Не му го учиш телото, ако прочиташ нешто плус, мислам нема да те заболи некоја нервна клетка. Или да? Не знаеш кога нешто ќе ти затреба и за кого. Ако не за тој дечко, можеби за нареден, за татко, за дете не дај Боже.. Што има штета ако се знае нешто, еве не знам. Јас што гуглав за лекови за простата за дедо ми, будала сум??? Евентуално да се понудиш да отидете заедно на лекар. Не мора да се мачиш баш до баење да стигаш. Жими мене, ако е вистина ова што го пишуваш, да сум машко, 'рѓа да ми фати таквото, не ми треба таква како тебе, па последна нека си на светот.
@Emy867 Hahah me iznasmea alal da ti e ! Dobro kazano mazot mi imase bolka vo testitite i mi veli dojdi pogledni imam strasna bolka gledam deka mu e oteceno i mu velam utre sabajle ke odime na lekar da vidime sto e rabotata sto e tolku oteceno iako i jas ne ae razbiram od maski raboti ama sepak zatoa site imame partneri za da bideme zaedno vo dobro i loso... I koga ke me bolat mene jajnkcite maz mi mi topli krpi i mi stava na stomakot.. Toa e bliskost a ne kako clenkava sto go srusi rekordov so gluposti
Уште малку ќе испадне блискост е на ништо да не му кажувам не, пошто ми е партнер па за све мора по гз да му одам.
Ајде, ајде Танче, не го носи разговорот на друга страна. Јас ти викам за блискост ти ми викаш се што ќе каже да прифаќам?
Тане со овој гнев и хејт кон мажите никогаш нема да имаш среќна и хармонична врска, со време барај стручна помош за проблемов. Ова ти е другарски совет.
Кога некој ќе се пожали, има нешто што можиш да му го пружиш што се вика поддршка. Не значи дека ако не можиш да му го решиш проблемот не треба да се замараш. Или ќе му помогниш колку што можиш или ќе бидиш тука до него за муабет. Ние секогаш споделуваме секакви проблеми, дури и оние кои другиот не можи да ги реши. Ама разговор, поддршка многу знај да значи. Шознам, за некој кој ти е близок само по себе иди тоа. Емпатија.
Тоа го размислував овие денови. @Tan4ence , ме плашиш на моменти со муабетите. Тро социопатски склоности имаш.
А како не е твоја работа неговото здравје, кога си се одлучила да имаш секс со него треба да се грижите и тој за твоето и ти за неговото, бидејќи ако има тој проблем недајбоже некоја СПБ и ти ќе закачиш. Секогаш се зборува секој за своето здравје со партнерот, а и ако сетите дека нешто не е во ред еден со друг треба да си кажите...
Ај читај поназад што сум кажала. Да ме интересира за спб е едно, да му проверувам тестиси или да ме замара за општи факти, (не за болест) е друго. На колку од тука дечковците им се замараат дали им е редовен циклусот или знаат основна теорија околу тоа? Многу мал дел сигурно. Затоа и јас не гледам потреба женско да учи машки репродуктивен систем како функционира само за атер на дечкото. Тоа ми е целата поента.
Јас @Tan4ence (извини шо ќе зборам во твое име) ја сфатив поинаку од вас. Во смисла дека не можам јас да знам детално каков му бил органот вчера и дали денес има промена. Исто како тој шо не можи да ми води сметка дали ми касни два дена од стрес, дали имам циста и дали сум била на редовен преглед. За почеток треба секој сам да си е едуциран за сопственото тело. А потоа нормално е да споделиш со партнерот, исто како шо би споделил ако те боли глава или бубрег. И пак мислам овде дека непотребно ја напаѓате зато шо рече нема потреба од тоа да му кажува се', а не рече дека не треба да се сподели воопшто. И јас не гледам причина да му кажам дека вчера ми течеше обилно, денес малку, утре една капка. Кај нас во глобала секој шо не учел медицина не е доволно запознаен со репродуктивен систем, освен ако сам не се заинтересираш да научиш. И не знам оти сте изненадени, уште мислат дека ако седнат на мочка од машко можат да забременат, а не па да се едуцираат за органите на спротивниот пол.
Средно медицинско, гимназија кај шо се учи биологија подробно, како сакаш речи го. И знам јас то, ама реално сте научиле се' шо треба да знаете на ова тема во седмо? Од мое искуство, не. Пресмешки беше ако се спомни зборот вагина на час, а тек па сликата во учебникот, па пола клас се молеа да не им се падни ова тема на усно испрашување оти срамота како ќе кажеле таков збор. Ете прочепкај по темите тука па ќе видиш колку се учело.
секој со своето искуство, тоа што по темиве има сал неколкумина смешни приказни не е показател дека во сите основни училишта исто било, и не е показател дека и да се смееле дома не научиле, без разлика дали сакале да одговораат на табла или не. Со прашањето на медицина сакав само да кажам дека нема потреба медицина доколку си учел на време а и впрочем школото не е единственото место каде што се учи.
Имав и јас напишано дека сам можиш да се заинтересираш и да научиш, кој ќе научи, кој нема. И школото не е единствено ама е клучено место за да научиш. Мислам ќе се сложиш дека фали едукација. Не е знаење само како се клава кондом и како се прај дете. Ете тука конкретно муабетот почна со апчиња за ден потоа и незнаењето дека не се користат како контрацепција, па после за мажите и информираноста за циклусот, па дека е срамота и гнасно да видиш влошка итн.
Ако е салам дечкото и тоа како се замара за менструалниот циклус... Мојот верувала или не точно знај кога треба да добијам и кога ќе добијам 24 7 ме прашува дали ме боли стомак.
А мене ми е поентата, дека и мажите треба да знаат за женскиот репродуктивен систем, и жените треба да знаат за машкиот. Како што знаеме како работи срцето, или бубрезите, или дигестивниот тракт. И не само тоа, ретко кој маж знае како се одвива бременоста, што се случува за време на пораѓај, какви се контрацептивни методи постојат и на кој начин делуваат, која е процедурата за абортус. То жени има што не ги знаат овие работи, не па мажи... Мора да воведат сексуално образование во школите. Сексот не е само актот на пенетрација... триста работи има поврзано со него.
Знам. Не знам многу детали, ама знам дека спермата се произведува во тестисите, простатата е пумпа која го регулира исфрлањето на спермата. Кога ќе се стврдни пенисот всушност се полни со крв - нема коски Простатата е сензитевен орган и нејзина стимулација предизвикува дополнително задоволство, можеш да пристапиш до нејзе преку аналниот отвор, така се прави и преглед на простата. Храната влијае на вкусот на спермата. Стресот може да предизвика еректилна дисфункција (акутна и/или хронична) Тестисите се надвор, а не внатре како јајниците кај жените, заради тоа што за производство на сперма не треба да е висока температурата. итн.. Не знам кузнај колку, ама мислам дека знам доволно.
Океј, јас знам подетално оти сум го учела стопати, и на факс. Сосе градба и болести и предупредувачки знаци. Ама да беше за него...не знам дали ќе се замарав