Во принцип жените поднесуваат кога мажот има здравствен проблем (дури можам да кажам дека позрело реагираат), а обратно и не баш. Ако жената кажува, доаѓа како да се жали/пренежна/препроблематична.. Грдо ми е ова што го пишувам, ама па реалноста е таа.
Споделуваме се', се грижиме за здравјето еден на друг. Ако се сакаме, нема причина да криеме нешто. Обично тој е со послаб имунитет и е посклон кон болести, па секогаш сум била покрај него. Истото би го направил и тој за мене.
Ма што има некој да ме замара или да го замарам си има институции каде што треба да си се обратиш за лечење и крај ни да ме масира ни да ја масирам.
Не се смеј ко зелен, обиди се да разбериш што ти пишуваме. Ќе си го запустиш животот вака ако продолжиш.
E па и јас тоа се трудам да ти посочам ама ти упорно не разбираш НЕМОЈ СЕ ОЗБИЛНО ДА СВАЌАШ ВО ЖИВОТОТ ЌЕ ТЕ ОДНЕСЕ КАДЕ ШТО НЕ ТРЕБА
Обавезно. Сѐ знаеме еден за друг, сакам да споделува со мене. Јас најдобро можам да се грижам за него