Секогаш ми е сплетена во внатрешна плетенка затоа што пуштена ми пречи на лицето, а ако ми е врзана ме боли главата.
Со пуштена ја носам кога ми е измиена за да ми се прекрши цела и да и направам убава фризура сабајлето, а кога е премногу жешко и кога дента сум сплетила внатрешна тогаш спијам со неа или си фаќам лабаво репче.
Со врзана или фатена со шнола затоа што ако не ја соберам ми се заплетува многу, а дека ми е виткана не можам да ја чешлам.
И јас кога како ама најчесто спијам со пуштена а со плетенки кога ќе сакам да ми се извитка за нашкола, нормално за нашкола не можам сега од сабајле фигаро ова она а и не доликува таму одиме за да учиме а не модна писта да правиме
Јас си легнувам со врзана, а станувам со одврзана коса , и после па си наоѓам стегачи по собата и по креветот