КОГА ЌЕ БИДЕ СЛЕДНИОТ КОНКУРС И КАКО ДА СЕ ПРИЈАВАМ !! што треба да правиш за време на конкурсот ?! да бидеш послушен добар да не се караш со другарчињата да не пцујаш да не збориш срамотни работи ?!
Претпоставувам, велам претпоставува дека нема да биде наскоро,бидејќи последниот конкурс беше пред неполни 3/4 месеци Кога ќе биде ќе видиш во темата,Конкурс за модератори,објава од Билката, ќе си ги прочиташ условите,правилата и се што треба останато, како и начинот на пријавување. А тоа(подвлеченото во твојот пост), тоа никој не треба да го прави,небитно дали си админ,модератор,член на годината или било што друго.
Имам забелешки околу модераторката во религија , многу е пристрасна околу верски прашања и воопшто не излегува во пресрет на членовите. Кога ќе побараш објаснување зошто навреди упатени кон тебе стојат, а твоите ги брише, не се удостојува да даде одговор.
Јас ти одговорив на пораката зошто се избришани мислењата.Не е дозволено расправање,навреди, провоцирање во темите.
Ти во пораката ми одговори со два збора, а не ми одговори зошто навредите упатени кон мене стојат, и покрај тоа што ти испратив нова порака, нели беше така? Можеби си религиозна, ама тоа не значи дека треба да вадиш од контекст. Или бришете како што треба, не селективно, или избришете ги сите мислења поврзани со таа дискусија.
Пошто не сум многу запознаена со модераторите и кој во која тема брише решив да пишам овде . Темата Општи прашања според мене воопшто не треба да ја има зашто на се личи освен на тема во која може да се постави некакво прашање . Секој си брише што му одговара а некакви си ептен безвезни прашања си стојат . Кој и да го избришал моето прашање сметам дека треба барем да ми пише во ЛП зашто е избришано . Офф топик беше или вашето височество мисли дека не е битно и немора да се одговори ?
Покрај тоа што не си запознаена со листата на модератори, гледам дека не си запознаена ниту со правилата на форумот коишто мора да се прочитаат. Еве конкретно на што мислам: а ниту со правилата на темата Општи прашања: Само треба да напишете лична порака до модераторот на категоријата, и се ќе ви биде фино објаснето, нема потреба од дрскости и височества по темите, културни луѓе сме нели?
Последното прашање од темата е за мемориска картичка , има тема за мобилни телефони и девојчето можело да праша таму, мислењето не е избришано . Mishela исто така има прашано за лосион за тело а такви теми има милион , и ова прашање не е избришано . Ги земав само претходните две прашања за пример а ги има уште многу такви по темата. Е сега објасни ми која е разликата помеѓу моето општо прашање и нивното ? Зашто јас не ја гледам . Впрочем не ми беше толку битно што сте го избришале мислењето , само сакав да ви се обратам дека не сте еднакви спрема сите во однос на бришењето мислења .
Можеше да ме прашаш по ЛП ама еве ќе ти одговорам тука. Моментално само јас сум вклучена од таа категорија, а поради некој технички проблем не ми ја отвора претпоследната страница (сигурно и сами сте се соочиле со таков проблем), не ни можам да видам какви прашања има, па штом се вклучи друг модератор ќе среди. А штом сметаш дека треба да се избрише нешто, а не е избришано, пријави на извичникот, напиши причина, па ќе средиме. Јас не гледам ништо пријавено.
А не мислите дека со тајноста на ЛП се крие само пристрасноста на модераторите? Што има лошо ако отворено се праша.. можеби и ако има тема (можда и има) во која членовите ќе можат да добијат обраложение, совет или мислење од модераторите, ќе добивате и помалку ЛП, зошто нели наместо да прашам, ќе прочитам што веќе сте одговориле некому за иста работа.
Така само ќе се пренатрупува форумот со оф топици и слично.Нема пристрасност од страна на модераторите, така да нема што да се крие
Гледам има многу модераторки.Па ако смее сакам да прашам како настанаа модераторки,што придонесиа за тоа? Да не ме разбери некој погрешно немамм ништо против модераторите,чисто само прашувам!
^постои период на конкурси, тогаш се пријавуваш одговараш на соодветните прашања/информации кои треба да ги доставиш при пријавувањето, и тимот на Фемина потоа одлучува....последниот конкурс беше некаде ноември/декември,еве погледни: za-forumot/konkurs-za-moderatori-t9235/ така да сега ти преостанува да го чекаш следниот доколку си заинтересирана
Ако смејам да прашам ,когаа е наредниот конкурс ? Спојлер Заинтересирана сум,но изгледа немамм шансии, можеби немамм многу мислења големо цветче...
Предходниот беше пред неколку месеци и уште не се назначени новите, така да за другиот треба да помине многу време.