Абе чоек, во прашање е репродуктивниот процес кај луѓето. Како може возрасен маж да нема појма оти имаме менструација, да нема никогаш видено крвава влошка и никоја да не разговарала со него отворено за тоа? Свекрва ми ме караше оти сум оставал пакетче влошки во вц. Срамота било 'мажите да гледаат'. Цел товар со репродуктивните проблеми, со бременоста, СПБ, контрацепција, посетување доктор кој е специјалист за репродуктивното здравје (гинеколог).... се' е на жените Не дај Боже да им ја доведеш сексуалната способност или проблеми со истата на маж. Одма ќе се изналути. Се нивните се: 'Најубај', 'најтврди', нивниот перформанс е 'како ничиј друг', најчесто проблем со стерилитетот прво кај жените се бара - оти егото им е кревко ко пеперутка. И се' се должи на поделеноста на улогите, патријархалните вредности и токсичната мажественост. Модератор: Темава е одделена од темата Секс без кондом
Ондак зашто партал ме направија мене кога кажав оти сакам дм да направи вазектомија? Жени и тоа. Што тогаш м? Бај да уеј ја не го викам да ме зјапа дур мењам влошка. Не гледам ни причина зошто. Ниту пак сакам да знам дали он има проблеми со мандалото или мудата. Негово здравје моја работа не е. Така и јас не му кажувам за мене. Кои сакаат да зборат, нека зборат.
За она што го засега другиот да. А дали имал топче на тестис или крв у сперма или дали мене ми е болна овулацијата, не. Претпоставувам и ти не се замараш кои се предупредувачки промени на тестис на пример. Мт треба да си знае тоа, не ти.
Како да не се замарам? Што и да му е, дали на тестисот, или на раката, или на главата, нормално дека ќе се интересирам. И ќе се налутам ако мене нешто ми е, а тој не се интересира.
Зашто е хируршки зафат, од кои може да има последици. Никој не те тера да пиеш апчиња за контрацепција, да ставаш спирала или нешто друго. Едноставно тој нека користи кондом и мирна глава за двајцата. Нема да мислите ни за бременост ни за спб. А и зошто тој да прави вазектомија, кој му гарантира дека цел живот ќе биде со тебе и дека нема да сака со друга кога ќе биде да има деца? Може да не ти биде гајле за некој од улица што не го познаваш. Ама за дечко да не ти е гајле, искрено не е нормално. Особено кога сте сексуално активни во врската, тогаш и те како треба да ти биде гајле за неговото здравје, особено за сексуалното здравје, кое може да те засега и тебе.
Вајлд, не збориме ако веќе му откријат нешто. Него вака општ муабет. Мене ми менува ако он е импотентен рецимо, не ако го боли тестис, а притоа е здрав. Не гледам причина да имам познавања од муда и простати кога треба он да има. Едит -затоа не гледам шо јас да зборам за ментруации со него. Совет да му барам? Епа зборам за работи кои не ме засегаат. Ете кажав погоре, импотенција ми менува нешто, нерамен тестис не ми менува.
Ок, ова само. Ако машко треба да знае све за менструација (океј да треба), дали женско треба да знае тоа што кажав, за здравје на тестиси и простата? Јас лично сметам дека не.
Да. Нема ништо лошо во тоа да имаш знаење и за здравјето на машкиот репродуктивен систем. Зашто штета од повеќе знаење не можеш да имаш, а од незнаење да. Не те интересирало дали има пример топче на тестис? Може тоа да е бубулица, ама што ако е некој знак на спб? Подобро ли е да не знаеш?
Под топче мислев внатрешно топче на пипање кое патем може да е знак за рак. Не сум чула за спб што предизвикува вака.
Јас мислам дека треба да се знае. Како што сакам и машките да знаат за бременост, породување, овулација, менструација, менопауза. На сите овие теми зборувам и со другари и со дечко, тие ме прашуваат што ги интересира и јас одговарам и обратно. Од средно школо се интересирам за цел систем на репродукција и интимно здравје, така да се што ќе дознаам ново ми е плус.
Зошто по ѓаволите би менувала влошка пред него ако не морам? Ме знае 100 години. И дефекација е природен процес, ваљда не си ги гледате тоалетните хартии ил марамици пред нос... Аман, не е срамно, ама не мора се, баш се ,секогаш на увид.. Иначе да, ми купувал влошки, апсолутно знае што значи циклус и знае за приблемите со крварење кои ги имав. Со керка ми исто се разговара, но не си даваме влошки на увид, не оти е гадно, туку нема потреба. Можда па за некои има потреба, шо знам, можда од реклами мисли некој маж плава е течноста.
Ах ах, тој што не мисли на кондом, баш ќе го 'гледа' бебето, јеа рајт. Никому со сила бебе не можеш 'на гледање' да дадеш. Неодговорен е неодговорен.
Аха, тоа значи не е страшно за тебе, па сам нека си ја чука главата, што сака нека прави. Тоа рак, го пишуваш како да е нешто лесно надминливо и безопасно, па не ти е гајле, ќе му помине.
Јас имам научено тоа зашто тоа студирам, не за да му кажувам на некој како да си го проверува тестисот. @cresa-jagoda ама не мислев така. Муабетот ми беше дека не мора јас да се интересирам за знаци и симптоми, кога он треба да си знае тоа. Дека не е срамота да не знам што значи тоа топче или крвта.
Еве ако не знае, иако треба да знае, ама лошо ли е ти да го споделиш своето знаење со него, па макар била темата за машкото здравје?
Замисли дојде дечко ти да ти рече - за менструални болки треба тоа и тоа да се напиеш/правиш. Како тој да знае подобро од тебе кога не ни искусил?
Па зошто да не го послушам? Може слушнал од неговата мајка на пример или прочитал негде, а јас на пример не знам, сум се навикнала на пример само со апчиња да ги смирувам болките. Ако ми се допадне советот, би пробала и друг начин, наместо на пример да се трујам со апчиња. Не се правам дека сè знам, па да не сакам некој да ми даде совет за нешто, па макар било тоа и за менструацијата.