Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Споделување на здравствени проблеми со партнерот

Дискусија во 'Врски' започната од WildMk, 19 јануари 2021.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Ако сум одлучила со некого да го поминам животот , секако дека ќе споделувам се со него . Тага , радост , болка , среќа .. Кога мене ме боли нешто , маж ми е тој што се грижи за мене , се труди да ми биде подобро . Кога него го боли нешто , јас сум тука и се трудам да му биде подобро . Зарем би имал смисла бракот или врската , ако не сме тука еден за друг во добро и лошо ?
     
    На Summerbaby, Dodo1, S.W.A.G и 7 други им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ова е све, само љубов не е.
     
    На hermosa и tinka-mace им се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    Ако не ви е гајле за неговото/нејзиното здравје зошто сте во врска?
    Шо ќе ви е ако е умрен?
    Да, гајле ми е. За здравјето на моите дома, кучето, мачето, а секако и оној со кој гледам иднина. Верувам дека ако се сподели полесно ќе се преброди. Барем ако не друго ќе сум морална поддршка.
     
    На honey.11, Hecate, Summerbaby и 13 други им се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Ако @Tan4ence не е трол тогаш е класичен abuser, дечкото и психички и сексуално го злоставува, на чекала тип со ептен ниска самодоверба и си игра к*р ташак си него, од се што има напишано упатува на тоа дека е злоставувачка и на дечкото нејзин му треба помош да излезе од таа токсична врска.
    Штета што во Мк ни за жени што се жртви на домашно насилство не им се пружа помош не па на машко, ќе му се и скинат од смеење а не е за смеење работата, трагедија му се случува на дечкото.
    Не ја пратам форумџика а ама ако учи медицина тешко на пациентите, а за вазектомија никој доктор не би направил на дечко од 20 години, се знае дека и таму треба да има исполнето услови, да е над 35 години, да е здрав општо и ментално, не се прави вазектомија зошто девојката така сакала, што не ќе прочита човек.

    Сите што си ги мавате децата прочитајте ја убаво форумџиката, ово е тој магичен круг, нејзе ја тепале, сега па она е тепачката, утре ако има деца и нив покрај мажот ќе си ги млати, па они кога ќе пораснат или ќе барат некој/а да ги млати и понатака или они ќе млатат.
     
    На Idedemja, Bozica1980, Dust и 22 други им се допаѓа ова.
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Битерсвит, да , колку и да се смееме ние незасегнатите, и да предупредуваме некој што само истото го вергла без желба да се пронени, со ова што го напиша, ја погоди метата.
    Ова е во најмала рака психичка злоупотреба, не секогаш злоупотребувачот е огромен мускулест маж со тетоважи, што урла и пие, некогаш е жена со психички проблеми.
    Тешко на злоупотребуваните, но секогаш има излез..треба да се побара помош во секој случај.
    А абјузерите никогаш нема да признаат дека се во криво, тоа залудно е да се очекува.
     
    На Bozica1980, S.W.A.G, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    @Tan4ence добро ако не те интерсира ништо за човеков, зошто сте заедно?
    Во секој пост си толку згадена и со таква омраза пишуваш за него, мене стварно не ми е јасно што ве држи заедно?
    Ниту се замараш дека правел операција и има последици, па дури велиш дека многу драматично ја раскажувал истата? Операција е, оставило последици и ти очекуваш он да збори сосема нормално за тоа?

    Јас не знам стварно што си го трошиш време со човек кој очигледно го мразиш? Не беше вака, јас не знам што се случи?
     
    На samovila.red., Doozy, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Леле кои глупости ги прочитав, страшно. Тешко на дечкото со каква особа е во врска и којзнае зошто ја трпи...
    Јас жива не сум ако не му кажам што ми е или тој мене. Небитно дали за обична главоболка или нешто друго. Да не зборувам за било каква чудна појава на половите органи од кои двајцата сме засегнати. Што и да нѐ боли прво меѓусебно си споделуваме. Сме биле заедно и на доктор, ме носеше по операции кај што можеби требало родителите да ме однесат и да бидат со мене, па ете...
    Модринка да имам не поминува без да ме праша од што ми е, не пак нешто друго.
    Сосем ми е нормално да споделуваме сѐ кога сме во сериозна врска.
    И да, сме се виделе и кај шо мочаме и кај шо менувам влошка. И влошки ми купил и кафетин менструал. 21ви век е и срамота е да му е срам да купи...
     
    На Summerbaby, samovila.red., eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Зависи за каков проблем станува збор. Еве, мислев дека имам некој посериозен проблем деновиве, но не му соопштив ништо се додека не отидов на контрола и добив резултати. Не сакав предвремено да го паничам. Секако ако резултатите беа лоши, веднаш ќе му кажев.
    Ова сега дека не живееме заедно, доколку живееме заедно нормално дека прв би дознавал за секакви промени и проблеми кај мене. Исто така, очекувам и сакам он да споделува со мене доколку има некоја мака. Не знам колку би била од помош, бидејќи немам некое познавање, но за поддршка секогаш би била тука, во секое време, да го ислушам, да појдам до аптека, да отидеме заедно на лекар ако има потреба итн..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Го гледам неколку дена насловот на темава и викам ајде бе што ќе отварам, сто посто сите пишуваат дека си се поддршка во врската и дека нормално е, за здравје се работи било за каков проблем да станува збор ама не.. Не ми се верува дека толку ладен и незаинтересиран може да биде човек кога станува збор за здравјето на партнерот. :worried: језиво.. Дечко ми ме приметува по промена на расположение дека треба да добијам, градите ако ми се отечени и по тоа знае да ме праша еј да не треба да добиеш. Знае дека боли, купува благо и тн. Сакам да кажам, ако нема матка човекот, се потрудил да разбере и се грижи за мене лол.(facepalm) Нормално дека ако го боли нешто или ако му се случува чудно нешто ќе ми каже, па ако не сум упатена ќе читам на интернет и ќе прашувам овде за совети исто како за мене што прашувам.. И за на лекар нормално не ни треба да потенцирам:x или можда треба да му речам неам к*р јас бркај си работа не ме интересираш:tmi: страшно
     
    На tinka-mace, jarec6, nevermet18 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.096
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence ти среќна ли си?
    Дечкото среќен е?
    Не мора да ми ги одговориш прашањава на мене:D
    Мене искрено ме фати жал за него.
     
  11. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Секако дека сум за споделување ако не споделам со него со кого. Имам лупус и бордерлајн и сигурно нема да го кријам тоа. Мене за главоболка да не ми каже ќе се налутам а камо ли нешто посериозно.
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Со партнер се споделува се'. И непријатните работи, како на пример некои здравствени проблеми. Несварливо ми е како некој може да биде со некого а да не му е гајле за неговата состојба, физичка, психичка. Љубов е за некој да се грижиш како за себеси. Неговото здравје ми е важно исто како моето.
     
    На buba4e89, samovila.red., WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.571
    Пол:
    Женски
    Па зошто ми е сопруг тогаш, само да си легнеме заедно ли :^)
    До сега му ја правев главата,, тапан" поради состојбата во која сум, се воздржав да не се расплачам, јас ретко плачам, ама паничам до плафон.
    А паничар е тешко да се сослуша до крај, затоа што никогаш нема крај, има само почеток на нешто ново :D
    Него сериозно, како да не зборувате со вашите партнери?
    Па јас за се разговарам, мислам дека некогаш глава од мене го фркне ама незгодно му е да ми каже :lol:
     
    На kikikikirika и Осе им се допаѓа ова.
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Во последно време не споделувам баш се, затоа што тој премногу се грижи, а и јас пречесто сум болна.

    И прв пат така кога се разболев убаво филмски ми беше да ми вари супичка и чајче, ама после видов дека премногу се замара и нејќам да го оптеретувам.

    Мада ѓавол е, одма забележува ако нешто не е во ред, колку и да глумам.
     
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Да, си споделуваме во врска со оваа тема. Како што кажавте и погоре, важен дел од интимноста е и споделувањето на секакви проблеми и дилеми, па тука спаѓаат и здравствените. Среќна сум што имам со кого да споделам се' што ми лежи на срце и знам дека ќе наидам на разбирање.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Ги читам мислењата и некако како да сте заборавиле дека има врски и врски.

    Во тинејџерска врска, сигурно не сум споделувала здравствени проблеми а ни па сум се замарала за другиот.

    Во зрела врска да, си ги кажуваме проблемите. Тој за еден сериозен здравствен проблем ми кажа дури после 10 месеци од врска дирек што е дијагнозата, но предходно уште од старт ми даваше знаци за да разберам сама. Го разбирам, не секогаш е лесно да се отвориш на некој за здравјето.
     
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Темава сега ја гледам.
    Не сум имала дечко, ама со типот што се имам гледано 5 месеци, сѐ си кажувавме.
    И за добиено болки, и кога треба да добијам, пример во ПМС ќе почнев да се однесувам како ѓавол и знаеше колку е саат и нема љутиш.
    Него глава ќе го болела, грб, грло, па препрашувања.
    Јас сум таква .И со другарки и со дечковци се понашам како мајка.Дур не дознаам дека е најаден, напиен, облечен, у едно парче и дека ништо не му е не сум мирна.
    Еднаш температура имаше два дена..абе како ја да имав.Сѐ по список сум му набројувала шо да праи (не дека нема мајка) да не беше корона време и дома ќе му идев дека ептен му беше лошо.
    Кога го болеше нешто го масирав, и он мене, аналгини ми носел, кога сум имала cravings за нешто ми купувал.Не дај Боже да ми каснело добиено, у тандем паничење па знаело да падне муабет ,,па може и да го родиш би било супер”
    Би сакала да знам сѐ
    Од најситна главоболка до не дај Боже јнешто озбилно
    Три озбилни гледања сум имала и со секој сме се замарале еден за друг.Нема незгодно.Ова ми е тоа ми е.
     
  18. Tashy

    Tashy Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2022
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Од дм ништо не кријам.
    И физичка и психичка болка и за се прв знае.
    Исто и тој споделува со мене.
    За разлика од дм бившиот мој никогаш не го интересираше да праша како сум дури за обична прелада, му пречеше кога му кажував кога не сум расположена и секогаш за него требаше да сум најздрава и се да можам. Логично го откачив.
     
    На Sara4444, FridaodaMk и Осе им се допаѓа ова.
  19. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Ништо не си криеме.
    Све си кажуваме до детал.
    Од глава до пети.
    И одма совети што да правиме за да ни биде боље.
    И препрашување додека не бидеме добро.
     
  20. Che Guevara

    Che Guevara Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2022
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Sekogas za se mora da bide zapoznaen ako e partner, ako e avantura pa i ne mora... Podmetnuvanje ili krienje prema partnerot e isto kako izneveruvanje, sepak toj treba da ti e najgolema podrska pokraj semejtvoto da go resite sekoj zdra. problemot
     
    На Hecate, cresa-jagoda и 6th sense им се допаѓа ова.