Секогаш ми е лабаво собрана или плетенка. Не можам со пуштена само ми се запнува некаде, ми се плетка и после никако не се чешла
Зимно време и кога е поладно,со пуштена..Летото е друга приказна..Морам да ја собирам,многу ми е жешко кога не ми е собрана.
Секогаш исклучиво со пуштена, подобро е за косата а и поудобно ми е. Освен оние денови кога ми е навиткана во ролни за да имам виткана коса сабајлето кога ќе станам.