1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Споменикот на Крсте Петков Мисирков тајно поместен!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 25 ноември 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мислам дека ова заслужува посебна тема, да не стои во останатите статии во актуелни политички случувања.

    Како што ги наместија Гоце и Даме, така го преместија и Мисирков. Тајно и ноќе, додека градот спиеше. Споменикот е поместен за десетина метри во правец на булеварот, но не е познато на каков начин.

    На него не се видливи оштетувања, но забележливи се на мермерниот постамент на кој е исправен.

    Од трагите забележливи на лице место, јасно е дека споменикот бил туркан по плочките на плоштадот „Пела“, најверојатно со багер за работата да биде завршена што е можно побргу.

    Градоначалникот на Центар, нема објаснување зошто преместувањето е неправено без претходна најава.. Нема одговор ниту кога точно тоа е направено, ниту пак како е направено.

    „Веројатно утринава е поместен и не гледам толку голем проблем. И еве вас ве прашувам дали гледате проблем што споменикот е на ова место? Да не правиме политика од едно поместување од три метра на еден споменик“, вели Владимир Тодоровиќ, градоначалник на општина Центар.

    Како е поместен?

    „Не го поместив јас за да знам“, додава Тодоровиќ.

    Од Фондацијата Рамковски која го постави споменикот, велат дека не се изненадени од начинот на кој власта посегна по Мисирков.. Повторија дека проблемот не е во самото поместување на споменик, туку во тоа што со тој гест се сквернави делото на еден од најголемите Македонци во историјата.

    Го засолуваат него и неговото дело во име кажете ми на што? Во име на бесмислена Триумфална капија, на капија која симболизира триумф на што? Триумф на сиромаштијата, триумф на изолацијата, триумф на нивната агресивна и недолична политика. Ене ги графитите се напишани, народот гледа и луѓето реагираат, ама тие мислат дека ќе ги премачкаат и никому ништо. Веќе мислам дека мачкаа доволно и премачкаа“, рече Славко Нинов, Фондација Рамковски.

    Споменикот што го постави Фондацијата е засега единствениот на Мисирков во земјава. Тој е и единствениот кој општина Центар го помести поради други, за власта, повисоки цели, и покрај противењето на голем дел од граѓаните.

    [​IMG]
    [​IMG]


    Јас немам зборови, па толку дрско се однесува, не го преместил тој за да знае. Немам што да додадам, оној што ја напишал статијата доволно кажал.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Што да се каже на темава? Дека е срамота? Дека човекот во гроб се превртува? Џабе е, се е излишно...
     
  3. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Не го тргнале или срушиле па да прават толку голем скандал, туку го поместиле само за три метри.
    Не гледам што е толку страшно, како што ја направија толку голема работата.
     
    На al-vik и Bibko им се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    "Од Фондацијата Рамковски која го постави споменикот, велат дека не се изненадени од начинот на кој власта посегна по Мисирков.. Повторија дека проблемот не е во самото поместување на споменик, туку во тоа што со тој гест се сквернави делото на еден од најголемите Македонци во историјата.

    Го засолуваат него и неговото дело во име кажете ми на што? Во име на бесмислена Триумфална капија, на капија која симболизира триумф на што? Триумф на сиромаштијата, триумф на изолацијата, триумф на нивната агресивна и недолична политика."

    Не е битно тоа што е поместен, туку за што е поместен! За да стават некоја безвезална тримфална капија што нема врска со нашата историја! Кој триумф? Кој? Каков триумф имало некогаш во нашава држава? Триумф над што? Врз што? Поради некоја капија го тргнаа човекот кој и те како има право да стои таму!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Како Трендафилчето наше што во пијана состојба земалло уметнички слики, другарка и чистела со доместос, Лолипоп јадела од грицките на непознат човек... Така може и ова е од некоја повесела дружина. Па го има поместено, извлечено споменикот :tmi:
     
  6. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    лелеее лееелее драми да ни се смеат сите, голема работа го поместиле неколку метри, за да градат нешто друго за да не го оштетат, цело скопје го преправија па сега за 3, 4 метри е работава, државата ќе се сруши бре,бре.. нели беа против градењето на споменици од каде сега волку важен им испадна Крсте Петков Мисирков??(што ќе стоел малку подесно или полево) или до вчера не знаеја кој е и што е, важно сите мислења даваат, само да има нешто за да се расправаат, баш до тоа е сета работа, од тоа не функционира Македонија!!! хехехе :^) :fubar:


    малку офф топик (извинете)
    и А1 коментарите на статијата за К.П.Мисирков на он лајн страницата, ги објавуваат само оние каде се напаѓаат вмро и оние кои што се за А1, зошто мојот коментар не го објават а не спомнував ниту позиции ниту опозиции, ниту навредив некој имаше мал извадок од ова погоре или не им одговара така???
     
    На al-vik и baguf4e им се допаѓа ова.
  7. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Нема да коментирам -само ќе кажам дека НИШТО повеќе неможе да ме изненади во државичкава наша
    Македонија и се е можно |(
     
  8. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Прво и прво споменикот е поставен БЕЗ дозвола и Велија пиљарот нека се радува што само го поместиле, а не што не го снемало...Со СЕТА почит кон К.П.Мисирков!!! Mи се сака да си каснам од задников жими мајка!!! Па Велија криминалецот и ,,најголемиот,, хуманитарец и залагач за македонизмот и македонштината ли најде да се плетка во вакви работи бееееееееее ...Ц Ц Ц Ц Ц Ц Ц... СТРАШНА РАБОТА. Мразам политика, АМА, пазете чудо, завчера кога со ,,жив штит,, го ,,бранеа,, Крстета да не го преместат од 11 советника колку што ни се на број во Општина Центар од политичката група на СДСМ јас на екранот видов дури 6. Не можам да тврдам, но претпоставувам дека и останатите 5-мина биле тука некаде......ФУЈ! :puke: :puke: :puke: П.С. Дефинитивно политиката е ку*ва.
     
  9. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Уф колку се нервирам кога ќе прочитам некој ваков коментар :@ Па добро бе девојко, си гледала вести, си слушнала како глупавата министерка за култура кажа дека споменикот бил наместен без дозвола и ОП, одма реакции! Демек срамота, не го почитува Рамковски законот! А повеќе од очигледно беше дека министерката само заобиколуваше и не даде вистински одговор на ниту едно прашање, па затоа трескаше вакви глупости. Колку само ме изнервира, пола час тропаше, новинарката не можеше до збор да дојде. А си се запрашала ли зошто нема дозвола Рамковски за поставување на споменикот? Нели ти текнало дека можеби е заради тоа што е толку против владата? Не велам дека Велија е светец, ама глупаво е тоа што не му даваат дозвола. По мое мислење, кога веќе толку бесмислени споменици без никакво значење за државата го затрупаа Скопје, па зошто да не се даде дозвола за еден единствен споменик кој барем има некакво значење:? Крсте Петков Мисирков е човек кој дал свој придонес во македонската култура, па кога веќе се решиле за поставување споменици низ градот, ваквите личности треба да бидат приоритет. Срамота е веќе ова што го прави владата, до каде мислат да тераат вака? Вака како што тргнало, се обложувам дека наредниот споменик што ќе биде поставен во Скопје ќе биде споменик од господинот Премиер, до толку се занесува човекот, што мисли дека и споменик заслужува. :@
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  10. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Уф колку се нервирам кога ќе прочитам некој ваков коментар :@ Па добро бе девојко, си гледала вести, си слушнала како глупавата министерка за култура кажа дека споменикот бил наместен без дозвола и ОП, одма реакции! Демек срамота, не го почитува Рамковски законот! А повеќе од очигледно беше дека министерката само заобиколуваше и не даде вистински одговор на ниту едно прашање, па затоа трескаше вакви глупости. Колку само ме изнервира, пола час тропаше, новинарката не можеше до збор да дојде. А си се запрашала ли зошто нема дозвола Рамковски за поставување на споменикот? Нели ти текнало дека можеби е заради тоа што е толку против владата? Не велам дека Велија е светец, ама глупаво е тоа што не му даваат дозвола. По мое мислење, кога веќе толку бесмислени споменици без никакво значење за државата го затрупаа Скопје, па зошто да не се даде дозвола за еден единствен споменик кој барем има некакво значење:? Крсте Петков Мисирков е човек кој дал свој придонес во македонската култура, па кога веќе се решиле за поставување споменици низ градот, ваквите личности треба да бидат приоритет. Срамота е веќе ова што го прави владата, до каде мислат да тераат вака? Вака како што тргнало, се обложувам дека наредниот споменик што ќе биде поставен во Скопје ќе биде споменик од господинот Премиер, до толку се занесува човекот, што мисли дека и споменик заслужува. :@[/quote]

    Вести не сум гледала. Не го направив муабетов од политички аспект, туку од реален. И информацијата дека е споменикот поставен без дозвола ја кажав бидејќи работам во Општина Центар. И не е муабетот дека не му даваат дозвола на г-динот пиљар туку едноставно тој како што си прави се во животот така и за ова ,,поим си немал,, човекот дека треба за поставување на споменик или спомен-обележје целата процедура да помине преку Советот па врз основа на Одлуката и Решението да се постави истиот. Информирајте се до крај ако сакате да коментирате. Владата т.е. на Иницијатива на Мин. за култура се донесени и Решение и Одлука за К.П.Мисирков ама не за овој сегавеќе поместениот, туку за друг....така што да не правиме драми и да не злоупотребуваме за идеалите на Бране,Љубе, скотот од Титови леви сили и да не ги набројувам партиите на Албанците, Турците, Власите и не знам кои се не испарадирале таму.... :puke:

    ]:) Слатко ме изнасмеа а и се прашувам зошто би ти пречело споменик на кој и да е па и на премиерот, а?
     
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Ако споменикот е поставен без дозвола, тоагаш каде биле надлежните служби до сега? Зошто молчел градоначалникот на центар до сега?
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    И јас тоа се чудам. Сега им текна дека е незаконски поставен :?:
     
    На Bise му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Абе сега им одговара да споменат :)
     
  14. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Оф мори мајко. Незаконски е поставен, да. Каде биле службите, тоа не ме прашувајте мене. (Да е само тоа незаконски псотавено добро ќе беше...-((((( ....) Расположението е дека сепак е споменик, се инвестирало и тоа е тоа. АМА ако подлабоко и повалкано размислиме ќе видиме дека е намерно поставен на трамвајската траса која ќе биде подземна со се улицата, буквално е поставен на самиот ивичњак на Триумфалната капија и така натака. Не сум ни за ни против ни едното, ни другото, ни третото. Само ја кажуваме реалноста и се нервирам кога се рекламираат луѓе, партии, се добиваат гласови поени тракатанци....А не гледаме дека сме за жалење....Една атомска бомба за нас! :sweat:
     
  15. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Не бре ова се е изместено од умот!

    Зошто да го преместат споменикот? Па, уште и тајно?

    За Триумфалната ни капија?

    Триумф над што? Сиромаштијата, социјалните случаи, криминалот?

    Пуста Македонија, се изнатрпе се и сешто во изминативе две децении! Како не не земе некоја државичка, да не посвои и ај со здравје!

    Ние држава очигледно, не знаеме да водиме!
     
    На Bise, Offspring, Mygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Кога би гледале што и како е назаконски поставено онда треба цел проект Скопје 2014 да се руши и воопшто да не продолжува да се гради, затоа што народот не се согласува со тоа безумие! На народот не му треба триумфална капија, му треба работа! Плата за да го одржи семејството! Јас искрено немам чуено некој да се согласува со проектов, освен некои глупави простотилуци од вмро .
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Очигледно дека секој си ги гледа работите од свој аспект. :)
    Јас го гледав интервјуто на Биљана Секуловска со Министерката за култура и можам да кажам дека тоа не ни личеше на интервју.
    Како прво, ако ти си новинар и ако поканиш гостин во твоето студио, треба да имаш ПОЧИТ спрема него, а не да му упаѓаш на секој збор и да не му дозволиш да се искаже.
    Однесувањето на новинарката беше КАТАСТРОФА невидена.
    Не можам да поднесам такви новинари како Секуловска и како тој Васко Ефтимов, кои не му дозволуваат на гостинот да си ја каже реченицата до крај, туку го прекинуваат на секој збор.
    Јас искрено не знам како успеа да издржи гостинката таму, покрај таа нервоза што ја ствара новинарката.
    Јас од дома кога ја гледам се нервирам, не па да ми е пред мене, лом ќе ја направам :@
     
    На angelce1, SuperGirl2010, peperutkaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Само тоа што споменикот е од Рамковски, а тој има медиум, се направи скандал. Мисирков го почитувам, бесценет е за нашата држава, и никој нема право да си поигрува со паметници со неговиот лик. Не гледам ништо лошо во тоа што е поместен за негова безбедност, ама не ми се свиѓа капијата, па некако ми е криво што заради неа го поместуваат. Али тоа е, ништо тука не можеме.
    Ама пак има луѓе што плукаат по другите великани за кои се градат споменици, ама за споменикот од Велија- солзи се ронат- епа WTF???
     
  19. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Заради една многу голема, реална дури и тажна причина, а тоа е што живеам во студентски дом кој што од неговото градење па се до сега не е ниту еднаш реновиран, значи ниту една најмала поправка, а на споменици крај им нема, секој ден изникнуваат се повеќе. И како да не ми пречи, кога седам во соба и ги гледам распуканите зидови со дупки кои имаат дијаметар од по 10 сантиметри, а кога ќе излезам во град гледам „никнала“ нова шмизла. Доста ми е и од оние вистинските, живите шмизли, а не па и во форма на споменик да ги гледам. :puke:

    Да, се согласувам со тебе дека и новинарката ептен непрофесионално се однесуваше, ама сепак оваа министерката претера. Не само заради тоа што цело време зборуваше, туку и таа упаѓаше кога Билјана зборуваше. А најмногу ме изнервира што ниту на едно прашање не даде конкретен одговор.
    Значи, точно е дека новинарката непрофесионално го вршеше интервјуто, ама пак министерката ако не сакала да дава одговори немало потреба воопшто да се согласи на интервјуто.
    Јас да бев на местото на Билјана, ќе и скокнев на новинарката и ќе ја фатев за коса :D Среќа што не сум новинарка, инаку тешко на тие што се прават паметни :D Тоа е, ваљда не ме бидува за новинарка. Па не може човек за се да го бидува :D
     
    На Bise му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Секој нормален и разумен граѓанин веќе сфати дека Скопје 2014 е циркус кој ќе не чини скапо нас, обичните смртници. Не разбирам каков триумф ќе слават,уствари ако биде готова на 1-ви Април ќе постелат и црвен тепих,па додека Војводата со четата негова поминува ќе му се поклонуваат од страна и ќе го слават,зашто ќе мислат дека е некоја од многуте маскоти преправени за тој ден.Греови |(

    Не знам колкумина ќе се согласат со мене дека јаден Крсте ќе се превртува во гробот,ама од мака што го користат за политички цели,за да му мачкаат очи на народот. Уште кога беше најавено дека ќе го поместуваат споменикот се собраа приврзаниците на спротивниот табор и направија фешта што јас добив впечаток дека ќе го искршат споменикот и дел по дел ќе го делат на луѓето во замена за месечни примања.Значи беше навистина претерана целата драма,собрани СДСМ-овски активисти и тераат македонски правдини,тресејќе зелени. Јас не знам шо народ ќе бевме некој со прст да ни пукне и трчаме ко дете за лижалче најверојатно верувајќи дека најгромогласните утре здравје боже ко ќе дојдат нивните на власт ќе имаат посебни бенефиции...ќе имаат маде од овца!

    Муабетов ми е дека е жалосно што си дозволуваме да бидеме нечии марионети,имавме прилика да живееме во владеење на двеве велесили-јас лично арно не видов од никои,како што и кажав на една моја драга форумџика додека они си ги полнат џебовите ние ќе тераме правдини на форумов.
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.