Со собрана коса во репче или лабава пунџа, остај што е жешко, али и помислата дека сите прљавштини што се закачиле за косава моја во текот на денот, преку ноќ да ми се лепат на лицево. Косата важи за најпрљавиот дел од човековото тело, така да размислете два пати пред да спиете со пуштена коса, или пред да ја пикнете во уста
Со врзана, претежно лабава пунџа или репче. Но обавезно врзана и лето и зима, не можам со пуштена да спијам, е сеа наутро му се чудам на секој прамен што си има посеба приказна но се средува тоа.
Јас не можам да се замислам да легнам во кревет со пуштена коса. Ми се чини дека насекаде ја има, ме поти ненормално многу и ме нервира. И секогаш фаќам строго пунџа, што погоре - тоа подобро и нормално не ја стегам многу, туку така е малце messy.
Јас спијам со пуштена дека летото преку дента ми е врзена и бар преку вечерта да ми одмара Не ми е жега дека со клима спијам,нит ми се плетка,иам виткана бушава коса и дури на сабајле ми е поубава
Во последно време ја собирам во висока пунџичка.А секогаш сум спиела со пуштена коса,али почна да ме нервира.Што повеќе стареам,то повеќе се будалеам
Со лабаво врзана коса. Порано спиев со пуштена ама многу ми се заплеткуваше, а и секогаш се будев жива вода, така да со врзана е подобро. Ја врзувам во низок реп, само два пати заврзано ластичето, за да не ме стега де
Најчесто спијам со врзана коса, затоа што ми пречи при спиење. А ако веќе ми е пуштена, барем шишките ги фаќам со штипче.
Кога како. Некогаш ја врзувам во висока пунџа, а некогаш спијам со пуштена. Најчесто ми е пуштена бидејќи ме мрзи секој ден да се пеглам, а и не сакам, а кога ми е врзана косата ми се прекршува.