Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Споделување на здравствени проблеми со партнерот

Дискусија во 'Врски' започната од WildMk, 19 јануари 2021.

  1. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.891
    Не гледам ништо лошо во тоа доколку забележиш некакви промени да му посочиш на партнерот.. како може да зборуеш така за човек со кој си заедно, кој го сакаш..
    Исто како и тој што треба да ти каже тебе нешто доколку забележи, не се работи тука за одење по гз

    Ако си имала некој проблеми во минатото со машките треба да ги оставиш зад себе а не да ги носиш во секоја врска и да не ти дозволуваат да уживаш потполно. Кога некое машко вака разговара за женско ми иде на нерви, исто така и женско за машко, каде е основната емпатија..
     
    На Izaabella, PaLaVa, 1209 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    5.178
    Пол:
    Женски
    Може ако имаш син во иднина ќе се замараш.
     
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ако имам дете нормално дека ќе ми е обврска да водам сметка за негово здравје додека не порасне, оти дете е, зависно од мене. Ама ако е за партнер, се работи за возрасен човек и треба сам да си се грижи за здравјето прво и да си знае што треба да знае.
     
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Боже боже, да не те засега здравјето на партнерот е исто ко да не те засега твоето здравје. Чим со некој си одлучила да бидеш веќе сте едно. Јас не можам да замислам како може една личност да нема ни трошка емпатија во себе, па за партнерот твој се работи, не за комшијата.

    Патем јас со мм за се зборувам, ама буквално за се, од секојдневни работи, до за излеснување во вц. И он се знае за менструацијата затоа што јас сум му објаснила, ми купува влошки, се интересира колку ми трае, дали имам болки и се околку тоа, исто и додека бев бремена он дури и повеќе од мене се интересираше и читаше што и како треба.
     
    На IRBBB, Izaabella, PaLaVa и 19 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ама знае ли за женски репродуктивен систем како е изграден, како функционира итн...?
    И ти, за машкиот.
    Не дека ако бидне нешто треба да крие.
    Него едниот колку знае општи факти за репродукција кај другиот, не дали му купува влошки или топли вода во шише.

    Пошто не знам некоја да седнала да чита чекај да видам простатата за што служи.
     
  6. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Учам медицина и знам, ама знам уште многу порано пред да учам за тоа затоа што ме интересира се за човечката градба на тело.
    Мм колку знае за репродуктивни систем не сум го испрашувала до сега, ама општо познавање има бидејќи јас му кажувам и објаснувам за се.

    Ете секој различно функционира во врска/брак, ама мене толкава незагриженост за партнерот ми е чудна, дури и би се запрашала дали воопшто нешто ми значи и го сакам или ми е за пополнување на слободното време само.
     
    На PaLaVa, astrophile, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence
    1. Се отвори нова тема специјално за тебе и твојот проблем (од каде ти имаше добро прашање поставено, за кое може да се научи многу од одговорите на членките);
    2. Членките се обидоа освен да ти дадат одговор ами и да ја подобрат интимноста во Вашата врска и ти пак се правиш наудрено !?

    Реално ова сакам да е трол, ама за жал не е. Викаш сме те осудувале за вазектомијата (јас бев една од нив и сеуште сум). Ајде сега нов твој проблем во кој членките кој со слично искуство, кој од пракса, кој читал те советуваат и ти упорно со глава во ѕид одиш и на секој одличен одговор ти со контра прашање си.
    Ако со партнерот не си ги споделите своите тешки и убави мигови, зошто сте заедно ? Само за ти да не си сама ?
    Викаш не ме интересира или ако има проблем ќе ми каже...А,ти малце да покажеш загриженост за него и да изгуглаш што може да му е, да го советуваш, ти тука ни тераш инает.

    Извини вака ама ти си имаш некоја траума и омраза кон машкиот пол, претпоставувам млада си па сеуште имаш време ем да се смениш ем да си побараш стручна помош, ама најдобронамерно ова.
    А, нема врска со вазектомијата. Туку пак ќе напоменам твојата себичност.
     
    На IRBBB, eliesaab, Dentina и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Нигде не побарав јас совет за мене туку само ѝ реплицирав на вајлд и од таму продолжи. Најди ми мислење у темава каде ЈАС барам совет. Тоа што евентуално сум споделила како е у моја врска, не значи дека барам совет.
    Нигде не реков- не ми чини, кажете ми што да правам.
    Само кажав дека е смешно да му зборам у детали на партнер за мојот циклус или да знам пенис како е изграден или простата. Или он у детали да ми збори за проблеми со тестиси кога и да бидне нешто, можам само да седам до него. Ниту имам тестиси да знам како е, ниту ќе знам некогаш. Или дека ми е смешно да ми глуми партнер како многу му е жал ако имам менструални болки кога ни приближно не знае како ми е и нема ни да знае. Си кажав како сметам дека треба да се одвиваат тие работи у врска, а не, шо да правам. Емпатија не можеш баш да имаш за работи кои никогаш не можеш да ги искусиш и некогаш болје е да ќутиш место лицемерно да тешиш и помагаш.
     
    Последна измена: 21 јануари 2021
  9. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Па ако глуми, тогаш значи не е заинтересиран ни за тебе, ни за твоето здравје. Што ќе ти е тогаш таков човек покрај себе?
    Бдв маж ми почина од "топче" на стомакот.
    Кога се појави не знаевме дека е рак.
     
    Последна измена: 21 јануари 2021
    На Golden, eliesaab, astrophile и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.830
    Пол:
    Женски
    Не секогаш споделуваме проблем затоа што ни треба совет или решение, па партнерот да треба да се ЗАМАРА да го реши проблемот. Некогаш едноставно ни треба поддршка.
    Замисли партнерот потресен, имал топче на тестисот, гугла и чита дека е симптом на рак, ти му викаш: аааааа твоја работа тоа, ја неам тестиси па да му ја мислам :^)

    Јас на пример кога споделувам било каков проблем со некој близок, речиси никогаш не ми треба совет. Само полесно ми е кога ќе си кажам, или ми треба некој да ме смири или барем да знае низ што поминувам.
     
    На Golden, nevermet18, MeowMeow и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Едно е да споделиш проблем, друго е да знаеш или не теорија кај другиот.
    Која девојка реално трпеливо ќе слуша ако дечко ѝ фати да ѝ збори за сунѓересто ткиво на пенис, па како доаѓа до ерекција, па како се движи спермата низ каналите, или самопреглед на тестис како се прави итн итн? Ствариве не се болести.
    Значи не ѝ вели имам тоа и тоа, него теорија за негов репродуктивен систем.
    Ја очи ќе превртам и ќе си отидам.
     
  12. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    И да бидне нешто можеш само да седиш до него !?

    Зборам за Не Дај Боже, нема ли да трчате по лекари, по аптеки, па да си му макар морална поддршка за да знае дека не е сам !?
    Или тука ќе се убедуваш со нас по форумиве и ќе си грицкаш сончоглед.

    Никој не рече дека треба да знаеш ти се за машките органи и за простатата, како и он за менструацијата, но со самото твое пишување можам да забележам дека си многу, ама многу себична личност. Ако ти имаш проблем и му го кажеш и дечко ти се загрижи, ти тоа ќе го сфатиш како глума ? Епа зошто си со него ?
     
    На eliesaab, astrophile, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Не мора да значи дека глуми ама дека сфаќа како ми е и некогаш ќе сфати - нема. И затоа не можам целосно и сериозно да прифатам негова помош и поддршка за проблеми кои не може да ги искуси. Јас лично највеќе прифаќам совети од луѓе кои искусиле нешто, не кои само им е жал онака од гледање.
     
  14. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Страшна работа ,значи.
    По ова што е пишувано после пораѓај ич нека не нѐ погледнуваат партнерите ако не ?
    Тие никогаш нема да дознаат како е нели !? А и нема што да се објаснуваме ако нема никогаш да видат како е ,нели?
    Смешно е од една страна ,пример ти протекло како ќе скриеш ?
    Или те здоболело си викнала ,што ќе му речеш -така ти се слушна ?
    Јас од мајка ми бев така учена дека машки не треба да ми ја видат влошката ,и прв пат кај мм јас кријам и до продавница да отидам треба за влошки ,а не знам кај е продавницата. И сега го прашувам телефонски ,тој вика кажи што ти треба јас ќе ти донесам,јас викам ништо така прашувам ,се насмеа вика влошки а ? И јас ко попарена да. Рече јас ќе ти земам. Ко дојде си разговаравме на таа тема ,од колку дена ми трае менструација до какви болки имам и што може да ми помогне околу тоа . Ден денес два три дена претходно приметува дека треба да добијам понервозна сум била. Во тек на бременоста за се живо се интересираше ,од прегледот кај гинеколог сликовито да му го објаснам ,до пораѓајот исто. После пораѓај еднаш не стигнав до вц, баш во моментот влезе гледа чистам водено ,праша што е викам ништо ,ме погледна само рече дали е нормално ,или да те носам негде , јасно му беше што е. Малку да приметам нешто различно во неговото однесување или на телото обавезно прашувам што му е. Исто и тој мене. И шиеното го терав да ми го види , зошто толку боли ,да не има загноено/отечено и сл.
     
    На nevermet18, MeowMeow, IRBBB и 11 други им се допаѓа ова.
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Не може да имате скроз исти интереси, хобија, теми што ве интересираат. Но кога гледаш дека партнерот објаснува со пасија на некоја тема, научил нешто ново, се едуцирал или има добро познавање на тоа поле, едноставно ти иде желба да го ислушаш, убаво ти е што знаеш дека сака со тебе да сподели, било што, од теми за репродуктивен систем до фудбал. Ете мене фудбал не ме интересира многу, и нема да ми е океј 2 часа само за тоа да ми зборува партнерот, но ако тоа ако е негово секојдневие и сака со мене да сподели што гледал, што се случило, некои новости (макар што и не ги разбирам) во кратки црти, јас сама сакам да сослушам, бидејќи знам дека него му значи. А штом му значи и со мене сака да сподели, јас се осеќам убаво и едноставно ми причинува задоволство да слушам. Од друга страна такви теми за репродуктивен систем (безразлика кој пол) и здравје, јас имам голема желба да слушам и не само партнерот кој и да е би го сослушала.

    И на крај, која тема и да е, ако не ти се допаѓа за разговор, не треба очи да се превртува и да се заминува, едноставно е, ќе кажеш дека немаш толкав интерес за таа тема, да зборувате за нешто друго.
    Сè успева ако се има разбирање и согласност.
     
    На nevermet18, IRBBB, S.W.A.G и 8 други им се допаѓа ова.
  16. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Вчера му се пожалив на мм дека ме болеше стомак утрото. Прво нешто што ми кажа е дека треба да добијам за 2- 3 дена. :inlove: Не ми треба апликација, се знае за мојот циклус :D Дури и да не сакам да му кажам дека нешто не ми е во ред, одма познава и се грижи за мене. Исто и јас, доколку го мачи нешто, ако знам ќе му кажам совет, ако не гледам да научам.

    Е сега за менување влошки... нему не му е гајле, ама јас сепак сакам приватност за некои работи, па исто и нему му давам приватност.
     
    На S.W.A.G, Cka, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.327
    Пол:
    Женски
    Жално е да мислиш ако не можиш да му го решиш проблемот на некој, совет да му дадеш или и да го разбериш еве, дека не го заслужува твоето внимание.
    Колку му се имам и јас жалено на дм за проблеми што не можи да ми ги реши ниту да ме сфати, па пак бил тука за мене а и јас за него. И не само за партнер, и за пријател да станува збор. На другар ми сум му кажувала што ми се дешава во главава некогаш и иако не го искусил тоа како мене знаеше да утеши, да кажи од негова перспектива како изгледа.
    Со другарка исто така колку пати сме се поддржувале без да си ги решиме проблемите.

    Прв инстинкт за блиска личност кога има проблем ми е да ја поддржам, а не да пробам да ѝ го решам проблемот (и ако не можам да не се замарам).
     
    На nevermet18, IRBBB, S.W.A.G и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Не знам, јас за циклус знам да му кажам само денес добив или треба да добијам онака уз муабет. Ништо повеќе.
    Он ми раскажа еднаш за една операција што ја правел на тоа место и што има оставено последици ради нестручност. Особено што тогаш бил уште пубертетлија. И стопати знаеше да ме праша дали ми сметаат тие последици, стопати сум му рекла не. И пак после ете го несигурен, дали ми сметаат. Особено ме нервираше што таа операција малце драматично ја опишуваше, и тука му реков малце на дистанца за тие работи да сме.
    Ако во иднина треба да помогнам и поддржам, ќе го направам тоа. Ама не можам да очекувам он да има разбирање буквално за секој мој таков проблем, или јас за него.
     
  19. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Тешко дечко ти...
     
    На S.W.A.G, Cka, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  20. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Ако вистински сакам некого ќе ме интересира се што го засега него. Не од посесивна природа туку ете, сакам да знам сè што го радува, сè што му пречи, сè што го боли, сè штo го прави среќен, како му поминал денот..Абе најмалата ситница сакам да ја знам ако тој сака да ми ја каже и ќе се топам дури ми зборува, и ќе плачам со него ако му се плаче.
    А не па за здравје.
    Влакно нема да сакам да му фали, нит на другарки и другари, а не пак на партнер. Сè што сака да ми каже, сè ќе ислушам со внимание и ќе барам дали можам некако да помогнам. Некогаш и да имаш кој да те ислуша помага повеќе отколку што се мисли.

    Не знам за вас што е љубов, ако не да имаш другар за цел живот со кој ќе можеш сè да споделиш.

    Во арно се е сјајно, и сите сакаат да се до тебе, ама гледам во лошо се познава кој навистина ти е близок.
     
    На Sanja16, Stark, honey.11 и 11 други им се допаѓа ова.