Девојкава како да не е свесна дека е еден од ретките херои на денешницата...дека е дел од тимот што ја испишува новата македонска историја... Аплаузи и скандирања за обвинителката Ленче Ристоска од СЈО пред кафе бар Очигледно е дека Специјалното обвинителство од ден на ден ужива се поголема јавна поддршка од граѓаните. Синоќа една од обвинителките и портпаролка на СЈО, Ленче Ристоска, со друштво во вечерните часови влегувала во ресторанот Чамо кој е во близина на бараките на општина Центар. Кога ја здогледале гостите од соседниот кафе бар Ван Гог, почнале да аплаудираат и да скандираат „Ленче, Ленче, СЈО, СЈО…“ Очевидци тврдат дека на обвинителката и станало непријатно и се збунила, но им се заблагодарила и им рекла „Ама немојте, јас само си ја вршам работата“, и со пријателите влегла во ресторанот каде што биле упатени.
Еве за Ленчето немам збор настрана да кажам, добро збори, умерена е. Само едно не ми е јасно до каде дојде векот обвинителките од СЈО да станат популарни како Кардашијан, слики, селфи аплаузи, се сликаат со сите како по црвениот тепих да шетаат, како шоумени да се а не обвинителки. Од друга страна за да не не замараат со тие пресконференции секој ден нека си бркаат работа и нека ги објават решенијата на крај а не секој ден Фатиме (горе долу) да скока на тв. Па ако почнат сите да не смараат и сите обвинители да излегуваат на пресконференции за сите случаи што ги водат тешко нас. Нека си бркаат работа и нека не глумат филмски звезди.
Има еден член во законот за ова обвинителство кое вика дека ќе бидат транспарентни спрема граѓаните. Ќе го побарам после баш како беше напишано.
Точно....се слагам...дополнително е тоа што се жени. Навикнати сме само мажи да имаат моќ и да демонстрираат моќ. Па сега од жените им пречи по малку.
Во природата на човек е да се плаши, ама мое мислење е дека се добро заштитени и дека позади нив стои јак грб...не наш
па види , искрено работата е сериозна , од сите страни опструкции .... мислам прашање е до кога ке го издржат притисокот ...
Само таа има, ама не мислев на таква заштита Не што е сериозна, туку и опасна...ти да се дрзнеш да притвараш и обвинуваш некого за кој општо се знае дека е сопственик на пола Држава, не е баш наивно.
Стварно ова го мислиш? Те замараат со прес конференции? Сигурно и кога се спремало Илинденско востание имало вакви луѓе што се им е мрско и се ги замара. Затоа сме македончиња. Моментално историја се испишува, нејзе ја замарале со прес конференции. Подобро буни се што замараат со турски серии од најнизок можен ранг со сомнителна содржина по телевизиите, и какви последици таквите оставаат. Ако треба обвинителкиве нека излегуваат на секој 5 минути секој ден 24/7 на прес, само нека ги поапсат бандитиве што ја опљачкаа иднината и државата. Сите по ред. Неможам да поверувам што прочитав. И после чудете се зошто сите комшии не подјебаваат. Затоа што се не замара, и за се не мрзи да размислуваме. Пушти бригу на весеље и чекај некој друг да ја заврши твојата работа. Да беа нормални и прогресивни луѓето во Македонија немаше ни да има СЈО, народот сам на клоци и ќе ги обесеше за ташаци хоштаплериве. Народот ќе им пресудеше, а не некакво СЈО. Ама нели, маќедончиња. Ги мрзи, ги замара, многу им е.
Повеќе се од филмски ѕвезди. Тие се светлината што сите ја очекуваат.Спасот од ова сивило во кое тонеме.Олицетворенија на правдата,која иако е спора,се надевам за доброто на сите нас,ќе ја истераат до крај.Единствена надеж во моментов за подобро утре и враќање на вербата во институциите на системот.
Ubavi se i dvete obvinitelki.Kako gi izbrae crna i plavusha,plus mladi. Samo chesno da si ja rabotat rabotata.
Пошто слабо гледам телевизија влегувам во темава да се информирам и наместо за случаевите и збиднувањата во СЈО,јас читам за нивните приватни животи. Како и секогаш посебно во последниве десетина години,наместо со ботните работи ние сме окупирани со на комшијата козата. Ако нам некој друг ни го краде цело стадо овца по овца,нам ни е побитна таа едната.
100% Секогаш кога ќе дојдам во Македонија се повеќе се разочарувам. Од една многу битна причина која погоре ја спомнав, а тоа е лоботомијата. Многу е поинаку кога си нон стоп таму во споредба со кога ќе дојдеш два пати годишно. Исто како кога некој човек го гледаш секој ден и не приметуваш нели, како му расте коса, како старее, или расте, а поинаку е кога ќе го видиш истиот човек два пати годишно па му ги приметуваш сите разлики што му се случиле во меѓувреме. Во последните скоро 3 години колку што ретко ја посетувам Македонија, кога и да дојдам е се полошо. Вие не сте свесни колку е народот уназаден. Не е заостанат, да е заостанат добро ќе биде, значи дека тапка во место, но не, народот е во 18 век вратен. И тоа е поради причината која погоре ја спомнав, а тоа е опчинетоста со турските серии, и забавната програма по телевизиите. Се се сведува на забава за раја, Драган Вучиќ и малата невеста. Јас почнувам да биднувам цврсто убедена дека станува збор за смислен концепт за оглупавување на народот. БрејнВашинг. Ниски страсти, менталитетот на народот му го променија, со простотилук. Дури мислам дека ај турскиве серии нема да бидат толку трагични ако не се синхронизирани, и ги гледаат луѓево со нормален превод и суштина. Мислам дека се намерно синхронизирани на простачки јазик за рајата да се пали и поистоветува со јунациве од истоимените. Да не се лажеме, ретко која жена нема изгледано барем една турска серија, и на почетокот беше ок, јас ја подгледнував Кога лисјата паѓаат, во рамките на нормалноста беше и содржината, никакви затуцани врредности до толку не се обработуваа. Сега на пример, се повеќе даваат серии каде мажот си ја тепа жената и децата, каде е он главен низ куќи и така, па децата ги мажат на 12 години и остануваат трудни, и сето тоа се одвива на некое место in the midle of nowhere, каде куќите се од кал во 21 век. И запрашај се каква порака испраќа таквото нешто? Луѓето тоа го гледаат од рана изутрина до доцна навечер, знам по баба ми. Ним им се всадува тоа во мозокот, им станува нормално, се поистоветуваат со таквото нешто, и веруваат дека може да се случи. Да не го изоставам и многу битниот дел кој гласи, ќути има и полошо, да видиш во Турција тоа стварно го има. Има еден единствен квиз на Алфа каде што се тестира знаење. Останатото е сведено на Драган Вучиќ каде прашува како се вика мажот на српската пејачка Јелена Карлеуша, и отварање кутии со Лила Филиповска. Забавна програма никаква. Серија, филм, ма какви, што е тоа? Комшииве не прешишаа на тоа поле, во БИХ сезони и сезони се снимија Луд Збуњен Нормалан, и квалитетна, хумористична серија, не е стандардна за нашиве простори. Да не зборувам за Србија колку филмови и серии имаат во нивно производство. Кај нас се снимаат од Ш категорија серии од типот од денес за утре, пропагирање простотилук и ниски страсти. Последно гледав кога бев пред еден месец, нова серија дејството се одвива во Велес, машкото е богато, девојчето сиромашно и се сакаат, ама родителите на машково не ја сакаат снаава оти она сиромашна. Во 21 век, уште истите вредности и истите пропаганди. Кочо Рацин од истиот Велес пишуваше поезија против класните разлики , против таквиот живот, уште во првата половина на минатиот век. Сигурно нема мир во гробот. Се е обезвреднето, критериумите за се се спуштени на нула. Во секоја една сфера на живеењето. Се е спуштено на нула. На забава за рајата, каде што немора да размислува, да го пушта мозокот на пасење и така... Ако во наредниов период нешто не се смени, јас мислам дека повеќе надеж нема. Не зборувам само за СЈО, зборувам за општата живеаќка во Македонија. Овака не изгледа страшно, ама кога ќе размислиш, не да е страшно, алармантна е станата ситуацијата. Никаков прогрес нема на ниедно поле. Ни во Спорт, ни во уметност ни во забава, ни во музика, филм. Никаде ништо. Во се сме последна дупка на свирало. Србиве минатата година во спорт изосвоија се што може да се освои, и на Светско и на Европско. Црногорциве станаа прваци и вицепрваци во ватерполо, Босна беше на светско во Фудбал, Новак Џоковиќ да не го ни спомнувам. Нас нигде не нема. Уште не замајуваат со простотилуци, не враќаат во миантите векови, ни пропагираат како може и полошо да биде... Можеби затоа и толку надеж во СЈО, затоа што СЈО моментално е последниот воз за спасот. Се извинувам малку ја затупив, и истерав оф топик.
Познат концепт за оглупавување на народот. Планиран и успешен. Tittytainment - Blend of tit + entertainment, in reference to the pacifying effect of watching TV, similar to that of a kid sucking on his mother's breast. Има една книга - The Global Trap, прочитајте ја. Точно го опишува тоа што ни се случува. In particular, the book is known for defining a possible "20/80 society". In this possible society of the 21st century, 20 percent of the working age population will be enough to keep the world economy going. The other 80 percent live on some form of welfare and are entertained with a concept called "tittytainment",[2] which aims at keeping the 80 percent of frustrated citizens happy with a mixture of deadeningly predictable, lowest common denominator entertainment for the soul and nourishment for the body. https://en.wikipedia.org/wiki/The_Global_Trap
што е најтрагично на некои толку им е испран мозокот што мислат дека живеат во најбогатата држава во светов со 10500 денари плата !
А што да мислат кога не се излезени од државава а дозволиа телевизииве да им ги исперат мозоците. Се плашам дека и денес се да се смени,овиебиспрани мозоци до крајот на животот вака ке размислуваат. Програмирањето не се одстранува.