Со пуштена најчесто, но понекогаш и ја врзувам во долен реп. викаат дека кога е врзана помалце се мрси оти по не се размавува косата.
Обично летно време со врзана а зимно со пуштена. Една недела ако не и повеке после шишање со фатена спијам без разлика на годишното време за да не ја сплеткам и уништам одма ама после 3 недела тоа веке ми излегува од навика заборавам... Некогаш после бањање додека ми е влажна ако се бањам навечер си правам тутканици 6 и сите тие ги врзувам во 1 пуџа следниот ден косата ми е преубава пошто многу сакам виткана коса
Со врзана Имам приметено дека кога ми е врзана косата подолго ми стои исправена (доколку претходно убаво сум ја испеглала) Прочитав некаде на интернет, дека нема да се прекршува косата ако ја врзиме колку што можеме повисоко,односно поблиску до челото... Кај мене барем, делува
Најчесто со пуштена коса, иако ми е долга. Сепак, не можам да поднесам да ми биде стегната косата додека спијам.
Во право си luncika за тоа со врзувањето на косата повисоко...јас спијам со врзана коса бидејќи ако спијам со пуштена многу ми се плетка и мрси...ја врзувам колку што се може повисоко речиси до шишките ја носам и наутро ем си имам екстра права коса каква што ми била и пред да си легнам ем немам траги од стегачот ...ама да напоменам дека не треба да биде многу стегната косата полабаво врзувајте ја за 100% да бидете сигурни дека нема да имате траги каде ви стоел стегачот ем да не ве боли глава наутро и да не ви опаѓа косата.
Само летно време со врзана коса, пошто се потам многу. Зимно време одмарам, зошто од тоа стегање почна да ми се кине и да ми паѓа многу.