Спомени

Дискусија во 'Психологија' започната од Breezy, 8 август 2011.

  1. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Како што растеме и старееме, сите работи што сме ги оставиле позади нас почнуваат да бледнеат.

    Дали се враќате во минатото и ги враќате спомените?
    Кои спомени најчесто ви се пред очи - среќните или тажните?
    Како спомените влијаат на вас?

    Спомените, тоа сме ние.
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.460
    Што е човек без спомени ? Празен лист :!:
    Секоја идивидуа ги носи оние убавите и оние понеубавите :| . И ни едните може да ги избришеш ни другите остануваат во тебе доживотоно како жиг. Млада сум кој знае уште колку планови има Горниот за мене уште што се ќе ми се исподешава во животов само здравје Боже :) .
    Ама и досега во мене има и убави спомени ама и кошмари ... Не успеав да ги исфрлам залудно се трудев . Само си ветив дека ќе се потрудам да им давам помалку важност помалку време од времето за да мислам на се што се случило ...
    Некои спомени болат , некои те полнат со позитивна енергија , некој мир и спокој , насмевка ... Од нешто што било и поминало ама оставило печат . Само да не живеете од спомените во спомените за спомените !!! тоа не може да е добро :shake:

    Една поговорка која нема да ја заборавам вели
    Еден ден животот ќе ти пролета пред очи како филм ( пред крајот на филмот , пред крајот на животот се мисли ) ... потруди се да вреди да го погледнеш . Зошто кога човек ќе остари остануваат само спомените .
     
    На LudaJakimovska, ana.8 и unique123 им се допаѓа ова.
  3. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    120
    I think I hate my memories :^)
     
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.091
    Пол:
    Женски
    Точно. Сакам да се присетувам, некогаш да се засмејувам, некогаш да се прекорувам. А некогаш само за да не заборавам.
    Колку пати во автобус ќе се засмејам од никаде, само затоа што сум се присетила како играв камај-камај со машките. Или како се дотерував кога сфатив колку сум затрескана во еден од маало :) .
    Имам спомени од детство, имам спомени од завчера, има и некои кои токму сега се создаваат. Имам лоши спомени, ама и тие ме прават тоа што сум.
    Човекот е ништо без нив
     
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.625
    Па сега... спомени :yawn: Чат пат треба се качеш на таванот нели? И да ги зачистиш и подредиш, по некој си твој ред.
    Ама јас, тешко... Едно време нон стоп си тагував по минатото, баш како некој уметник. Ама сега не, верувам дека сум посреќна и попаметна сега.
    Да, треба некогаш да се потсетиш кој си бил и каков, па да пуштиш некоја солза или да се насмееш, ама претерување никако!
    Строго забрането, инаку тешка депресеја фаќа. Барем мене... :)
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.715
    Едно нешто е сигурно-се ќе помине ама спомените ќе останат.
    Ќе се присетувам со насмевка на лицето на убавите моменти поминати со одредени личности, ќе се потсетам колку ми било убаво баш тогаш, тој ден во тој момент... Можеби ќе заплачам за нешто што знам дека нема да се врати.
    Спомените се она што останува, она што вреди и не се брише.
     
    На stojanovskata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Сите имаме спомени од детството , школските почетоци, средношколски немири и романси, улични игри и искуства преку луѓето со кои сме си споделувале, со кои сме ги минувале моментите, со кои сме чувале тајни... Човекот без спомени е ништо, меѓутоа не треба да живееме за спомени...
    Понекогаш кога ќе помислам на минатото ми навираат солзи на лицето... Едно поради тоа што поминало, а друго затоа што не може да се врати времето... |-)
     
    На chipo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    59.948
    Баш пред некој ден муабетев на темава. Се обидувам да се присетам дали навистина се сеќавам на некои работи, сум си ги замислила или пак сум ги гледала на видео касета. :D

    Имам и убави спомени и неубави, всушност како и секој човек. Во зависност од расположението ми варираат, надоаѓаат едни па идат други и така. Некогаш мислам дека секогаш си спомнувам за едни та исти работи, или ми изгледа дека имам многу малку спомени. Чудна работа, не може да се имаат малку спомени.

    Случајно приметив дека не ми текнува да седнам и да се сеќавам на одредени работи, ако некој не ме поттикне. Треба нешто, некоја дискусија, разговор, макар и слика или песна па да ме натера да се вратам.

    Но, не сакам премногу длабоко да навлегувам и да копам во минатото. Било и поминало, треба да го оставиме таму назад.
     
  9. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    372
    Еххх, а кој ги нема? :?:

    Детските игри и смеа, првата љубов, првата солза ... сите оние работи кои за прв пат ги доживуваме. Хахах. баш сега како некој бран да ме заплисна кога го пишувам ова. Бран на сеќавања од моето лудо детство, од сите глупости што ги направив. Да, убави спомени се тоа -вреди да ги паметам.

    Потоа го запознав него и сите најубави спомени ми се поврзани со него. Со човекот на мојот живот. Да, сето тоа време е вредно да се памети долго, долго ... и да се раскажува.

    Но не е убаво да се живее од спомени, а што ако само тоа ти преостанува? Што ако остануваш дух заробен во својата сопствена замка кој бесцелно лута низ животот очајно држејќи се само за она што било некогаш и веќе никогаш повторно?? :( :(

    Ах, проклета нека е оваа меланхоличност во мене. Премногу ме обзема последниов период :worried:
     
  10. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    720
    Спомени.. Тука ќе ја искористам мојата омилена поговорка:

    "Memories were fine but you couldn't touch them, smell them or hold them. They were never exactly as the moment was, and they faded with time." — Cecelia Ahern

    Мислам дека нема повеќе што да се каже :)
     
  11. legallyblondee

    legallyblondee Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    хммм...спомени ??единственото нешто што ми остана.пред 3 години ја зафркнав цела работа.се ќе беше толку убаво,ма преубаво ама ете...Сега спомените се тие што ме тешат дека пак ќе имам втора шанса и овој пат ќе ја искористам :)
     
  12. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.587
    Пол:
    Женски
    Доколку не би постоеле мислам дека ниту една човечка единка не би била тоа што е .. спомените се тие што не одржуваат во живот- добрите де, а од лошите секогаш имаме поука плус за да не се повторат..
     
  13. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Ех на крајот само спомените остануваат..! Пред некој ден ги разлистував моите стари споменари тетратки албуми.. Како само ми се вратија спомените од детството, мислам сеуште сум дете но оние кога трчавме по улиците со другарчињата од маало се врајќавме дома само за јадење.. Тие спомени ми предизвикуваат насмевка на лицето и првата симпатија со која се "допишував" која "ми го скрши срцетој" оној во кого прв пат вистинки се заљубив првиот бакнеж моемнтите со првиот дечко баш се ми буди насмевка на лицето.. Сетоа тоа го преболев и оставив во минатото не посакувам да се врати ништо во спортивно тоа би биле тажни спомени.. Понекогаш можеби се каам за нешто што сум го направила но тоа е животот продолжува :) Единствените спомени кои ми носат солзи во очите се оние најпрените од мојата кратка врска, не можам да се помирам дека се заврши за толку кратко време и посакувам да се врати да не е така но знам дека еден ден и тоа ке бидат убави спомени кои ке донесат насмевка на моето лице за зборовите кои си ги имаме кажани еден на друг иако во моментоив веќе се присутни солзите во моите очи.. ;(
     
  14. Gioia

    Gioia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    598
    Спомени! ехх..нешто што останува вечно! Искрено ме хранат спомените и ми даваат понекад сила за понатаму..се разбира повеќе се поцетувам на среќните моменти и работи кои ми предизвикале насмевка на лицето..спомените од детството се нешто непроценливо за мене на пример,секој ден кога ќе се присетам се ежам,и сум среќна што сум побогата благодарение на нив! ;)
     
  15. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Често се вракам во минатото и се секавам на детството.
     
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.493
    Искрено сите спомени од минатото, полека ми бледнеат и се губат полека ама сигурно во мојата меморија.
    Повеќето од нив беа лоши, ми будат лоши спомени, па иш лоши спомени, иш. Бегајте што подалеку од мене.
    Постојано сум настроена кон сегашноста и иднината, така да многу малце време имам да размислувам за нив. Секако имало и добри спомени кои ми мамат насмевка на лице, ама сепак се малце за разлика од оние другите.

    Оние материјални спомени, сe' уште траат... и траат...и ќе траат се додека некој друг не ги уништи.
    Пред некој ден баш бев во куќата каде што порано живеевме(после дооолго време), и од моментот кога влегов, кога стапнав на прагот, гледајќи ги старите соби, огледалата и ентериерот, веднаш почнаа да ми се враќаат спомените од минатото. Се сетив на алхохол, на солзи, на несреќно детство и на заборавена младост. Се сетив на починатиот ми дедо. Го осетив мирисот. Беше скоро ист како порано.

    Ете колку лесно можат да се вратат некои спомени.. Со само еден чекор, со само еден поглед.
     
    На Serafima и cigarce им се допаѓа ова.
  17. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.093
    Спомени... ги има толку многу. Се сеќавам на детството, пред очи ми излегуваат сите оние детски игри, кога не сакавме да се прибериме дома за да играме уште. Го чувствувам мирисот на пролетта, мирисот на белиот цвет на сливите, големата липа... Како со душа чекавме кога ќе одевме на излет со родителите и пријатели. Еххх... незаборавни времиња беа тие.

    Сакам... ужасно толку сакам да бидам пак мала ;( Барем на еден ден. Да се вратам и да го стопирам времето, засекогаш да си останам мала. Уште од мала пишував дневници, имам веќе неколку и за мене тие имаат поголема вредност отколку некое парче злато. Сите мисли кои се врткаа низ детската глава, првите симпатии, разочарувања, се е запишано.
     
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.896
    Да и тоа доста често се вракам во минатото и се секавам на спомините.И тажните и срекните спомени.Спомените на мене влијаат најнормално. :$ :$ :$
     
  19. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    611
    Пол:
    Женски
    Хммм,спомени,некои убави,некои неубави,некои сакам без да ги затворам очите без маки да се сетам на се ,некои се обидувам да ги искоренам али не е можно тоа.
    Некогаш ми се будат со мирис само што ке осетам како на пример пресни печено домашно лебче,тоа на баба ми ме потсетува,како правеше кога ке појдевме на село,никогаш немам пробано пак таков леб како нејзиниот.
    Прилепска газоза ме потсетува на гости кога ке одев кај дедоми ;)
    Некогаш не ти требаат ни овие работи да се сетиш на некој или нешто,нити пак фотографии,едноставно ти се врежани и живеат со тебе некогаш е убаво некогаш не зависно од случките во животот
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.969
    Пол:
    Женски
    спомен, не за џабе се вика СПОМЕН....било поминало, некои лоши некои добри, некои лекции, некои успеси....какви се такви се наши си се.
    Тоа е дел од нашиот живот,дневникот испишан во нас, нешто што не се брише со гума,ниту се покрива со коректор.Еден момент = еден миг = еден дел од нашиот животен мозаик.
    А секој мозаик си има и светли и темни камчиња.
    Како и да е, тоа е дел од нас...тоа се нешта кои не потсетуваат,нешта без кои не би можеле.