Со пуштена 90% од времето, ама не можам да ја поднесам косата зад врат на перница, па ја кревам нагоре, нешто вака: Откако ќе заспијам, и да ми се премести не ја чувствувам, па сеедно ми е. Само ако навистина ми е валкана косата ја врзувам во полабаво репче, со вакви scrunchies: Долго време не сфаќав зошто многу ги носат во странство и ги форсираат, бидејќи не ми се допаѓаа, сè додека не слушнав во некое видео дека се сметаат за подобри бидејќи не ја прекршуваат косата толку остро како на пример, стегач, а не се пак ни гломазни како типичните scrunchies (кои се исто така подобри за косата од стегач): Ги користам (тие погоре, не ова зеленото) и преку ден, малку ми изгледаат детски, ама не знам, подобро се чувствувам, не ни стегаат многу, а не се ни лабави за да се испуштаат, таман се. А имам баш лизгава/свиленкаста коса која ако не ја стегниш силно со стегач, за 1 час ќе се разлабави репчето. Со овие немам проблем.
Долга коса имаш, или драпешка е постов? Иначе.. со пуштена спијам. Нема шанси врзана, да ме дупи во главата
Користи ли некој вaков "стегач?" за коса при спиење? Кај можам да го купам? Само не од алиекспрес не ми се чека 2месеци
Јас па ретко спијам со пуштена. Имам долга коса ме нервира и многу ми е топло. Или ја врзувам горе ама ептен лавабо или ја плетам во лабава плетенка.
Имам многу долга коса и бујна, секогаш сум спиела со фатена високо репче не многу стегнато, ептен ми е жешко со пуштен, на многу високо репче никогаш не ми се прекршувала. Сега пошто дојам и беба знам да ја стам до мене ја фаќам во пунџа исто горе, наутро косава фантазија прекршена.
Со лабаво врзана, откако се ишишав и не можам репче да фатам само шишките ги фаќам со шнола. Ни будна ни заспана не трпам коса на лице и чело, пуштена никогаш не ми е.