Со пуштена и со шнола на шишките, освен ако не сакам да ми е брановидна, па ја врзувам во пунџа. А во лето морам со врзана.
Помалку се мрси со врзана коса имам забележано кога ќе заспијам така, но мене скоро секогаш ми е пуштена.
Ако ја чувате преку ден само врзана, за спиење е препорачливо да биде пуштена косата, бидејќи не е убаво да биде 24 часа стегната косата
А воопшто за косата што е подобро пуштена или фатена? Пошто ја кога ја фаќам претежно е во плетенчиња или лежарни пунџички и мислам дека не е стегната многу (барем не ме боли главата)
Не е здраво за косата да ја врзувате често, а поготово за спиење. Многу опаѓа и се оретчува, зошто самото стегање е штетно. Може одма не се приметува нешто, но за некоја година може нагло да паѓа косата. И се слаби влакното исто така. Јас редовно спијам со пуштена коса. Може потешко е, ама се навикнуваш.
Со пуштена спијам, но како што ми е порасната сега некако ми пречи и планирам во скоро време да почнам да ја фаќам.