Имам убави спомени и добри и лоши. Лошите не ги памтам, само добрите, но сепак живеам за денес а не за во иднината. Неможеме да планираме иднина кога незнаеме што ќе се случи.
Јас сум човек што или живее во спомени (минатотото) или вечно фантазира и прави планови за во иднина. Во суштина, немам толку тажни спомени. Имам среќни спомени, што од оваа гледна точка се тажни. Тоа е од причината што веројатно веќе нема да постои таков склоп на настани, веќе тие личности со кои сме ги имале тие спомени ги нема или сме го смениле нашиот однос со нив.. Но, иронијата е во тоа што секој спомен еднаш претставувал миг во сегашноста, а јас никогаш не ја доловувам и ценам убавината на мигот, не се препуштам и не уживам доволно.. И можеби кога си ги пуштаме тие мали филмчиња на рипит во глава, само ни се чинат преувеличено убави, оти се спомени. Или, предоцна сфаќаме што сме пропуштиле, што не сме знаеле дека имаме во раце споредбено со тоа кога го немаме. И го мразам и го љубам чувството кога ќе запалам црни Давидоф, кога ќе поминам крај Соборна, кога ќе поминам крај клупата во школски, кога ќе се сетам на мирисот што веќе ми е избледен.. Ми недостасува тоа време.
Повеќе помнам лоши искуства и спомени од колку добри. Не знам, многу не помнам да ми било убаво или да сум била среќна, освен оваа година шо за разлика од минатите, смешни и интересни спомени имам повеќе.
Имам спомени кои ќе ги паметам секогаш, како со другарките по цел ден си игравме детски игри, си пишувавме споменари, заборававме да одиме дома да јадиме, улицата ни беше нај важна, е тоа беше детство а не сегашните деца кои од спомени ќе ги имаат игрите на лаптоп и таблет . Посебно ќе ги паметам топлите лепчиња со маргарин кои ни ги правеше мене и на братучедите , мојата покојна баба
Ме интересира иднината а не минатото па не се навраќам на спомените. Некогаш само случајно нешто ќе ме потсети на некоја случка. Некогаш се случува во муабет да се потсетам на нешто и да го споделам со друите, зависи за која тема се разговара. Одамна не сум ги отворила ни фото албумите. Премногу сум насочена кон иднината.
Спомени...па имам и добри и лоши. Лошите се обидувам да ги заборавам,а пак добрите знаат да ми изнудат насмевка, но и да ме натажат затоа што знам дека некои моменти никогаш повеќе нема да се повторат.
Спомените се секојдневни ситуации кој што дел од нив за да прераснат во спомен за нас несвесно сме ги доживувале и соживувале со огромни чуства и длабоки додири во нашите срца. Спомен е ситуација и мал момент кој што ти значил едно многу во животот.
Спомените не поврзуваат со минатото дали биле слатки, горки, смешни или тажни, тие се неделив дел од нас
кратко да кажам лоши спомени кој сеуште ми се пред очи како вчера да било ми создаваат големи проблеми страв несигурност понекогаш се будам исплашена....и се тоа ме прави груба и одвратна личност....длабоко во себе имам емоции и чувства ккој не сакам да ги искажам за да не бидам еден ден повредена повторно
Јас имам многу спомени. Има спомени на кои ретко се сеќавам и сакам да ги заборавам. Но повеќе ги има оние убавите, кои сакам засекогаш да останат со мене. Тие убави спомени ми будат многу чувства за луѓе кои за жал повеќе не се со мене. Сакам да ги оживувам овие спомени, за никогаш да не почувствувам дека луѓето што ги сакам повеќе не се живи и нема никогаш повторно да им го почувстувам мирисот, да ги гушнам.... Како и да е спомените се дел од нас. Без разлика добри или лоши. Тие од минатото не можеме да ги промениме но можеме во иднина да создаваме убави спомени .
Многу е битно убавите моменти кога сме биле како деца да ги чуваме и се навраќаме секогаш кога поминуваме низ некој тежок период. И малку да се, повредни се од било кој друг спомен или успех. Не треба да отфрламе потсетување на таквите моменти, напротив. Таму се наоѓа силата во справувањето со сè друго.
Сум имала и добри и лоши моменти во животот, но се би дала да ги вратам некои моменти во мојот живот, но можам да се подцеќам на нив со насмевка и солзи.