Економски во Прилеп каде завршија сите фудбалери во државава (да не се најде некој навреден само) и станува магистер откако станал премиер? Поспособен ли е тој од Катица?
Вмровчиња(инаку за мене веке навредлив збор) почнавте ли да се фаќате за последна сламка, мислам озбилно ли со оваа за просекот на Катица? Смешно и тажно кога гледаш од страна како се некој дави, свесен е дека тоне, нема за што да се фати па ајде за банални работи како на пример факултетот на Катица.И тоа ни мање ни више сељак, простак и газолижач како Миленко(во пакет со Тони, Јанко и Латас).Па Катица е бре институција за него и за целата влада со Никола Груевски на чело.Единствена во државата која работи на страна на правдата, која има храброст да се спротистави на секого и нашата единствена надеж да се спасиме од криминалциве. Ве боли ли што мислевте дека ке е уште една од куклите на Вмро, дека ке си молчи и трае, па сега сте затечени што испадна обратно, која ви дише во врат и сака да ја донесе правдата која ја заслужува овој народ, ве боли што не ви се плаши туку си ја работи работата како што треба? Епа ве боли и сте бледи како крпа на тв, а со постапките од типот факултетот на Јанева,законите, па како зборувала, читала, изгледала само си потврдувате колку жената работи во вистински правец и колку сте криминалци, безобразни, без чест и достоинство.Ама ни иљада вакви емисии нема да ви олеснат нити исперат, само ке продолжат да ги перат веке исперените мозоци (читај вашите подржувачи). @corto.maltese Само ме интересира знаеш дека пола од министрите завршиле факултет дури кога биднале министри или имаат завршено квази факултети ала курс по англиски јазик? Знаеш колку вмровчиња се запослени по институции со истите курсеви по странски јазик, а колку студенти со просек 9.00, 10.00 итн. со завршен државен факултет и свој труд седат дома или работат по продавници за 10000? Знам дека знаеш, а знае и тој Миленко само ете последна сламка секогаш ја има.
Еден куп правдољубци - платеници, никнаа. Ме насмеа дебатата помеѓу Дерала (од невладинава Цивил) и Боцевски. Дерала му кажува на Боцевски за тоа како народов тука е јаден, сиромашен, и Боцевски го прашува дали воопшто Дерала знае што значи да се живее со просечна плата, ко просечен граѓанин (парафразирам, во тој контекст беше муабетот), затоа што веќе е преплатен. Што сакам да кажам, на сите протести водечите лидери (оние најгласните, "правдољубците"), ги снемува после некое време. Така кога ќе се вратам неколку години наназад, една, како наводно неопределена, а уствари платеник, јајца отече на нет, па слики со транспаренти, па социјална правда, де ова де она. Си ја доби сумата, работно место, и од тогаш не сум ја видела. Така и сега, неколку погласни во толпата напред, меѓу оние водечите, за одбрана на уставот, уствари убаво беа почастени за тоа. Ко што вмровците клатат врата, и зимаат плата, така и во сдс штабот за предизборнава кампања, место на работа, главеа во штаб, а беа платени за тоа. Изманипулираа со убиства, удрија на туѓа болка, изрежираа војни, и едниве и другиве. Дно дна сме, нема полошо од ова. А овие од сјо откако си се почастија со по некој стан, ќе си го одработат своето, а ние обичните смртници ќе се пустиме со кредити и ќе гледаме театрала од страна со надеж за подобро утре. А иначе респект за настапот, почитувам елоквентни, убави, комплетни госпожи (и госпоѓици).