Споменикот на Крсте Петков Мисирков тајно поместен!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 25 ноември 2010.

  1. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Пред некој ден видов на телевизија , направиле слика како Грујо го турка споменикот дур сите спијат :D :D И напишале некој ден кога ќе спиеме и Скопје ќе ни го преместат :D
    Тоа ми текна за работава а многу смешно ми падна :lol:
     
  2. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Исто и јас , неможам да ја слушам Секуловска, не само со Министерката секогаш се однесува така нападно и дрско, и не ми е јасно зошто воопшто вика гости кај неа,кога не им дава до збор да дојдат, нема ли да е подобро да си направи една колумна како на пример Весна-бејби, и да си каже своето мислење, само кај неа може да се вика СЕ МИ Е ЈАСНО И НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА ШТО ЌЕ КАЖАТ ДРУГИТЕ :emo:
     
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    ^^ Можеби и Секуловска претера малку, ама ни министерката не беше сосема ок. Оваа пет пати ја прашува да и одговори конкретно, а министерката само заобиколува од страна, се вади, што впрочем стана заштитен знак на сите функционери до ВМРО.

    Изгледа во ВМРО основно правило им е следново:Ако тоа што треба да го одговориш е негативно за партијата, тогаш заобиколувај до бесвест.Ако те прашаат пак да одговориш, ти упорно заобиколувај. А ако видиш дека немаш излез е тогаш, ТОГАШ ОБВИНИ ЈА ОПОЗИЦИЈАТА!
     
    На Mygirl и Phyramide им се допаѓа ова.
  4. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Можеби ќе бидам малку оф топик, ама ова мислење ме потсети на еден виц :)

    „ Во армијата наша, македонските војници имале утрински вежби, па дошол премиерот Груевски да види како се одвиваат истите. Застанал пред еден војник и го прашал: Колку е саат? А овој му одговорил: 1 и 45. На ова, Груевски му рекол: Не се одговара така. Ќе речеш, благодарение на владата на Р. Македонија, саатот е 1 и 45. Во истиот момент, се врти на другата страна и прашува друг војник: Ајде сега ти кажи ми колку е саат? И овој му рекол: Благодарение на владата на Р.Македонија, јас немам саат. :D :D :D
     
    На Hipica и BoaVista им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Споменикот си е меѓу судска палата и МАНУ, и тоа веднаш позади автобуската. Баш убаво го уредиле тој простор, со години беше запоставен.