Секогаш со врзана зошто ако спијам со пуштена многу ми се мрси и не добива убава форма. А иначе ја врзувам во лабаво репче.
Зависи од сезоната (лето, зима) и зависи од тоа дали ми е пеглана косата или не! Кога ми е пеглана косата (а тоа е речиси секогаш со исклучок на летниот период) спијам со пуштена коса, а кога не ми е пеглана и преку ден ја носам собрана во растурена пунџа па и преку ноќта косата ми останува врзана лабаво во опавче или пунџа! Во летниот период пак избегнувам да ја пеглам и скоро секогаш ми е собарана во пунџа, плетенка или опвче па и вечерта обавезно за спиење ја врзувам оти со пуштена коса нема шанси да заспијам!
99.9% пуштена, ретко некогаш ја собирам во репче или пунџа за спиење,а и преку ден или за излегување затоа што ми е многу долга и густа и ми тежи кога ќе ја соберам и имам главоболки.
со плетенка - и кога ќе ја пуштам ми е брановидна. Ова го практикувам на лето, а на зима спијам со пуштена