Па конкурсот е завршен, а тоа значи дека е завршено и пријавувањето без разлика што уште не се избрани нови модератори.
Теа, другото ти го објаснија, ама еве една + информација. (Мислењето е од bilkata, ама не можев да цитирам, зашто темата во која е напишано е затворена.) ВАЖНО: „Ако се пријавите, тоа не значи дека автоматски ќе бидете поставени за модератор. Модераторите ќе бидат избирани според неколку критериуми, како бројот и квалитетот на нивните досегашни мислења, односот кон другите членови, времето поминувано на форумот итн. Кандидатурите ќе бидат од отворен тип, т.е. нема да ви одговараме дали и кога ќе бидете или нема да бидете примени за модератор. Едноставно ќе ве повикаме штом решиме дека е соодветен момент.“
Нема, помина конкурсот, уште не се ни поставени ни тие модератори тогаш што се пријавиле. Верувам дека ќе помине многу време додека пак има потреба и нов конкурс.
Може со закаснување да кажам честитки на Виножито првпат ја гледам темава па ги прочитав мислењата од неа, форумот баш ми е опуштувачки и не се замарам со вакви работи моделатори не сум ни знаела многу нешта околу нив, не се замарам по членка секоја да и ги гледам мислењата ама вака по форумот како ги читам темиве ги имам забележено мислењата на Виножито и стварно секогаш и се дивам зошто пред се секогаш E објективна се гледа дека си реална и позитивна личност за која ситници стварно се ситници не ги преувилишуваш продолжи така залужено
нема врска цветчето Треба кога ќе има конкурс да се пријавиш односно да пратиш порака со потребните информации. Еве темата од минатиот конкурс za-forumot/konkurs-za-moderatori-t9235/
Не е само до цветчињата. Треба да даваш корисни совети кои навистина ќе помогнат и да имаш малку поголемо знаење за „се“.
^Нема, ако имаш нешто за прашување во врска со игрите пиши ми лп или ако има некое мислење што сметаш дека е несоодветно пријави го.
Еве јас имам едно прашање јавно.. Дали постарите членови овде на форумот имаат некаква привилегија,па си оддават важност меѓу себе? Е ај ако не нека се избришат сите членови и нека останат тие 10 кои се зачленети во 2010 и форумот нека биде нивна приватност. Зашто ние помладите членови,како да немаме права ни за дискусија,ни за отворање тема,ни за прашање,ни за одговор. Некои си имаат уфилмано дека форумот е судница ,па изиграваат судии или мене така ми се чини?
А ние во 2009-та што сме зачленети може да останеме? Јас имам друго прашање, и за разлика од тебе, ќе бидам директна: зошто не ги посочИШ тие форумџики. Сигурна сум дека прашањево ти е врз основа на ситуации во кои си засегната ти. Поставуваш генерално прашање, а сакаш да добиеш конкретен одговор. Е како така!?